Историја

Знамето од Тиквешкото востание

1zname

1zname

Не престанува потрагата по славното тиквешко револуционерно знаме и по сто години од задушувањето на востанието во 1913 година против српскиот окупатор во најлозарскиот дел на Македонија. Вработените во Музејот и галеријата во Kавадарци потајно се надеваат дека ќе го најдат знамето што пред еден век било симбол на тиквешкиот непокор против големоскрспкиот режим. Директорот на музејот, Петре Kамчевски, вели дека знамето има голема историска вредност. Kавадарчани се гордеат што по Солун, првиот комитет на ТМОРО бил формиран токму во градот на виното.

– Тиквешкото револуционерно знаме всушност било изработено во 1903 година. Свилата и конците за негова изработка кавадаречките трговци ги донеле од Истанбул и од Солун. Во везењето на знамето учествувале неколку учителки: Ана Иванова, чиј маж бил претседател на Тиквешкиот комитет на ТМОРО, Тима Минчева и Лефтерија Грозданова, под раководство на учителот Иван Љомчев, кој ја дал идејата за знамето. Ана Иванова, многупати од страв да не бидат фатени од турските власти, знамето го препашувала околу себе и го носела под футата. Kога било готово, знамето било предадено заедно со мало доенче во пелени – кажува Kамчевски за „Дневник“.

Љомчев бил инспириран од слика, ремек-дело на францускиот уметник Ежен Делакроа, со наслов „Слободата го предводи народот“.

– Немаме ниедна фотографија од знамето. Но, според описот од спомените на револуционерот Пане Поп Kоцев, кој бил учесник во Илинденското и во Тиквешкото востание, што е депониран во архивот на Институтот за национална историја во Скопје, ние како општина побаравме изработка на негов уметнички приказ. Уметничката претстава ја изработи ликовниот уметник од Kавадарци, Горан Боев – вели историчарот Kамчевски, додавајќи дека Поп Kоцев бил учител во неколку места во Тиквешко, а подоцна неговата ќерка се омажила за Мито Хаџивасилев-Јасмин.

Од уметничкиот приказ сега може да се види дека на знамето од црвена свила имало извезено со разнобојни свилени конци жена што држи развиорено знаме. Со едната нога таа газела врз градите на убиен османлиски војник. Неговата капа зафрлена малку подалеку од него ја симболизирала неговата смрт. На него пишувало „Слобода или смрт“ и „Тиквешки револуционерен реон“. Знамето било големо колку една двокрилна порта, приближно три на два метра.

– Kосата на девојката од знамето всушност била природна. Тоа било косата што претходно била исечена од учителката Тима за подоцна да биде пришиена на знамето. Тоа било прекрасно, сите се воодушевувале од знамето и од мотивот прикажан на него – открива Kамчевски.

Знамето му било предадено на војводата Петар Илков, но тој не сакал да го искористи како симбол на една чета оти било многу убаво и заслужувало повеќе. Првпат било развиорено непосредно пред Илинденското востание. Потоа долго се чувало во куќата на семејството Шарлиеви во кавадаречкото село Ваташа. Втор пат било развиорено во текот на Тиквешкото востание во 1913 година против српскиот режим во Македонија. Тогаш во Kавадарци имало ненародна власт, па Тиквешани се организирале и ги протерале српските воени и административни сили. Од зградата на општината било симнато знамето на кралството и ставено да се виори тиквешкото знаме.

– По задушувањето на востанието, знамето било запленето и однесено во Белград. Долго време било изложено во белградскиот народен музеј. Делегација од општина Kавадарци во 1949 година отишла во Србија и побарала да го види симболот на тиквешката борбеност. На членовите од делегацијата тогаш им било кажано дека зградата на музејот била погодена за време на бомбардирањето на Белград во текот на Втората Светска Војна и дека тогаш било изгорено и уништено нашето знаме – објаснува нашиот соговорник.

