Среда, 20 Март 2019   
Многу брзо сите што згрешиле ќе одговараат пред македонскиот народ

1 1aСвекрва

Многу брзо сите што згрешиле ќе одговараат пред македонскиот народ

По осамостојувањето на Македонија, македонските граѓани на два пати влегоа во законодавниот дом искажувајќи го својот револт.  Првото беше во летото 2001 година, кога граѓаните, резервистите и редовните припадници на АРМ и МВР со оружје влегоа во Собранието на Република Македонија револтирани од извлекувањето на терористите од страна на НАТО и ОБСЕ од Арачиново. А второто влегување беше на 27 април 2017 година, кога повторно револтираниот народ, предизвикан од кршењето на Уставот и законите влезе во Собранието.

Разгневените граѓани при влегувањата демолираа дел од внатрешните простории, надвор страдаа возила на МВР, ОБСЕ и т.н. Сепак, никогаш во поновата историја на македонскиот народ не се паметат вака драконски казни какви што ги добија патриотите кои откако им беа отворени вратите на 27 април 2017 година влегоа внатре во Собранието, при што дојде до немили настани во кои имаше и раскрвавени глави.

Во пресудата што ја изрече судијката Добрила Кацарска за случајот „27 април“, „како во времето на пусто турско“, шеснаесет од седумнаесет обвинети добија вкупна затворска казна од 211 години.

53854786 1975330872761883 8118615927592845312 n

Митко Чавков доби 18 години затвор, Јане Ченто 15 години, Душко Лазаров 15 години затвор, Горан Ѓошевски-Леви 15 години, Митко Пешов 15 години затвор, Мунир Пепиќ 15 години, Влатко Трајковски 15 години, Никола Митревски-Кољо 15 години, Вилијам Михајловски 14 години, Оливер Поповски 13 години, Игор Југ 12 години, Младен Додевски 12 години, Горанче Ангеловски 12 години, Оливер Радулов 10 години, Александар Василевски-Нинџа 8 години и Абдуљфета Алими 7 години.

Беа судени за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ на затворски казни кави не се паметат од времето на владеењето на Османлиите, како ни по Втората светска војна кога за македонското дело по кратката постапка се судеа луѓето и се лежеше на Голи оток.

Имено, внукот на Методија Андонов – Ченто, Јане Ченто беше осуден на 15 годишна затворска казна за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а неговиот дедо кој се залагаше за обединување на Македонија и поголема самостојност на македонската држава, по повлекување од функцијата, наводно за обид за бегство во Грција, на 21 ноември 1946 година беше осуден на 11 години затворска казна во „Идризово“.

Судскиот процес за случајот „27 април“ остави темни дамки во правосудството. Тоа е чист политички прогон, во кој покрај тешките казни, во текот на судењето имаше несоодветно однесување со обвинетите како и пазарење заради обезбедување мнозинство во Собранието за уставните промени и промена на името на државата.

По изрекувањето на пресудите за „27 април“ револтот на поголем дел од јавноста е насочен токму кон пратениците кои се пазареа. Тоа се истите оние кои на 27 април 2017 година ги отворија вратите на Собранието и ѝ овозможија на народот да влезе во законодавниот дом. Овие уценети пратеници се спогодија со власта, нивните гласови за уставните измени беа купени, а за возврат добија слобода.

Елизабета Канческа, Владанка Авировиќ, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Емилија Александрова, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ се пратениците кои потпаднаа на заканите, уцените, притисоците и поткупот на Заев.

Спогодбата со власта предводена од Зоран Заев е класичен случај за антикорупциска комисија. Ако за време на гласањето во Собранието, власта немаше сеуште избрано членови на антикорупциската комисија, сега откако се избрани, комисијата може комотно да се зафати за случајот на купување гласови во Собранието за гласање за уставните промени.

Власта за да ги задоволи своите спонзори од центрите на моќ со чија помош и ја презее власта, врши политички прогон против неистомисленици. Оттука таа ги нарача пресудите за 27 април, кои не се производ на правдата и тие имаат за цел да го заплаши народот.

Не спроведување на вистинската правда покажува дека на власт се петтоколонаши кои не ни сакаат да има правна држава и институции кои ќе им служат на народот. Тие едноставно ги окупираа тие институции за да владаат со народот, соголувајќи го целосно.

Меѓутоа, режимот на Заевистите не може да биде вечен. Тој мора да биде спречен. Народот ќе одговори на предизвикот и историјата ќе се повтори. Тие што беа горе ќе паднат долу, а тие што беа долу ќе се искачат горе. Па така, еден ден овие осуденици ќе бидат ослободени и рехабилитирани, а нивните места во затворите ќе ги заменат со своите џелати.

Борбата за Македонија продолжува, таа никогаш нема да запре, а сите што згрешиле еден ден, многу брзо ќе одговараат пред македонскиот народ.

53926304 1076737262526566 5692932013581926400 n

 

На прво место

News image

Истрагата не смее да заврши само со Боки 13 и Зоран Милески Кичеец

Аферата со рекет на бизнисмени е уште еден приказ како аболицираниот криминалец Зоран Заев ја прак...

Иселеници

News image

31 годинишно постoење на Фондацијата „Петар Стаматов“ (6)

МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ – САД

Култура и туризам

News image

МОЈА АНТОЛОГИЈА

 Проф. д-р. Марко Китевски Меѓу македонските лирски народни песни љубовните заземаат водечко м...

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (18)

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ -  II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.