Среда, 24 Април 2019   
Македонија на Цветници – По патот на воскреснувањето
страшо ангеловски

Македонија на Цветници – По патот на воскреснувањето

На 21 април, ден Цветници, денот кога Исус влегол во Ерусалим, за со доброто да го победи злото, за со вистината да ја победи лагата, за после нечовечки маки, да воскресне за спас на сите нас, во Република Македонија се одржаа претседателските избори. Избори, чии резултати се толку јасни и недвосмислени, што го определија насловот на овој текст – Македонија на 21 април, после двегодишна агонија, после двегодишно силување, обесчестување и измачување, зачекори по патот на своето воскреснување. Поточно речено, го направи првиот, мал чекор на тој пат.

Но,бидејќи знаеме дека и најдолгиот пат започнува со првиот чекор, имаме право на оптимизам.

Оптимизмот, нормално, се темели на резултатите од изборите. А, резултатите го говорат следново:

1. СДСМ, заедно со 31 политичка партија од својата коалиција, поддржана од четири владеачки партии на македонските Албанци, освои 628 гласови, или комплетното владеачко мнозинство освои 17,9 проценти од вкупниот број избирачи, од вкупниот број на оние кои со својот глас имаат право да кажат во кој правец сакаат да се движи нивната татковина. Ова се први избори после потпишаните антимакедонски договори со Атина и Софија, кои оваа Влада насилнички ги потпиша наспроти јасно изразената волја на граѓаните на Република Македонија. Ги потпиша, иако со освоени само околу 36 проценти од гласовите на Референдумот од 30 септември, не доби мандат за тоа.

Изборите во неделата, на кои таа ионака недоволна бројка се преполови, јасно зборува дека уште поголемо мнозиство од граѓаните се чувствува измамено и понижено и му ја откажува и онака недоволната доверба на комплетното владеачко мнозинство на чело со СДСМ.

И доколку овде го цитираме големиот филозоф Жан Жак Русо, кој во далечната 1762 година во своето дело „Општествен договор“ напишал дека: „Согласноста на народот е единствената основа врз која се темели авторитетот на една власт“, пораката испратена до СДСМ на овие избори е повеќе од јасна – СДСМ ја нема единствената основа врз која може да го темели легитимитетот на своето натамошно владеење, СДСМ ја нема „согласноста од народот“ за погрешните политики во сите области на општественото живеење, од катастрофалната економска, преку приватизираната правосудна, до уништувачката меѓународна политика.

2. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, за чие целосно уништување, во минативе пет години, беа животно заинтересирани повеќе „демократски“ амбасадори; беа вложени милиони и милиони долари; беа формирани стотици „невладини“ и „непартиски“ организации „форуми“ и „пленуми“; беа ангажирани десетици добро „угоени“ новинари од сите поранешни власти; беа исфорсирани редица исфрустрирани универзитетски професори и „реформски“, „слободоумни“ и „незнам какви“ незадоволници внатре во партијата и коалицијата; беа изложувани на монтирани судски процеси речиси сите повисоки партиски функционери; беа, или, се во фаза на формирање десеттина политички партии со „патриотски изблик“ заради ситнење на македонската десница, на Цветници, заедно со својата држава и својот народ зачекори по патот на воскресот. Победата во педесеттина општини во државава и освоените гласови, кои, пресликани на парламентарни избори, носат 53 пратенички места за коалицијата „За подобра Македонија“, повеќе од јасно зборуваат за тоа. Веќе самото тоа е доволен поттик битката да продолжи уште пожестоко, а македонските граѓани да го интензивираат обединувањето околу оваа единствена постојна коалиција со надежта.

3. Осумдесетте илјади гласови за професорот Блерим Река го покажаа вистинското лице на нашите сограѓани од албанската етничка припадност. Го покажаа лицето на луѓе домаќини, еснафи, луѓе кои сакаат да живеат со своите соседи и да делат една поубава иднина. Покажаа дека Албанците не се онакви какви што сакаат да ги претстават Заев и Ахмети, дека не се „стока“, што би рекол Пендаровски, која тие ќе ја втеруваат во своите трла. Се покажа точно и исправно и неповикувањето на албанските гласачи во првиот круг од страна на кандидатот на коалицијата „За подобра Македонија“, зашто со тоа изрази огромна почит токму кон овие 80.000 наши сограѓани.

Осумдесетте илјади гласови за професорот Блерим Река покажаа дека албанските гласачи повеќе не веруваат во лагите на Заев, дека на пример според она што тој лично го кажа во едно свое интервју, „за Албанците направил автопат до Блаце“. Овие осумдесет илјади луѓе го разоткрија Заев дека прво лаже затоа што таков автопат не постои и второ, уште поважно, дека тој под маската на „Едно општество за сите“, всушност, ја прави најголемата фашистичка поделба во Македонија. Како поинаку да разбереме дека оваа власт прави, или лаже дека прави, автопат само за едни, а не и за сите други. Ами, дали Македонците, Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите и сите останати, со жолти ленти на ракавите ќе возат по тој автопат? За да ги препознаваат оддалеку?

И, кога сето ова ќе го ставиме на маса, неколку работи стануват повеќе од јасни. Прво, што треба сите да не радува – нашите сограѓани Албанци повеќе не дозволуваат да бидат прикажувани само како бројка во тефтерите на збунетиот Кирацовски и арогантиот Груби. Второ, што треба да ни даде надеж – насилно инсталираната власт нема повеќе, ако воопшто некогаш го имала, легитимитет да владее со Република Македонија. Трето, што треба да ни го покаже следниот потег – единствено од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ зависи дали вториот круг на претседателските избори на 5 мај ќе биде успешен или не.

Доколку е сето ова така, а така е, тогаш во овие неколку дена треба да се договорат новите предвремени парламентарни избори, според пржинскиот модел кои би се одржале на есен. Бидејќи, сите патишта водат натаму, водат кон предвремени парламентарни избори, прашање е само кој пат ќе го одбере делегитимираната власт. Дали патот за договор со опозицијата и предвремени избори на кои би им претходеле успешни претседателски на 5 мај, или патот на предвремени парламентарни избори заедно со повторените претседателски, заради неуспешниот втор круг идната недела. Доколку барем малку мисли за доброто на државата и граѓаните, СДСМ треба барем овојпат да ги стави интересите на народот и државата над своите тесноклановски интереси. Времето неповратно тече, одлуката е во рацете на Заев, но овојпат без лаги и измами. И без нови притисоци од губитниците на скорешните европарламентарни избор, кои се веќе политичари ирелевантни за секој нормален човек во Европа.

Поинаку, „сидрото“ на СДСМ ќе ја закопа државава во најдлабоката кал од која тешко ќе се извлечеме. „Сидрото“ обесено околу вратот на сите граѓани на Република Македонија.

 

На прво место

News image

Германски советник нотира што ги кочи реформите во Македонија

Германски советник нотира што ги кочи реформите во Македонија

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (27)

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВ...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.