Среда, 17 Февруари 2010   
Подготвеноста на македонските граѓани и инстутиии за предизвикот наречен ЕУ
Живееме во време на брзи и динамични процеси, во свет кој постојано бара промени. Интегративните процеси на државите се процес кој е реален и неминовен.

Европските национални правни ситеми ја добиваат се по изразито својата евроспка димензија. Македонската дилема во однос на ова прашање е подготвеноста на македонските граѓани и институции на процесот кој следи.

Македонските граѓани во скоро сите испитувања на јавното мсилење во огромен процент се подржувачи на европскиот интегративен процес.

Се поставува прашањето: Дали навистина Македонските граѓани се подготвени да ги прифатат европскиот начин на живот, да ги почитуваат европските закони?

Во една изјава Чешкиот претседател Вацлал Клаус вели: Ги анализиравме вашите даноци, сметам дека се одлични и ниски, но ако влезете во ЕУ ќе бараат да ги покачите.

Патот на Евроспката унија е трасиран со прецизно определени насоки. Ова било концепт за подобар живот. Но сепак ако ги запрашате граѓаните на земјите членки на ЕУ како Чешка, Унгарија, Полска: Кога подобро живееле? Тие ќе ви одговорат дека нивниот живот бил подобар пред влезот на унијата, само политичарите, сопствениците на фабрики и менаџерите ќе ви одговорат обратно. Постојат илјадници примери за компарација кога подбро живееле пред или после влезот во унијата!

Колку се подготвени Македонските граѓаните да одговорат на предизвиците на Унијата?

Затоа што унијата превзема свои мерки , можеме да наидеме во оганичување на одрено производство во земјоделието, на домати, грозје, затоа што ќе одлучат дека на пр. овој производ го има премногу во Унијата. Што ќе се случи со оние земјоделци кои цел живот се занимаваат и преживуваат од таа земјодеска култура?

Без оглед на тоа во која насока би се одвивала дебатата за подготвеноста на државите за влез во унијата , сепак секогаш наидуваме на она што се нарекува меч со две острици. Не секоја земја може да го следи Швајцарскиот пример како модел на сопствен развиток. Надвор од унијата земјите би останале сами и изолирани без поголеми перспективи за сопствен развој.

Денес е речеси јасно дека не постои друга перспектива на државите освен ЕУ. Евентуалниот поголем или помал процент на поддршка за таквиот процес, се должи на природата на самата интеграција. Имено таа подразбира условно одредено намалување или пренесување на државниот суверенитет во одредени области на институциите на ЕУ. Станува збор за принципот на супрематија согласно кој европското право има предност над националното.

Колку државите како што е Македонија се подготвени за такво нешто е вистинската дилема?

Од друга страна компарирано и со веќе старите членки на Унијата во смисла на нивниот однос кон оваа супрематија е сосема јасно дека процесот наидува на отпор. Имено голем дел од Уставните судови на членките се најдоа во недоумица за тоа како ќе постапуваат во случаите кога одреден европски акт се коси со националната правна норма и е противуставна а европското право налага нејзина облигаторност.

Дали можеби еропското интегрирање ќе значи и дерогирање на национаните уставни норми кои во државата се симбол за највисокиот држсврн скт а истовремено и губење или намалување на улогата на уставните судови како второстепени во однос на Европскиот суд на правдата.

Во контекст на ова се поставува дилемата околу институционалниот капацитет на државите за влез во една заедница како ЕУ, конкретно во однос на Македонија прашањето е колку македонските судови и администрација имаат капацитет да се справат со ваквите процеси.

Спроведувањето на регулативите, директивите, местото на одлуките на ЕСП и ефектот што тие го предизвикуваа, заедничките акции во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика, соработката во делот наречен правда и внатрешни работи се само дел од сложениот систем наречен ЕУ во однос на кој е потребно да се има многу знаење како тој всушност функционира.

Кога денес се прави обид да се дефинира феноменот ЕУ, за неа се говори како персонална унија, конфедерација итн но најголем дел се согласуваат околу тоа дека станува збор за суи генерис држава, сложен систем на заеднички пазар, царинска унија, хармонизирани правни системи, заедничка надворешна политика итн. Останува предизвикот за градење на македонскиот институционален и административен капацитет во однос на нашиот прием во ЕУ од една страна и од друга страна градење на европски дух на соработка консензус и толерантност.

Весна Маневска
Весна Маневска
 

На прво место

News image

СМК бара потекло и конфискација на имотите на Љубчо Георгиевски

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со внимание ја проследи веста на порталот “Македонска нација“ за ...

Историја

News image

Мајски манифест

Мајскиот манифест од 1924 година бил манифест на Внатрешната македонска револуционерна организација...

Иселеници

News image

АПЕЛ ЗА СПАС НА ФК. ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА

Не постои ниту еден Македонец денес во Мелбурн, Викторија,...

Култура и туризам

News image

Зубовце - обичаи за Св. Трифун

Во чест на Св.Трифун, заштитникот на лозјата и градините, на 14 фебруар оваа годинава во Зубовце ќ...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (17)

Во моите рани христијански години, поголемиот дел од моето религиозно образование, ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.