|
|
| Националното богатство на Македонија |
Потребна е фондација за зачувување на националното богатство на Македонија и патентирање на Македонски сувенири![]() Клеопатра Македонија е замја на големо историско богатство, археолошки локалитети кои се оставени на милост и немилост на времето, сеуште заглавени и недоистражени. Од друга страна живите сведоштва, луѓето кои сеуште можат да раскажат за минатото се тука, присутни меѓу нас, но немоќта да се запише сето тоа ги отфрла историските моменти да останат во заборав. Како една нација и како еден народ кој гради своја иднина мора да најдеме начин како да го сочуваме нашето минато, кое многумина сакаат да ни го приграбат и отуѓат. Цената на она што е наше е вековна. За народни носии, за глинените и керамички садови, за ликовни дела со етно-мотиви, кои се дел од македонското национално богатство, но и фонд кој ќе поттикнува создавање на национално богатство и истражување по живите сведоци. Многу Македонци даваат се од себе да придонесат во градењето на нашата историја, во создавање на наши обележја. Аплицирањата до Министерството за култура од националната програма успеваат да покријат голе дел од трошоците на Библиотеки, Музеи, реставрација на цркви, поддршка на проектни идеи на невладини, но потребата е многу поголема, колку повеќе ќе се вложува толку сме побогати. Исто така и во МАНУ се издвојуваат финансиски средства кои поддршуваат афтори, но овие прорами се на годишно ниво. Она што е неопходно Македонија да го создаде е фонд кој прманентно ќе биде отворен, ќе има своја комисија или одбор кој неколку пати годишно ќе се состанува и ќе одлучува, а воедно и ќе патентира Македонски сувенири кои сеуште се дефицит за нашата Македонија. Сувенири и нивно масовно производство, од глина , минијатури кои би биле во Македонскиот национален концепт кои би се нашле на рафтовите по светот и по домашните туристички места но и во редовна продажба секаде по градовите на Македонија. Да го сочуваме и создаваме нашето огромно национално богатство на сите начини. |















