|
|
| Македонија- мит, легенда или вистина??? |
|
Ќе ја избришат и од Библијата или ќе сонуваат просо... Македонија, Македонски, Македонци. Термини кои се наоѓаат во секојдневието на секој човек на оваа планета. Јазикот, кој струи во етерот на сите континенти и пренесува вести до сите Македонци, по дијаспората. Отворате книга, историја или некоја цивилизациска културна тематика, и пак Македонци, Македонија... Бидејќи ние- Македонците си имаме свои афтори и свои мудреци, ќе си ги цитирам Македонските изреки и мудрости. Мајка Тереза, Скопјанката, во својата молитва вели- ,,Ќе градиш цел живот, а некој во еден миг ќе ти сруши, но,- сепак гради. “ Такви сме Македонците, ни одземаат, не парчосуваат, но, како Пиреј- како што вели Сопотчанецот Петре М. Андреевски, никнуваме насекаде и насекаде не има. Она за што голем дел од Македонците сеуште се сомневаат, историјата, минатото и сите придобивки на светската цивилизација од Македонската култура, од Филип и Александар, па Апостол Павле, преку Кирил и Методиј и писмото кое денес го користи пола Европа, а истото тоа се најде и на светски најпопуларните портали и пребарувачи Yahoo и Google. Интернетот е преполн со Македонскиот јазик и кириличното писмо. Премногу сме, за да не избришат. Ние сме пишувани со љубов, ние сме вековно издигнувани, како ќе не претворите во мит? Или во легенда? Репортажата на Richard Bangs, заедно со Паско Кузман, неодамна ги пренесе на светот убавините и благостите на нашата прекрасна земја. Факти за Македонија - Се граничи со Грција, Бугарија, Србија и Црна гора и Албанија - По површина малку поголема од Вермонт - Население 2,050,554 (според пописот од 2006.) - Домот на Александар Македонски - Клеопатра била потомок на Македонците - Родно место на Кирилицата - Првата земја во светот целосно покриена со безжичен интернет Изучувачите на Библијата, ја познаваат како местото на кое апостолот Павле го вовел христијанството во Европа. Пред два милениума Македонија била најмоќното место на планетата. Во четвртиот век п.н.е. младиот принц Александар започнал поход за освојување и обединување на целиот познат свет. Со јадро од 40-илјадна војска, од планинското кралство на север од Грција, тој успеа да стане најголемиот војсководач во светот. Прво ги покори Грција, потоа Персија а, по неа и цел Египет и Индија. Ќе им успее ли да ја препишат и препечатат Библијата се прашувам? Малку низ фактите откако им почна „беснилото“ за Македонија. Го паметам времето на бегалската криза и кога авиоракетната кампања (НАТО) беше во тек, а Милошевиќ се' уште упорен - април 1999 година, на гости ни беше министерот за одбрана во владата на Мицотакис, господинот Цохаѕопулос. Тој на пресот го рече следното: „Прашање на денот е кога бегалците ќе избијат и на нашата (грчка) граница“. („Нова Македонија“, 5.4.1999 година). Зборувајќи за можниот неповолен развој на ситуацијата - истиот министер ќе сугерира решение: „Овој проблем бара политичко решение, а единствен одговор на ЕУ може да биде приоритетно вклучување на Македонија, Бугарија, Романија и Словенија во НАТО... Грција ќе ја промовира оваа идеја пред органите на НАТО“. Проблематизирањето на името на Република Македонија е чиста политичка шпекулација како старобалканска политика на мегали Елада. Агресивноста е само покривка за шпекулирањето со името Република Македонија на определен начин е заштитен појас за Грција. Грција не ќе може да најде побезбеден сосед од Република Македонија. Кога Република Македонија се најде пред колапс (2001), Грција веднаш ја ажурира својата стратегија на „истурена одбрана“. Всушност, Грција се плаши и тој страв го прикрива со агресивно однесување, посебно спрема Македонија и шпекулира со името. Да видиме од што се плаши нашиот јужен сосед? Од нашата воена моќ, секако