|
|
| Место ПЈРМ – Македонија, а не промена на државното име и идентитетот на нацијата |
|
Република Македонија, како рамноправен правен наследник на поранешна СФРЈ е основач на Обединетите Нации, а со Резолуцијата 225 од 8 април 1993 година на Генералното собрание, примена е во Обединетите Нации под нејзиното државно име. Со писмена согласност на тогашниот премиер на Република Македонија Бранко Црвенковски, Генералното собрание на Обединетите Нации утврдило времено обраќање „поранешна Југословенска Република Македонија“ за сите потреби на Обединетите Нации поради разликата за името со Грција. Со Резолуцијата 817 од 7 април 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите Нации, Македонија не прифатила „договор за име за меѓународна употреба“ што ќе ја замени времената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“, туку „разговор за разликата за државното име Македонија“ со Атина. Декларацијата дека промената на времената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“ не значи промена на државното име Македонија и идентитетот на нацијата е перфиден обид за негова трајна промена и трајна промена на името на македонскиот народ и јазик. Затоа, Владата треба да го извести медијаторот дека Македонија се однесувала во согласност со Резолуцијата усвоена при приемот, но таа е исцрпена и затоа објавува итен и безусловен прекин на разговорите за разликата на државното име Македонија во односите со Атина и го продолжува членството на Македонија во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под нејзиното единствено државно име Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ без латинична транскрипција на македонскиот јазик туку на англиски јазик “The Republic of Macedonia”, со меѓународниот код МК односно МКД, како јасна разлика од истоимената северна грчка провинција и покрај поделбата и окупацијата на македонската земја и македонскиот народ во Балканските војни 1912-1913 година од кога Атина континуирано врши геноцид врз македонскиот народ. Притоа Македонија, како изрaз на добра воља, со закон го промени државното знаме, а со Уставот декларира дека нема територијални претензии спрема соседите прогласувајќи ја границата де факто за непроменлива и нема да се меша во нивните внатрешни работи. Наци-фашистичкото барање на Атина и притисоците на европската и американската бирократија и домашните неоврховисти за промена на државното име Македонија претставуваат геноцид врз македонскиот народ, злосторство против човештвото и срам за Европската Унија и НАТО. Македонците се за пристапување во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата, но доколку антимакедонизмот на Атина, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и барањето за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Грција, го отфрламе членството во овие сојузи на држави. Само држава Македонија со можност за употреба на уставната референца „Република“ како јасна дистинкција од истоимената северна грчка провинција, независно од историските хипотеки, е гаранција за мирот и добрососедските односи на Балканот. Промената на државното име Македонија долгорочно ќе го дестабилизира регионот и тоа меѓународните мешетари треба да го имат во предвид. Дополнителните услови за прием на Македонија во Европската Унија и НАТО-Алијансата поради наци-фашистичкото барање на Атина за промена на државното име на една самостојна и суверена нација, во спротивност со повелбите на овие сојузи на држави, не се проблем на Македонија, туку на членките на овие сојузи на држави и тие самите треба да се справат за тоа со Грција како последен бастион на наци-фашизмот, антисемитизмот и антимакедонизмот во Европа, а не да и држат лекции на Македонија за промена на државното име и идентитетот на нацијата! Државното име не е право на власта или опозицијата, ниту волја на премиерот, туку идентитет на нацијата без алтернатива, што не подлежи на референдум и не се дебатира! Светскиот Македонски Конгрес бара Владата веднаш да поднесе предлог Резолуција до Генералното собрание на Обединетите нации за советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата во Хаг за законитоста на дополнителните услови за членство на Македонија: времено да се реферира и да се принуди да разговара за своето државно име со друга земја. ![]() Тодор Петров |















