Среда, 17 Мај 2017   
Манастир „Св Ѓорѓи“ во Кукуш

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

"Свети Ѓорѓи" е православен машки манастир во близина на македонскиот градот Кукуш. Манастирот се наоѓа на истоимениот рид одалечен 600 метри северно од градот и е дел од Поленинската и Кукушко епархија на Вселенската патријаршија, управувана од Црквата во Грција, со седиште во градот Кукуш. Од ридот има прекрасен поглед кон Кукуш и се гледа дури и Дојранското езеро.

Во VII - VIII век манастирот бил центар на епископија, а манастирскиот комплекс е уништен при османлиската инвазија во XIV век. Манастирот е возобновен во почетокот XIX век, во време на македонската борба за возобновување на Охридската архиепископија и македонско црковно-училишни општини. Сестри на милосрдието - викентинките го превземаат „Св. Ѓорѓи“ како женски манастир за Кукушките униати.

sv-gjorgji-kukus

Во 1857 година Димитар Миладинов се вратил да учителствува во Кукуш заедно со Рајко Жинзифов. Во овој период жителите на градот побарале и свој владика, на кое се спротиставила Цариграската патријаршија. Поради постојаните конфликти со грчките верски водачи, излезот за македонската национална самобитност бил побаран преку обид за унија со Римокатоличката црква.

По неуспехот за возобновување на Охридската архиепископија и создавање на Егзархијата во 1870 година која станува главен носител на великобугарската пропаганда и која го задушува секој обид за воспоставување на македонска црковно-училишна самоуправа, во почетокот на јануари 1874 година шест македонски општини Солун, Дојран, Воден, Струмица, Малешево и Кукуш, решиле да се отцепат од Егзархијата и да влезат во унија со папата. 

Три од нив (Солунската, Воденската и Кукушката) побарале од Егзархијата да биде формирана нова самостојна епархија со центар Кукуш, а епископот Нил Изворов да стане нејзин митрополит. По откажувањето од страна на Егзархијата, општините се обратиле кон англискиот конзул, за да бидат прифатени во Англиканската црква на чело со својот епископ. По одбивањето на Англичаните тие се свртуваат кон епископ Рафаел Попов, глава на Бугарската унијатска црква, кој одговорил позитивно на нивното барање за можно пристапување кон Римокатоличката цеква.

Во периодот 1886 до 1891 година доаѓа до конфликт меѓу униатите и православните екзархисти за манастирот и за црквата "Свети Архангел Михаил", кои Високата порта по интервенција на француските дипломати ги доделува на унијатски заедница. Во рамките на манастирот функционира пансион за сираци. Униатите во градот, на чело со владиката Епифаниј Шанов, држат двете големи цркви "Свети Ѓорѓи" и "Света Богородица", а за православните останува малата "Свети Атанасиј".

Во Втората балканска војна во јуни 1913 година, кога градот е опожарен од грчката армија и населението го напушта, манастирот дава прибежиште на многу бегалци, но е бомбандиран. Сепак останува во француски раце, а француските калугерки биле протерани од новите грчки жители на градот на 27 јуни 1915 година, но манастирот останува католичка сопственост до 1926 година, кога е предаден на Православната црква.

Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), за манастирот "Свети Ѓорѓи" во Кукуш ќе забележи:

„Една од најубавите препознатливости на Кукуш е еден висок карпест рид, кој се издига до самиот град. На врвот на тој рид се наоѓа манастирот св. Ѓорги, изграден над гробот, според едно старо предание на еден светец, кој самиот си го ископал гробот, два дена пред смртта. (Н.Сурин, Мак. Пр. г. III, кн. IV, стр. 46)   

Манастирот се наоѓа северно од Кукуш, врз еден рид без никакви растенија на 1 км одалеченост. На истиот рид, во средината на манастирот и градот, има забележани и други 2 манастиришта св. Дионисиј и св. Троица, каде на денот на св. Кирил и Методиј христијаните го изведуваа своето свечано  прославување со служба.

Манастирот св. Ѓорги се состои од црква заобиколена со високи згради и источно од црквата има зграда со една „софа“ за гости. Цеквата е долга околу 20 метри, широка 12 метри, висока светла, корабовидна, градена со камен (варовник). Живописот е по иконите, ѕидовите и сводот.

