Среда, 08 Август 2018   
Македонскиот народ не е малоумен

svekrva-nova
Свекрва

Политичката каша која ја свари владата на Зоран Заев, во која како миродија ја додаде спогодбата за промена на името до Грција, македонскиот народ тешко може да ја проголта. Македонците својата одвратност, односно размисла, за погубната политика на оваа власт, ја покажаа на прославата на Илинден во Крушево. Тоа можеа да го видат и гостите кои присуствуваа на свечаноста, но и кои учествуваа во подготвувањето на кашата, која сите соседи би ја изеле со сласт, освен самите Македонци.

Македонците од земјата, од сите делови на поделена Македонија и од светот кои присуствуваа на величенствената прослава за Илинден во Крушево го поздравија говорот на претседателот Ѓорѓи Иванов и изразија несогласувањето со политиката на Зоран Заев и неговата Влада поврзана со промена на името, идентитет и откажувањето на македонската историја во корист на Грција.

Македонскиот народ сеуште ги помни историските лекции и затоа не треба да се чуди некој на неговата реакција на Илинден, на неговата поддршка за претседателот Ѓорѓе Иванов и против погубната политика на Зоран Заев.  

Изливот на незадоволството на македонскиот народ на ден Илинден во Крушево е против предавството кое актуелната власт му го нуди на македонскиот народ. Едноставно Македонците одбиваат да ја прифатат спогодбата со Грција и срамната понуда за референдум на кој треба сами да си го промениме името во Република Северна Македонија, да го смениме својот идентитет и да се откажеме од својата историја.

На својот национален празник македонскиот народ уште еднаш му објави на светот, како што тоа го правеше во минатото, дека тие не се ни Бугари, ни Срби, ни Грци, туку се Македонци. Тие му порачуваат на Атина дека тие Грците кои го влечеле своето потекло не од непријателите на стара Елада, Филип и Александар Македонски, против кој и Демостен ги пишува своите „Филипики“, туку од Демостен и Темистокле, дека немаат право да бараат од македонскиот народ да се откаже од своето име, идентитет и историја. 

Истото тоа, Македонците му го порачуваат и на соседите и бараат од нив да престанат преку своите експоненти во земјата со истите опасни игри и пропаганди од пред еден век, бидејќи изгледа дека некои заборавија за причина за двете Балкански, но и за Првата светска војна.

Ако погледнеме во науката, уште во минатото учебниците говорат за посебноста на Македонците. Така во учебник од 19 век се зборува дека „Македонците се најстари Славјани на овој Илирски Полуостров и тие се крактеризираат како самостоен народ кој стои во средината меѓу Србите и Бугарите“  (Ј.Драгашевич, Географија средњих школа, Белград,1871). Страбонт и Херодот само ја потврдуваат автохтоноста на Славјаните на Балканскиот Полуостров, од што само произлегува дека Македонските Славјани на Балканот се постар народ и од Грците.

Тоа значи дека македонскиот народ има величанствено минато и славна историја, која сега оваа власт сака едноставно да им ја продаде на Грците.

Ако македонскиот народ ја прифати оваа наметната игра од надвор која ја спроведува актуелната власт, тогаш во иднина ќе треба да заборавиме на Исаија Мажовски, Ѓорѓија Пулевски, Димитрија Чуповски и др. Особено ќе треба да заборавиме на „Славјано-македонската општа историја“ на Ѓ. Пулевски, за која многу малку се говори кај соседите, а зад која во минатото во борбата за национално ослободување на македонскиот народ стоеја многу познати Македонци. За овие ставови не известува Пулевски кој врз основа на преданијата ги повикува Македонците под „военото македонско знаме“ бодрејќи ги луѓето со зборовите:

„Да ли сте чуле, Македонци, стари људи што говорат Од Македонци по јунаци над них не било. Цар Александар Македонски триста лета пред Христа Со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип - Славјанин е, цар Александар - Славјанин е Наши баби славјански ги родиле. Македонци! Сетите се за јунакство македонско, Та спроти старих вие сега да следувате!“

Ова значи дека старите луѓе многу добро знаеле кои се и зборувале за тоа, што значи дека овие преданија имале длабоки корени кај македонскиот народ. Денес власта не убедува дека тоа било само романтичарски занес, дека овие корења треба да се сосечат, но така што тоа треба да го направи самиот македонски народ на референдум.

Сепак, македонскиот народ не е малоумен.

Македонците не се согласуваат со погубната политика на актуелната власт. На ден Илинден, на Мечкин камен, македонскиот народ уште еднаш пред странскиот фактор кажа НЕ за промена на името, НЕ за референдум кој може да се злоупотреби. Тивкиот бојкот може само да го спречи разнебитувањето на македонскиот народ.

Ако евентуално референдум се оддржи и тој биде позитивен, тоа ќе значи дека оваа власт уште еднаш го прекршила Уставот, законите, но и дека извршила фалсификат на вољата на македонскиот народ, а за ова велепредавство еден ден ќе одговаат пред Македонците.

 

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.