Среда, 04 Август 2021   
Документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов

Документ пронајден во архивата на ВМРО на Ванчо Михајлов, во кој не само што децидно се потенцираат етнич­ките разлики помеѓу Маке­донците и Бугарите, туку и за денешните Маке­донци јасно се ве­ли дека се директни потомци на славните антички Македонци!

Еве што пишува во овој документ:

Некогаш имало славна земја со храбар народ што дал светс­ки вла­детели како Филип и Александар Македонски. Многу древни народи, иако слегуваа од светската сцена, по извесно време, пак се издигнуваа. Зош­то да не се случи исто­то и со Македонците?...Заш­то ако еден народ, што си има свои обичаи, вера, јазик, традиција и друго опстанал тврдо после тол­ку ропства, тоа значи дека тој народ е способен за слободно постоење! ...Бу­гарија нека им го даде на мирен начин на Македонците она што е маке­дон­ско. Зошто Бу­га­рија уште го држи туѓото и го прикажува како свое? За­рем Ма­ке­донците се Бугари? Колку што се Македонците Бугари - толку се и Бугарите Македонци! Разликата е голе­ма! Едните биле на Бал­кан­скиот Полуостров уште од пред Христа, а другите дош­ле во 7 век... Дос­та веќе со игри околу несреќата на македонскиот народ! Вре­ме е да се вик­не: Македонија на Македонците. Ослободената бу­гарс­ка Маке­дони­ја да им се даде на слободните Македонци. Дајте и` автономија на Маке­до­ни­ја додека е време!“ (цит. според Блаже Ристовски).

Овој документ е потпишан со псевдонимот “Комитски”, а пи­шу­ван е во декември  1932 година. Ова значи дека и меѓу членовите и симпатизерите на ВМРО на Ванчо Михајлов имало такви кои го при­фаќале античко-македон­ското етничко потекло.

mpo-1

Дури и организацијата на МПО (еден вид наследници на ВМРО на Ванчо Михајлов) во градот Лорејн (САД), формирана во март 1924 година, го носела името “Александар Вели­ки” и имала свое знаме на кое биле прикажани името и ликот на овој наш славен цар. На Собра­нието на оваа организација зборувал и тогашниот секретар на МПО, Михаил Николов. Претсе­дател на оваа органи­зација бил Никола Ме­ла­нов од Костурско, а во рако­водството бил и Трајче Вангелов (исто така од Костурско), додека секретар бил Иван Томев од с. Брајчино (Преспанско). Мнозинството членови на оваа организација биле Маке­донци од преспанските села.

mpo-2

Огранокот на МПО во 1924 година (Македонска Патриотска Организација) од Лорејн, Охајо, САД, својот огранок го крстил Александар Велики.

1924 Lorain, Ohio, Macedonian Partiotic Organisation (MPO) Alexander the Great.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.