Коментари

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма во 1990 бараше итен влез во Нато и ЕУ-СДСМ дури во 1996

13087552 10208317905078858 1093200006616896689 n

13087552 10208317905078858 1093200006616896689 n

Александар Бичиклиски

Во 1990 година во Ноември во македонскиот парламент се одржуваше жестока дебата по прашањето дали ќе продолжиме како независна држава или ќе стапиме во конфедеративен статус на нова Југославија.

На таа пленарна седница единствена ВМРО – ДПМНЕ ја бранеше и ја одбрани опцијата за независна и суверена република Македонија .Од друга страна Сојузот на комунисти на Македонија (денешен СДСМ),Сојузот на реформски сили на Југославија (денешна либерална,либерално демократска партија),Движењето за Југославија подржуваа исклучиво конфедерална опција како дел од една нова Југославија претставена преку таканаречената платформа Изедбеговиќ-Глигоров .

Како што се ближеше крајот на седницата почна да расте нервозата кај подржувачите на нова Југославија ,од две причини .Првата ја губеа битката во парламентот со силни и јаки аргументи и факти од ВМРО-ДПМНЕ и втората од народот кој во огромен број се собра пред парламентот испровоциран од дебатата….

Од друга страна таа ноемвриска вечер требаше да се одржи состанок во Белград со претстаниците од македонскиот,српскиот,босанскиот и црногорскиот парламент требаше да стават потпис за формирање на новата Југославија.До 17:00 во Белград веќе беа претставниците на овие републики со добиени подршки за влез во новиот сојуз и се чекаше да пристигнат уште нашите претсавници …..

Во 17:00 спикерот на парламентот Стојан Андов почна да ги прекинува сите дебати на ВМРО-ДПМНЕ со образложение “Човеци возот за Белград ќе ни побегне немаме многу време” ,што предизвика бура од негодување и во парламентот и надвор од него .Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека нема да го напуштат се додека не се донесе одлука за референдум (плебисцит) на кој граѓаните ќе одлучат дали се за независна и суверена Македонија или се за сојуз со Југославија.

Надвор насобраниот народ создаде обрач околу парламентот со порака дека таа вечер никој нема да биде пуштен да патува за Белград.

Под ваков притисок парламентот ја донесе одлуката за одење на референдум што представуваше почеток на нашиот суверенитет .

Ова ви го пишувам испровоциран од вчерашната изјава на Заев “ВМРО не сака да се качи со нас на брзиот воз кој ќе не однесе во ЕУ и НАТО”
Очигледно матрицата е иста како пред 28 години …..
Ако не сте со нас ќе пропаденте ќе ве нема…

Тогаш ВМРО беа клети платеници на САД и НАТО кои го уриваа братството и единството на Југославија,а сега се платеници на Русија и го уриваат мултиетничкиот соживот и се против ЕУ и НАТО !!!!

И повторно истата приказна ако не се качиме на возот ќе не нема ,ќе се распаднеме ,ќе има војна и уште еден куп небулози кои се изнаслушавме.

Почитувани да ве потсетам дека единствено ВМРО-ДПМНЕ во својата програма во 1990 бара итен влез во Нато и ЕУ додека другите партии тоа прв пат го направија многу подоцна ( сдсм дури во 1996)

Единствено ВМРО бараше независна суверена Македонија со своја војска,пари и итн
Исто така треба да ви е јасно дека определбата на ВМРО е влез во Нато и ЕУ меѓутоа според критериумите кои се бараат во економијата судството војската .

Не може и не смее услов во воен сојуз(Нато) и економско-политички сојуз (ЕУ) да биде промена на името на државата бидејки се коси со основачките повелби на двата сојуза во кои е загарантирано правото на самоопределување .

Господине Заев вашиот полторнски однос,и лагите дека огромен дел од граѓаните се за промена на името за влез во сојузите вие само имате привремена подршка од истите која ќе ја изгубите по референдумот кога вашата лага ќе излезе на виделина.

И тогаш ќе возат возовите но вашиот ќе ги вози последните километри до буништето на историјата……..

Најново од: Коментари

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

To top