Коментари

Албанската нација вештачки е создадена за потребите на Австро-Унгарија


Свекрва

Долго време “Албанците“ се обидуваат да докажат дека се автохтон народ на Балканот и дека потекнуваат од Илирите, чија територија ја преставуваат на мапата на Голема Албанија. Според нивната историја, Македонците, Србите, Црногорците и Грците се окупатори на нивната територија. Меѓутоа, сите истражувања го негираат нивното тврдење и укажуваат дека албанската нација била формирана за потребите на Австро-Унгарија.

Појавата на албанската платформа од Тирана, чија позадина е формирање Голема Албанија, се повеќе го привлекува вниманието на околните држави бидејќи има тенденции да го запали целиот регион. Со оглед дека таа влече корени во минатото, се зголемува интересот за еден обемен историски труд под наслов “Влијанието на Австро-Унгарија во создавањето на албанската нација (1896-1908)”, кој се базира на проучени документи од Царскиот архив во Виена.

Имено, како што објавуваат бугарските и српските медиуми, во 2008 година на шпански јазик бил објавен докторат на починатата бугарска историчарка Теодора Толева (1968-2011), под оригиналниот наслов “Lа influencia del Imperio Austro-Hungaro en la construccion nacional Albanese (1896-1908)”, во кој таа дава свое видување на потеклото и развојот на албанскиот народ кон крајот на 19-тиот и 20-тиот век. Нејзината работа постхумно ја објавува бугарската издавачка куќа Siela, а во декември 2013 година била објавена и со германски превод со наслов “Der Einfluss Österreich-Ungarns auf die Bildung der albanischen Nation 1896-1908”.

Книгата ги открива проектите на австроунгарската империја од крајот на XIX век и почетокот на дваесеттиот век на Балканот и стремежот на најслабиот учесник во Светата алијанса и подоцна и во Сојузот на тројцата императори – да создаде и зацврсти една нова албанска нација на Балканот, односно и причините кои доведоа до создавање на самостојна албанска држава во текот на Балканските војни (како дел од виенската империјална политика на Балканот).

Инаку, Теодора Толева била вреден истражувач со професионални високи стандарди и вонсериски полиглот, која зборувала шпански, португалски, француски, италијански, руски, англиски и германски. Во 2006 година таа го привлекла вниманието на јавноста со делото “Надворешната политика на Тјула Андрашиј и македонското прашање”.

Во модерната историја обично се подразбира дека албанскиот народ постоел и пред 19 век, а за тоа зборуваат делата на албанолозите Питер Бартл, Ханс Дитер Сандер и други. Меѓутоа, во потрага по документи за македонското прашање, Толева наишла на документи со кои се менува мислењето за албанскиот народ.

Всушност, тезата на Толева е дека Виена направила се за да се хомогенизираат различните албански племиња и кланови, кои во втората половина на 19 век, немале развиена национална свест, но дека тие биле аморфни и расцепкани. Виенската дипломатија активно помагала да се создаде единствен литературен албански јазик, издавање на албански националистички публикации и развојот на новинарството и образованието. Мотивите на Австро-Унгарија се спречување на влијанието на конкурентна Србија и Италија, а индиректно, преку спречување на Србите, спречување ширење на Русите кон Медитеранот.

Во 1999 година Толева прв пат влегува во Виенската царска архива за да собере податоци од архивските документи за македонското прашање.

Во потрага по овие документи, еден ден сосема случајно во една од фиоките на архивот открива никогаш не објавен меморандум за четири тајни конференции што се одржале во Виенскиот двор во 1896 година, по повод планирањето да се создаде тогаш непостоечката албанска нација. Инаку, овие состаноци се споменати во документот “Die Albanienpolitik Österreich-Ungarns un italiens 1877-1908 de Hans Dieter Schanderl” од 1971 година, што го наведува Толева во фуснота 28, страна на бугарското издание.

Како и да е, Виена морала да превземе конкретни чекори во креирањето на албанската национална свест, бидејќи масата на раскараните албански племиња биле необединети и јазички и верски, немала стандардизирано писмо, имале само неколку училишта, немале литература, немале печат. Со еден збор, тие немале никаков личен идентитет, ниту пак се стремеле да го создадат.

Меѓутоа, видливо е дека има малку веродостојни податоци за минатото на Албанците.

Нема ни посебни траги во митологијата и фолклорот. Тие не можат да го дадат правиот одговор. Освен тоа, со територијата на Албанија владееле Македонците, Римјаните, Византија, Србите, Турците.

Единствено лингвистиката може да даде некаков одговор. А според неа, од современите јазици албанскиот е најблизок со ерменскиот. Така, колку и да се сака преку лингвистиката да се докаже поврзаноста на денешните Албанци со древните Илири, доказите не се доволни да ја заштитат таа теорија. Затоа особено германските историчари работат на фалсификување на историјата.

Меѓутоа, тезата дека Албанците имаат илирско потекло, која ја промовираат најчесто албанските историчари држејќи за лингвистичката теорија, никогаш не била потврдена. Причината зошто се држат до тезата дека имаат илирско потекло е едноставна. Тие сакаат да истакнат дека имаат природно право на територијата на која некогаш живееле Илирите.

Книгата на Толева дава темелна слика на состојбата на албанското општество за периодот од Берлинскиот конгрес до Балканските војни, имено за процесите на развој и консолидација на националната свест кај Албанците, како и факторите кои доведоа до забавување во споредба со другите балкански народи. Таа дава одговор и на прашањето зошто националниот херој на земјата е Скендербег, а националниот симбол – двоглавиот орел. Оттука, Албанците не можат да се повикаат дека имаат екслузивно право на земјата која ја населуваат.

Денес се повторува историјата. Албанската платформа од Тирана е последниот обид преку кој се сака да се спроведе создавањето на Голема Албанија според проектите на центрите на моќ. Исто како и во минатото има иста цел да ја спречи Русија да го прошири своето влијание на Балканот.

Меѓутоа, таква една деструктивна платформа за балканските народи лесно може да сврти против нејзините креатори, а државата која е вештачки создадена за потребите на Австро-Унгарија да исчезне од картата на Европа.Така Зијадин Села и негови другари барајќи рогови, можат да ги изгубат и ушите.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top