не. Од нашето пропаѓање, тоа може, бидејќи сосема е неизвесно како би поминало пропаѓањето на Македонската држава во овие услови и кој се' не ќе се најде на нејзините граници?! Грција се плаши од отворањето на Македонија, од Македонија во НАТО и од Македонија во Европа без граници (ЕУ). Зошто се плаши од тоа наше отворање: едноставно, затоа што Грција е видливо конзервативна и нагласено клерикална држава. Таа не сака нешто во своето општество да менува, не е подготвена ниту волна да го редефинира своето општество и да воспостави нови односи, не само со Македонците туку ни со Турците, Власите, Албанците и со другите во Грција. Без да се потценуваат, работите со името и не се така лоши ако многу повеќе од 100 држави ја признале Република Македонија под уставното име. Овој факт мора да го цениме, бидејќи како држава имаме морални обврски спрема државите што не' признале. Од досега реченото произлегува дека, посматрано од аголот на геополитичката и реална геостратегиска состојба, нашето уставно име не е ниту може да биде најважното прашање што би ја детерминирало нашата, грчката и регионалната безбедност. Во овој момент тоа прашање е само најманипулативно поради што и го користи грчката политика. Реално, од нашиот страв што ќе биде ако поради евентуалното грчко вето Македонија остане надвор од НАТО и на бришан простор во прв ред на косовскиот расплет и можниот неповолен развој - е поголем само грчкиот страв. Стравовите што сега ги прикрива нашиот сосед се оние што ги искажа грчкиот министер за одбрана во април 1990 година. Оваа косовска амплитуда или ќе биде капитализирана или ќе биде полоша од онаа 1999-2001 година. Тогаш НАТО беше во Лариса, а Грција беше привилегирано галениче на Алијансата. Ако спорот околу нашето уставно име не е најзначајното прашање за регионалната безбедност, тогаш кое е тоа и зошто е? Не е никаква посебна мудрост да се заклучи дека косовската разврска е актуелниот Гордиев јазол и за регионот и пошироко. Нема да претерам ако кажам дека Косово е во овој миг онаа точка на која се тестираат повеќе прашања и односи на глобално ниво. Остануваат ли САД, посредно и Алијансата, на позициите и во насоката на евроазиската стратегија „сите светски империи досега низ историјата пропаднале само затоа што не успеале да завладеат со големата шаховска табла - евроазиското плато“ (од Атлантикот до Пацификот, според З. Бжежински), а на нашиот стратегиски правец - европскиот југоисток - за неполни осум години Алијансата (НАТО) изби од Лариса до брегот на Црно Море со бази во Бугарија и во Романија. НАТО сега има посериозни стратегиски приоритети, а безбедноста на Грција не е во нив. Таа е сега, нормално, значајна како и за секоја членка на Алијансата, а може да биде и пообврзана во рамките на стратегијата на НАТО. Од 1949 година се' досега, Грција знаеше само за привилегии, помош, субвенции, а притоа и се' и' беше дозволено - како на вистинско галениче на Алијансата. И сега е се' уште значајна, бидејќи дојде до поместување на стратегиското тежиште на НАТО од централноевропското воиште (ЦЕВ) кон југоисточното (ЈИВ), ама не повеќе како што беше во условите на биполарната констелација, туку во насоката на главната евроазиска стратегиска магистрала. Грција повеќе не е „прва линија“ на фронтот на ЈИВ, туку релативно подлабока заднина, што е битно поинаква положба од онаа претходната. Некако се претвора оваа ,,трчаница“ во ,,бескрајна приказна“ на која кучињата и лаат, а караванот треба да си врви. Се прашувам и заборави ли Америка на Грција кога Претседателот Буш ,,како денес “ изјави во “НАТО влегува Македонија“, а „како утре“ – Грците кажуваат- ,,Македонија- не може“. И се така се плете пајакова мрежа, во која- кој плете, прв се заплеткува... ![]() Клаудија Лутовска |















