|
|
| Неписмени новинари - ЛОША ИСТОРИЈА!!! |
Свесни ли се НОВИНАРИТЕ дека ја пишуваат ИСТОРИЈАТА?![]() Клаудија Лутовска Секој еден запис, дали е тоа аудио запис, дали е тоа видео снимка, или пишуван материјал, печатен или електронски, е доказ на денот, месецот и годината. Начинот на кој се презентира останува како траен податок за времето кое доаѓа, а записот станува ИСТОРИЈА! Жалам за сите лоши навики кои ни останале во наследство од времето на ужасот и стравот. Кои како гени ни се пренесуваат меѓу нас, особено видливо кај новинарите и репортерите. Како потреба да се слушне лоша вест, како потреба да се уплаши соговорникот, да се запрепасти од информацијата. Како да се бара во ,,влакното јајце“ (а не во јајцето- влакно). Последниве неколку месеци сум сведок и анализатор на феноменот кај новинарите да постават прашање кое ќе го застрани концептот на збиднувањето, простете но ова ќе го потврдам со факти. Се одржува настан каде на иста маса седнале да зборуваат и да решаваат четири градоначалници од четири држави, да направат стратегија како во регионот да ја намалат сиромаштијата и да ги надминат политичките бариери, а една новинарка праша ,,зошто настанот се одржува во Прилеп?“ – од сите можни прашања, неа ја заинтригира локацијата. Еден друг факт е кога на Конференцијата на македонската партија во Албанија се уважи учество и придонес на еден голем Македонец кој дава поддршка на македонците, кога се гласа за Претседател на регион Преспа, кога се отвора комитет- канцеларија на македонска партија во Тирана и се зборува за обединување на македонците во Албанија, да се постави формулација на настанот- македонците во Албанија нема да се караат. Ова се само два настани од кои сум ужасната, и не би ги коментирала и останатите на кои сум очевидец. Она што ми тежи на душа е што вестите на телевизиските македонски куќи се полни со ужас, со црна хроника, со интригантни содржини. Жалосно и штетно за нас како Македонци, за нас како нација со свои интелектуалци, за нас како народ кој зад себе остава историски податоци и факти како лушпа од банана , на кои ако им се навратиш ќе се зализгаш и ќе скршиш глава. Овие факти ме тераат да размислувам зошто песните кои се напишани и кои се наше обележје имаат таква содржина- ,,народе Македонски со какви идеи си ти?“, или ,, абре македонче, свести се не спиј ти“... Која е таа потреба да се јадеме одвнатре, да се нагризуваме сами себе како корозија на неквалитетен метал, да си ја труеме нацијата со небитни податоци, да наметнуваме лоши и штетни навики, да сееме очај, страв, паника, сомнеж? Би сакала да го смениме начинот на кој го гледаме хоризонтот, дека тоа не е само линија која сега пресекува, туку дека хоризонтот е далечина која од овој агол прави да изгледа како да се спојуваат небото и земјата, но кога ке му се доближувате тој ви нуди содржини за кои раскажувате. Би сакала нашата нација да има вистинско сознание за цената на настаните, за она што ќе не понесе да успееме, да се гордееме што живееме во ова време, а такви настани има и тоа токму овде во оваа наша сегашна Македонија. Настани за кои сме должни да оставиме запис, кои утре се веќе нашата историја. Точно е дека навиките тешко се менуваат и тоа не се случува преку ноќ, потребни се промени. Но само ако посакате да погледнете со срцето и да се запрашате што сум јас, и што правам јас, кога ќе ви светне одговорот ,, Јас сум Македонец и јас треба да ја пишувам мојата историја“- ќе се случи промената. Се додека разумот ни кажува дека ако смислиме афера и најдеме начин како да направиме информација или вест која ќе привлече внимание со својата конотација која побудува ужаснување или паника, за само некој моментален денар со кој сигурно нема да го поминете месецот, а славата на таквиот новинар е како папочна врвца после раѓање, полека се суши и сама се откинува и никој не се сеќава дека ја имало. Влегувате во Библиотека, влегувате во периодика- каде се чуваат сите весници убаво подредени, и замислете кои гадости ги читате. Ја читате историјата која ја пишуваат некои кои ни малку не се Македонци, некои на кои ни малку не им била важна историјата на еден народ, времето кое го оставаме зад себе исполнето со печати од дела, кои за жал некој успешно ги сквернави. Нашите стари викаат - ,,ИМАТЕ ЛИ ИСАВ ЛУЃЕ ???“ |