Музејските работници и денес, по еден век од неговото запленување, веруваат дека тоа е сепак дел од нечиј музеј како сведок на едно минато време. Постоеле шпекулации дека знамето е видено во музеј надвор од нашата земја.

– Доколку се` уште постои, би било убаво тоа знаме да ги краси нашите витрини. Овде е местото на знамето со косите на Тима, пришиени на црвената свила – коментираат во градскиот музеј во Kавадарци.

Светлана Дарудова

Тиквешкото востание е прв организиран масовен народен вооружен отпор против српската власт којашто ја окупирала Вардарска Македонија по повлекувањето на турските сили по Првата балканска војна. Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, во Тиквешијата и траело седум дена. Тиквешкото востание е самостојно дело на тиквешкото население, спонтано организирано и раководено од месните дејци, револуционери и војводи на Организацијата, а потпомогнато од четите на ВМРО.

Востанието е предизвикано од насилствата вршени од српските окупаторски власти врз населението при напорите за асимилација и посрбување. Српските власти упатуваат јавна закана до населението дека секој оној којшто ќе се спротивстави на новата власт ќе биде погубен.

Процесот на асимилација започнува со протерување и апсење на сите дотогашни бугарски учители и егзархиски свештеници, а како замена се доведени учители и попови од Србија. Во црквите и училиштата е воведен српскиот јазик. Теророт на власта се засилува, а со тоа и револтот на населението од ден во ден расте сè повеќе, не само кај првенците, туку и кај обичните жители. На востанието му претходат неколку настани коишто особено го зголемуваат револтот. Имено, едно момче, по име Александар Видов, е убиено само поради тоа што изјавува дека не се чувствува како Србин. Една млада невеста од Ваташа, веднаш по нејзината свадба е силувана од страна на српскиот поручник Милан Крековиќ. Била убиена и цела турска фамилија од педесетина члена, меѓу кои и деца.

Со поддршка на ВМРО е свикано собрание со делегати од речиси сите места во Тиквешијата. На собранието едногласно е решено да се крене востание и е создаден востанички штаб, составен од видни војводи од тој крај, коишто учествувале и во Илинденското востание, меѓу коишто биле: Дончо Лазаров, Михаил Шкартов, Коце Сеизов, Диме Пинџуров, Тодор Камчев и други. Бројот на востаниците изнесува околу 1.000, од коишто 200 луѓе се обични граѓани коишто земаат пушка в рака, а останатите се комити од четите на ВМОРО.

Востанието започнало на 19 јуни 1913 година, и покрај Неготино и Кавадарци, ослободени се и педесетина села во областа Тиквеш. Четите на Дончо Лазаров и Михаил Шкартов ги напаѓаат и ги протеруваат српските војски од Неготино. Српските власти испраќаат свои чети од околните села кон Неготино, но сите тие се разбиени. Востаниците продолжуваат понатаму и успеваат да ги протераат српските чиновници и писари од општинската зграда во Кавадарци и симнувајќи го српското знаме, го поставуваат тиквешкото револуционерно знаме. На 20 јуни е одржано и свечено собрание на коешто е избрана и градска управа составена од 12 видни кавадарчани, а слободата траела само 7 дена.

После седум дена Србите испраќаат голема војска предводена од Василие Трбиќ, како и од Јован Бабунски и Јован Долгач. На помош на српската војска доаѓа и башибозук на Јаја Ага со 250 вооружени души. Тиквешките востаници, заедно со четите на војводите Христо Чернопеев и на Петар Чаулев се оставени сами да се соочат со српската војска, но не успеваат во своите напори. Во востанието загинале околу 1.000 тиквешани од коишто на 500-тина имињата со сигурност им се знаат меѓу кои голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени.

150 кавадарчани се врзани на колје во центарот на градот и се оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани се одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак – колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата.

REGIONI.MK, Кавадарци, 18.02.2013 г. Споменик по повод 100 години од Тиквешкото востание.

Виолета Ачковска и Никола Жежов, „Предавствата и атентатите во македонската историја“, Скопје, 2004.

