Среда, 03 Март 2010   
Политичкото верују на македонците
Д-р Владислав (Славчо) Ковачев
Д-р Владислав (Славчо) Ковачев, роден во гр. Штип, 5.1.1875 г. Загина од наемни убијци на 13.9.1924 г. Пламенен борец за слободата на Македонија – Илинденец.

„Независна Македонија како рамноправен член на Балканската федерација! – е политичкото верују на Македонците што искрено си ја сакаат татковината, без разлика на верата, народноста, полот, возраста и убедувањето“... И ние нема да престанеме да го проповедаме и да го всадуваме овој лозунг во свеста на родољубивите Македонци, додека тој не стане тело од нивното тело и крв од нивната крв! Зашто само тогаш ќе можеме да веруваме и да се надеваме дека со заеднички и единствени сили на измачените македонски синови, најпосле ќе бидеме среќни во најблиска иднина да ја постигнеме нашата лелеава мечта: да си ја видиме татковината издигната во нејзините географски и економски граници во независна држава, како рамноправен член на балканската федерација со следниве суштински решенија во Уставот на независна Македонија:

1. Еднакви и рамноправни граѓански и политички права за сите нејзини граѓани;

2. Одделување на религијата од државата, со препуштање целосна слобода на верските општини да го негуваат верскиот култ на својот народ;

3. Бесплатно основно и средно образование на мајчин јазик,без ограничување на приватната иницијатива за отварање секаков вид училишта;

4. Официјални јазици се сите говорни јазици на етничките елементи;

5. Апсолутна забрана за одделно присоединување на Македонија кон која било соседна балканска земја;

6. Измените на основниот закон – Уставот, во неговите гореспоменати суштински решенија, може да се направат само со едногласно прифаќање од федеративниот совет, во кој секоја македонска националност е застапена со еднаков број претставници.

…Зошто историјата, чии современици сме ние, јасно не потсетува дека денешните раководители на светските судбини, како и нивните опоненти од противничкиот табор, секогаш биле и ќе си останат бескруполозни во следењето и заштитувањето на суровите економски и политички интереси на нивните земји во врска со македонското прашање. Тоа за нив секогаш претставувало монета за поткусурување, преку која доста успешно ги поддржуваат антагонизмот и соперништвото меѓу балканските народи и држави. ..

…Како природен одзив на нашето барање за независна Македонија се јавува лозунгот “Македонија на Македонците“. Тој денес претставува заеднички повик на сите македонски синови, без разлика на нивната верска,национална и партиска припадност. Ниту времето, ниту местото, ниту политичките услови и околности кај Македонецот не може да извлечат друга желба освен што поскоро татковината да си ја види слободна и независна! Нема Македонец што свесно ќе биде против тие природни и неотуѓиви ставови на своите сонародници. Притоа, треба искрено да жалиме што не се ретки случаите на заемни обвинувања меѓу македонските општественици и дејци за предавство и измама на националните интереси. И ние до скоро бевме беспомошни и жални сведоци на меѓусебното истребување и самоуништување меѓу нив, толку штетни за правилен развој на македонското ослободително движење…Нема македонски син што свесно засекогаш би се скарал со здравиот македонски разум и со чистата македонска совест, за да претпоставиме дека тој ќе биде во состојба кога и да е да ја изневери природната желба да ја види својата татковина слободна и независна! Тоа мислење би можеле да го имаме дури и во однос на ренегатите , зошто не се ретки случаите во нив да проговори македонската совест, која јасно им укажуваше на нивната заблуда и ги тераше на искрено каење за сторените штети и зла спрема нивната татковина. Затоа што тој што е задоен со сочното македонско млеко на страдалната македонска мајка и се почувствувал макар и за миг вистински Македонец, никогаш повеќе нема да биде способен свесно да стане предавник на татковината! И, ако денес ние сме сведоци на заемни обвинувања за предавство и измама што со задоволство си ги упатуваат македонските дејци и општественици, тоа се должи во нивните сфаќања и разбирања за средствата, патиштата и начинот на дејствување за да се постигне заедничката цел на сите Македонци – Слободата на Македонија!

…И никогаш не би сакале македонските револуционери несвесно да се втурнат во заблуда да ги бараат непријателите на македонската кауза во сопствената средина. Зошто како нејзини вистински непријатели ние секогаш ги гледавме и ќе ги продолжиме да ги гледаме само поробувачите на нашата татковина! А тоа се денешните владетели во несреќна Македонија и нивните високи покровители! Ете зошто нашите постојани грижи и активности во иднина не треба да се насочат кон меѓусебно уништување на македонските дејци, туку единствено против усилбите на непријателите на македонската кауза да ја држат во ропска потчинетост нашата татковина, се додека со сите можни средства не успеат еднаш засекогаш да ја избришаат кај нас Македонците секоја помисла за самостоен политички живот. И оттука логичкиот заклучок дека сме должни да создадеме единствен фронт на нашата борба за човечки и политички права.

…Водачите на македонското ослободително движење се должни коренито да го проучат македонскиот проблем, пред да ги одберат патиштата по кои ќе треба да го насочат тоа движење, во зависност од политичките и социјалните услови во дадениот момент… Притоа тие се должни да ги почитуваат барањата на дадениот политички миг, зошто тој често имал првостепена улога во развојот на општествените борби. Тоа особено важи за македонскиот проблем…А тоа од нас, Македонците, бара да прифатиме иста политичка концепција, што ќе остане неизменета во сите услови и околности, во кои допрва ќе се развива сложеното македонско прашање. За нејзиното реализирање ќе треба да застанат под веќе развиореното македонско знаме сите оние во кои чука борбеното македонско срце, страсно копнеејќи за милиот роден крај!

…Ние сметаме дека македонскиот проблем ќе си го најде трајното и правилно решение само со создавање Балканска федерација, со вклучување на независна Македонија како рамноправна членка. Само таква политичка концепција е во состојба да ги смири спротивставените интереси на големите и малите сили непосредно заинтересирани за решавање на македонското прашање…
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.