Среда, 17 Февруари 2010   
Умираме пред да се подигне завесата

Расправиите и дебатирањата околу проектот на Владата на Македонија, Скопје 2014, не би можело да ме наведе на никакво друго логично размислување и прашање освен на тоа- дали ние како народ имаме капацитет за да постоиме самостојно и со сопствена идентификација?!

Векови, години, опстојуваат народите низ светов низ една лепеза на различности и традиции кои како печат ги следат и ги продолжуваат од минатото.

Народите меѓусебе се разликуваат и се воодушевуваат токму по различностите кои ги поседуваат и кои ги слават. Но во сето тоа секој си е одговорен колку и на кој начин го негува своето историско богатство. Некој низ историјата имале среќа да се развиваат во секоја епоха слободно и во добри услови, додека некои ја немале таа среќа па останало тоа како аманет за наредните генерации да ја кренат и слават историската идентификација и традиција на својот народ.

Македонија е една од тие што имале помалку среќа од останатите, па додека Италија и Франција,.... се развивале во целиот свој раскош на нивната уметност и богатото минато, нам не окупирало прашањето на сопственото опстојување.

После долги и мачни години и векови на негирање, Македонија ја добива својата шанса. Македонија ја има сега својата шанса да ја започне преродбата на својот ген, да го тргне велото од своето лице и да му каже на целиот свет дека постои, дека нејзината убавина сега е време да им биде достапна на сите. А тоа не се прави само со едноставно појавување на политичкиот светски мегдан.

Идентитетот на една државна единка како политичка, историска и светска вредност не се гради само со прокламирање на желбата за влез во ЕУ, за влез во НАТО, со поблаго или поагресивно улижување на некоја светска организација.

Светските институции кои долги години опстојуваат точно знаат како и врз основа на што треба некого да вреднуваат. Никој не сака да има во својот двор член кој прво самиот себе се негира, член кој самиот себе неможе да се дефинира и несака да си ја прифати својата историја и своето потекло. Таквиот член не е добредојден ни во едно семсјетво, зошто добро се знае дека на нив никој неможе да се потпре при донесување цврсти ставови околу битни прашања во европската и светската политика.

За да се признае туѓата вредност, мора прво да покажеме дека имаме вредност. Така е и со другите држави, така е и со нас. Ова е универзално правило. За да можеме да оценуваме други вредности и други процеси најпрво треба да имаме капацитет да ја увидиме и станеме свесни за својата сопствена вредност. А тоа која и да било светска организација ќе го бара од нас.

Проектот Скопје 2014 е еден од чекорите кон составување на нашата приказна која ќе се раскажува надалеку преку слика, видео, импресија од видено и сл. Она што центарот на главниот град на Државата ќе го покажува на сите свои посетители како и на својот народ ќе биде лицето, пакувањето на традицијата и идентитетот, и добар поттик да се отвори кутијата и да се истражи целата историска приказна.

Градби со стилови кои биле автентични македонски уште пред векови, споменици на луѓето кои се заслужни што ние сега живееме на свое тло во свој дом и своја држава, функционални градби за институции од културата кои вриштат од помош за соодветни услови за работа. Значи колку сето ова ќе биде облеано со бојата на нашето постоење низ вековите, толку ќе биде и вградено во функционалноста и неопходноста од постоење на подостоинствени објекит за сместување на дел од институциите.

Кога човек ќе го погледа видеото на визуелизација останува без здив. Сивилото, се осветлува и се појавува колоритна слика на светска метропола. Тоа е печатот на мојот народ. Мојот народ низ историјата секогаш се борел за убавина, за култура, за уметност. Мојот народ секогаш низ вековите бил голем градител низ многу земји, за негова несреќа никогаш за својата земја. Сега е моментот да се тргне завесата од сивило и обично предградие усликано во центарот на Скопје.Сите скопски авторитети од минатото, лица кои нешто значеле и значат за постоењето на Скопје, застанаа позади овој проект. Но ете тоа не е доволно за нашето некултивирано растение со тенок слаб корен.

Но мене како потомок на македонецот низ вековите ме навредува, ми ја намалува среќата на богатството што ми го оставило минатото на мојот народ.

Дебата за ова прашање, да... но со стручни лица кои ќе ми ја доловат суштината, кои ќе ме посоветуваат што ни се избришало во мемориската картичка и како да си ја повратам меморијата и вистината.

Фрустрирани, некултурни лица наспроти струцњаци во својата област, знам што би одбрала да слушам и да внесам во кодот на верба. Ни медиумската пропаганда неможе да ме разувери во суштината на моето постоење, а тоа е историјата, традицијата и богатството на македонецот низ вековите славено и величено во иднината.

Доколку се смета дека премногу пари се трошат на овој проект, треба прво да се пресмета бенефитот зошто секоја инвстиција во што и да било треба да се проектира најпрво со профитот и користа што ќе ја даде истата за 5,10,20 па и повеќе години. А оваа е за векови нанапред. Се прашувам, како сметаат сите тие што го напаѓаат буџетот за оваа намена, како ќе се направат сиве овие градби? Секоја градба е создадена од луѓето, така и овие ќе бидат изградени од македонците кои гордо низ иднината ќе им раскажуваат на своите потомци дека биле дел од каменот на камен поставуван на секоја од овие градби.

Да, луѓето, македонците ќе го изградат проектот Скопје 2014, тие со својот труд ќе ги вивнат од темел овие приказни на нашето постоење.

Туристите, посетителите и финансиските бенефити кои ќе ги користат од нивната посета фирмите па и целиот град, е уште еден аспект на овој проект.Тоа што Министерството за култура добро си ја завршило својата работа незначи дека треба да биде напаѓано поради тоа.

Секое Министерство си има свој домен на работа и делување во општеството. И секое од нив треба да одговара за реализација или нереализиација на стратешките планови. Тука не спаѓа Министерството за култура.

Премногу невладини организации во одбрана на партиски ставови, тоа е нашето демократско друштво.  Премногу лични ставови и загрозени национални интереси низ велот на опасни изјави на ултиматуми.
Така ли се гради и се сака својата земја?

Само со вербата и љубовта кон својата земја може да го реализира секој својот пат, секако доколку за тоа смета дека е вредно.

Македонија е единствената земја која најмногу патела и губела од својот народ. Уште Гоце Делчев кажал дека нема ниту една друга земја која повеќе патела од својот народ, од Македонија.

Дозволете еднаш да останеме живи до крајот на изведбата. Сметам дека Македонија и сите што го дале својот живот за неа го заслужуваат тоа.

Катерина Климоска
Катерина Климоска
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.