Среда, 24 Февруари 2010   
Време е да ја градиме иднината
Кризата на едно општество е кога во недостаток на вистински квалитет, се пренасочува на чист квантитет. Тоа се случува со многу општества кои неспремни влегуваат од еден во друг систем или од една реалност во друга. Многу стручни лица проблемот со кој се соочува нашето општество, го толкуваат како последица од скокот на еден цел општествен систем во ланецот на последователни системи. Македонија од феудално општество во моментот кога станува дел од СФРЈ прескокнува цел еден систем и веднаш го имплементира зачетокот на социјалистичкото општество а нешто покасно и целиот систем на социјализам. Во такви услови разбирливо е дека се јавува проблем како од практичен така и од ментален вид. Но во една заедница каква што беше СФРЈ, каде не беше секој еднаков на другиот, имплиментирањето на социјализмот кон некои од членките имаше примеси и на некој вид тоталитаризам или диктатура. Додека на тлото на едни членки од СФРЈ се инвестираше во инфраструктура, образование, култура, соодветна индустрија, здравство и сл., на тлото на друга членка се случуваше Голи оток, исцрпување на природното богатство за потребите на некои други членки, занемарување и застанување на секаков сопствен иницијативен порив за следење на тековите на еманципација и културолошки развој. Ете тука е Македонија. Додека Ченто бил затворан поради тоа што ја знаел вредноста на својата земја и дека и таа треба да се развива во сите насоки, некои работеле на спротивната кауза и спротивна цел.

Можеби тоа е причината на тоа зошто Македонија сеуште неможе да излезе од сивилото на примитивизмот.

Во периодот кога секоја од Републиките се одделија и се формираа самостојни држави, сите освен нас имаа основа за таков почеток. Кај нас дури и штековите од касарните беа извадени, индустријата несоодветно испланирана низ земјава, мал процент на образовани луѓе, немање чувство на свој идентитет и земјољубие. Значи додека останатите почнаа од некаде, ние бевме баш за никаде.

Како што секогаш бива низ историјата, така и сега Македонија беше во заложништво на различни власти, некои градеа некои уриваа, но најмногу и најдолго беа тие што крадеа. Затоа денес се соочуваме со мноштво богаташи кои на чуден начин се облеваат со своето стекнато богатство на плешките на работникот. Плагијаторите на интелектуалното образование ни држеа говори на маска и лице. После подолго лице маската падна и сега остана само лицето.

Лицето сега се соочува со својата крута реалност, која е последица на погрешни неетички и неморални потези и делувања кон својот народ. Од кога пропадна и последната лоза на тиквешкото грозје, од кога народот се откажа од своите садници и се пресели масовно кон поголемите градови Скопје и Охрид, проституирајќи си ја својата душа, се прошета напаѓачот на нивната пропаст, меѓу своите жртви. Гледајќи како на вести се информира за нечија грижа, пожртвуваност за стечајците, за земјоделците и за сите други загрозени групи во општеството, а во исто време си причина на нивниот понор, е крајно безобразно и лицемерно. Сметам дека и тој господин го чувствува истото бидејќи доколку забележувате, тоа го издава неговиот говор на телото, премногу ја чувствува својата вина.. толку многу што дури совеста му излегла на контурите на лицето. Е да почитуван господине, само човек да има трпение вели нашиот народ и секој ќе го стигне не само казната на општеството туку и казната на неговата совест, што е најстрашно. Пустошот на родната македонска земја, плантажите винова лоза опустошени, затворени фирми и погрешно извршена приватизација... зарем сето тоа е грижа за својот народ? Меѓутоа кога го гледам ова патешествие на опозицијата сепак сум спокојна дека редно беше да слезат кај народот, да влезат во шталите, да цапнат во калта, за да сфатат во што ги оставиле луѓето и да се потсетат од каде дошле и тие. Сепак во животов се си доаѓа на свое место, порано или покасно, некои на новиот асфалт пред новите градби, а некои во калта и по шталите.

Добро е што народот ја покажа жртвата, но добро е што е и решен да оди по нови стапки. По стапките на темелно изработени проекции и планови за развој на секој сегмент од стопанството. По стапките кои нудат добри субвенции, добра политика на социјални трансфери, афирмација на нашето земјоделство, и секоја гранка на стопанството поединечно. Ова се стапките на човекот кој има желба да создаде и да остави за иднината. Од пустините повеќе народи направиле најпрофитабилни места, па на оваа наша убавина и богатство од Господ редно е и ние да зпочнеме од некаде. А секој почеток е тежок и не е краток, поготово доколку многу време не се направило ништо и плус тоа што било се доразграбало. Затоа сега секоја градба, секој спот, секој фонд ни е важен. И малкуто е многу кога се нема ништо. А Македонија беше како досегашниот плоштад на Скопје, сива со обични наредени цигли со тенка фасада и на средина тревник, за да се знае дека сепак сме поврзани со земјата, не само со асфалтот.

Меѓутоа, никоја брилијантна замисла и проект не се развил без помош од луѓето. Иако велат дека многу пари се потрошени и ќе се потрошат на Проектот Скопје 2014, сепак тој сам неможе да израсне. Мора работници да бидат ангажирани за да се издигне, цела армија на вработувања кои ќе овозможат овој проект да стане јаве.

Има уште една поважна алка во овој синџир, а тоа е квалитетни вистински професионалци. Сега е прашање дали ќе се остане на стандардниот пат или сепак ќе се ангажраат правите луѓе за правите работи?!

Дали ќе остане разликата помеѓу овој ешалон на работници во борба со неработниците од минатите влади, или ќе се претопат едни во други?! Тоа е прашање на избор и желба за реални остварувања. А бидејќи Премиерот секогаш завршува со зборот Остваруваме, уверена сум дека ќе го следат доволно добро, истрајно и достојно, и неговите соработници.

Нека сивилото го оставиме зад нас, време е да ја градиме иднината!

Катерина Климоска
Катерина Климоска
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.