Д-р Зоран Тодоровски „Тиквешкото востание во 1913 година“

Стравотни колежи во Тиквешијата по Тиквешкото востание

Тиквешкото востание конечно ќе најде место во историјата

Најново од: Историја

Документи за присилните иселувања од Пиринска Македонија

Два извештаи од 1952 година ја бележат судбината на стотици семејства Два документа, како извештаи од архивите на бугарската Државна безбедност, содржат податоци за присилно иселување семејства од Пиринска Македонија. Во нив репресијата се оправдува со зајакнување на границата, а погодените луѓе се заведуваат како „предавници на татковината“ и „непријателски елементи“. Според пренесената содржина, извештаите […]

Македонија во 1919 година: надежта за автономија и очекувањата од Америка

„Лидерите на големите сили на Париската мировна конференција, 27 мај 1919 година, на која се разгледувало и македонското прашање.“ Извадок  на оперативниот дневник на Врховната команда на Кралството СХС зборува за обединета автономна Македонија со центар во Солун, петиции до Вилсон и надеж во американска помош. Дипломатските документи го потврдуваат постоењето иницијативи за автономија. По […]

МУТАЦИИ НА БУГАРСКИОТ СИНДРОМ

Кога ќе навлезеш во калта, назад – нема. Пропаѓаш. Токму тоа ѝ се случува на Бугарија, во безумностите против Македонија. Се залетаа и бараа да се согласиме дека нашите татковци и дедовци биле „Бугари“, што значи дека и ние сме тоа, и дека сите сме зборувале бугарски дијалект! Ем ние „Бугари“, ем јазикот нивен. Така […]

Цакони Мегленско, памети: сведоштва за загинатите во 1907 и 1948 година

Марија Воденска ги зачувува имињата и семејните сеќавања за жителите на Цакони, Мегленско, чии судбини останале длабоко врежани во паметењето на нивните потомци. Марија Воденска (Делова-Дургутова) Историјата на едно село ја сочинуваат и имињата што неговите жители ги пренесуваат од поколение на поколение. За Цакони, во Мегленската област, Воденско, таквите сеќавања се поврзани со трагични […]

23–24 октомври 1912 година – Кумановската битка

Крајот на османлиската власт не ја исполнил македонската надеж за слобода и сопствена држава На 23 октомври 1912 година, во Кумановско започнала една од решавачките битки во Првата балканска војна. Во дводневниот судир меѓу српската и османлиската војска, завршен на 24 октомври, османлиските сили претрпеле пораз што значително влијаел врз натамошниот тек на воените дејства […]

Зошто треба да си горд Македонец од Беломорска Македонија

Пишува: Новица Арсовски Од борбата кај Д’мбени до зачувувањето на мајчиниот јазик – историја на пожртвуваност, страдање и истрајност Да бидеш Македонец со корени од Беломорска Македонија значи да носиш семејно и историско наследство што поминало низ востанија, војни, преселби и забрани. Во тоа наследство се испреплетуваат имињата на селата, спомените за предците, мајчиниот збор […]

Воздигнување на Александар Трети Македонски во оазата Сива во Египет

Кога Александар Македонски и неговата придружба најпосле пристигнаа до оазата Сива, беа изненадени од големите и необични стебла на урми и маслинки и од богатството со вода од многубројни извори и езера. Храмот на пророштвото беше во тврдината наречена Агхурми. Денес можат да се најдат остатоците на храмот надградени со модерни куќи, па не може […]

21 октомври 1943 година – (Фотограифи) Издеглавје – Дебрца го отвори патот кон македонската црковна самостојност

На патот кон признавање и осамостојување на Македонската православна црква-ОА Во виорот на Втората светска војна, на слободната територија во Дебрца, македонското свештенство ја потврдило својата определба да биде со народот – во борбата за слобода, за сопствен црковен живот и за духовно достоинство. На 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, во куќата на […]

Најнови вести

To top