Среда, 24 Април 2019   
Првиот круг на претседателските избори покажа дека народот му рече НЕ на Зоран Заев и СДС

1 1aСвекрва

Пендаровски и Силјановска во вториот круг на претседателските избори 2019

На првиот круг на претседателските избори 2019 година, кој се оддржа на 21 април 2019 година Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ и коалицијата, во првиот круг од претседателските избори освои 323.846 односно 42,85 проценти, а кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, 319.240 односно 42,24 проценти. Најголемото изненадување е кандидатот на Беса и Алијанса за Албанците Блерим Река, кој и покрај ниската излезеност кај албанското гласачко тело освои 74.000 гласови или над 10.34%.

Со оглед дека во првиот круг никој не освои повеќе од 50 проценти од гласовите, во вториот круг учествуваат двата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг. Односно, на 5 мај 2019 година кога во Македонија ќе се оддржи вториот круг на претседателски избори, силите ке ги одмерат Стево Пендаровски, кандидат поддржан од СДС и ДУИ и Гордана Силјановска Давкова, кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ.    

Првиот круг на претседателските избори е карактеристичен по ниската излезност. Вкупно излегле да гласаат 753.267  граѓани со право на глас или 41,75 %. Малата излезност е резултат на повеќе фактори карактеристични за вледеењето на коалицијата предводена од СДСМ, како што се: иселување на населението од земјата, повици на бојкотирање, но и немање доверба во актуелната власт која не го испочитува референдумот на кој народот јасно се изјасни против промена на името. 

Ако на неуспешниот референдум оддржан на 30 септември минатата година од вкупно 666.743 гласачи, 609.000 гласови ја поддржаа политиката на СДСМ и ДУИ за промена на името, сегашниот резултат ја потврдуваат тезата дека тогаш по се изгледа имало „брзи прсти“, - полнење на кутиите од страна на актуелните власти. Сега недостасуваат 300.000 гласа. 

На овие претседателски избори вистински победник е опозицијата, чии кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река, освоиа вкупно над 390.000 гласа. Со тоа тие ја делегитимираа владеачката коалиција, која со својата штетна антидржавна политика (Преспанскиот договор за промена на името, договорот со Бугарија и Тиранската платформа) се повеќе ја губи поддржката кај народот. Односно по локалните избори од 2017 година СДСМ изгуби 100.000 гласови, а заедно со ДУИ околу 200.000 гласови.  

Анализата која ја направи ВМРО ДПМНЕ говори дека во првиот круг на претседателските избори партијата победила во вкупно 47 општини.

Како што велат од ВМРО ДПМНЕ „ако ова беа парламентарни избори, според Донтовиот модел, резултатите од изборите пренесени во мандати е следен: ВМРО ДПМНЕ би освоил 53 пратеници, СДСМ 41, ДУИ 13, а БЕСА и Алијансата на Албанците 13.“

Првиот круг на претседателските избори покажа дека народот му рече НЕ на Зоран Заев и СДС. Не само заради Преспанскиот договор, промената на Уставот, договорот со Бугарија, Тиранската платформа, туку заради лагите и неостварените ветувања, за непотизмот, беспарицата и т.н. 

На 5 мај ќе се оддржи вториот круг на претседателсите избори и ќе биде избран кандидат кој ќе добие најмногу гласови под услов на гласање да излезат повеќе од 40 посто од вкупниот број на гласови запишани во избирачкиот список, односно 723.253 гласачи.

Многумина сметаат дека поради бојкот на одредени од надвор инструирани структури овој цензус нема да се оствари.

Оттука, поддржувачите на идејата за бојкот на претседателските избори, мора да разберат дека треба да излезат на гласање и да ѝ дадат поддршка во вториот круг на Гордана Силјановска Давкова, која во овој момент е единствен и вистински избор за претседател на државата.

За разлика од Стево Пендаровски кој со „пендрек“ би ја спровел политиката на СДС, што е спротивно на вољата на мнозинскиот народ, Силјановска е таа која проблемот со името може да го реши на легален начин. 

Гордана Силјановска Давкова доколку биде избрана за претседател може да биде вистинско освежување во политиката.  Како жена и легалист, без политички багаж зад себе, таа може да стави ред и воспостави баланс во нарушената статика на македонската куќа, која со Стево Пендаровски може целосно да се сруши.

 

На прво место

News image

Германски советник нотира што ги кочи реформите во Македонија

Германски советник нотира што ги кочи реформите во Македонија

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (27)

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВ...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.