Манастирот не е многу стар. Изграден е пред сто години. За неговото основање говори следната историја. На местото на денешниот манастир имало метох со истото име, во кој живееле монаси. Денешната „софа“ на манастирот служела за домување на монасите. Како потврда на фактот дека таму имало монаси, сведочи постоењето на еден кладенец, северозападно од манастирот, не подалеку од 200 метри, во удолнината – наречен „Калуѓеров кладенец“. За старото потекло на манастирот сведочи и ... натписот под иконата Рождество на Каина и Авела, двата сина на Адам (икона св. Ѓорѓи од 1265 г.).      

Над влезната црковна врата се забележува овој натпис: „Сегашниот свет храм на светиот Великомаченик Ѓорѓи се живописа (зографиса) со помош на средствата од Кукушките христијански жители во лето Христово 1879.“

Југоисточно од Кукуш е селото Клепе, сега помашко, каде имало црква Св. Георги. По потурчувањето црквата била обезличена, но се налутил Св. Ѓорги и секоја недела биело клепалото, поради кое селото го добило името „Клепе“. Налутениот светец се јавил на сон на еден од селаните и одлетал со својот бел коњ кон Кукуш и застанал заедно со селанецот на ридот каде денес стои манастирот. Така почна изградбата на храмот. Во градбата зело учество целото градско население, мажи, жени и деца, кои со ќумчиња на раце носеле вода од далеку, дури од градот, бидејќи местото е безводно. Така пренесуваа и други материјали за градба. До објавата на Кукушани за унијата, манастирот беше во православни раце. Унијатската пропаганда завладеала со манастирот во време на Иларион Макариополски, кој дошол да ги смири незадоволните кукушани од грчката патријаршија. Страшна беше борбата на кукушани со унијатите за владеењето на манастирот. Многу семејства се осиромашија материјално во таа борба, давајќи свои средства за водење на процесите, поради честите тепачки, кршење на глави и проливање на крв. Власта секогаш ја поддржуваше фаворизираната пропаганда на католичките фактори (конзули, папски намесници и др.) во Солун. Така продолжи повеќе години кога православните христијани ставија крај на борбата, иако со голема тага по својата светиња. Во околината на градот, јужно на 2 км. има урнатини од стар манастир Св. Атанас. Таму има свет извор, каде денес има црквичка изградена од грчките преселници.“

Инаку главната црква "Свети Георги" е изградена во периодот 1830-1840 година. Припаѓа кон типот трикорабни македонски базилики со дрвени покриви и тремови на западната и јужната страна. Покривот на храмот е двпкатен со засеци на источната и западната страна. Покривот на тремот е на пониско ниво од оној на главниот прам. Дрвените столбови не стигнат до подот, а се потпираат на нискиот камен парапет.

Внатре шестоаголната апсида на олтарната ниша е полукружна и во неа има еден правоаголен отвор за светлина. Ѕидишта се од варовник. На предните страни на јужниот влез и на југозападниот агол се вградени камени делкани плочи со крстови и лав. Камените плочи најверојатно се поврзани со античкиот олтар, кој според традицијата се наоѓал на ридот во близина на изворот. Интерес предизвикува и надворешната декорација на мермерната рамка на јужниот главен влез од спирали и корнизи, кои се единствени во Кукушко и не се западни модели. Храмот има два влеза - од југ и запад. Подот е направен главно од камени плочи. Трите брода се поделени со дрвени столбови. На внатрешната источна ѕид има две полукружна конхи. Северниот брод е посветен на Светите Безсребреници, централниот на Свети Ѓорѓи и најјужниот на Св.Димитриј и согласно ритуалите на црквата, во неа може да се служи повеќе од една литургија дневно, но секоја треба да е во различна конха.          

Фреските на страничните ѕидови и куполата се од средината на XIX век. Дрвените покриви на бродовите се насликани со растителни и шарени мотиви, различни геометриски мотиви. На западната страна на црквата е галеријата, која е богата со резба, подигната е и се протега на северниот и јужниот дел од црквата. Влезот е внатрешен од западната страна. Дрвениот иконостас е исклучително убав, изработен од резбано дрво со заоблена линија во 1834 година. Припаѓа на групата иконостаси, кои го бележат крајот на резбарството во последните години на османлиската власт. Голем број од царските икони на иконостасот се дело на мајстори од Кулакијската уметничка школа и се датирани 1841, 1845 и 1846 година.

 

 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.