Среда, 28 Ноември 2012   
„Првата партизанска железница“

Prvata-partizanska-zeleznica

Капитулацијата на фашистичка Италија на 9 септември 1943 година, влијае врз понатамошниот развој на македонската ослободителна војна. Веднаш по капитулацијата на Италија, како германските сили така и Народноослободителната војска на Македонија брзаа да ги разоружаат италијанските сили и да ги завземат нивните позиции. Додека германските сили со брза интервенција ги зазедоа Тетово и Струга, дотогаш пак, Првиот и Вториот баталјон на I оперативна зона на Народноослободителната војска на Македонија и баталјонот „Мирче Ацев“ на 11 септември 1943 тодина го ослободија Кичево, а Малесиската чета и одредот на Хаџи Леш го ослободија Дебар. Сето тоа овозможи да се создаде слободна територија, која ја опфати територијата од Буковик и Влајница (јужно од Гостивар) и на југ до теснината на селото Ботун со два слободни града Кичево и Дебар.

По 40 години од Илинденското востание во 1903 година и создавањето на Крушевската република, македонскиот народ за првпат имаше слободна територија на која беа воспоставени сите елементи на слободна земја: народна власт, македонска војска, училишта на македонски јазик, формирана верска заедница и практикување на политички и стопански живот.

Во рамките на границите на слободната територија постоеше железничка линија со тесен колосек (теснолинејка) во должина од 101 км од кои околу 25 км не беа способни за сообраќај и функционираше телефонска линија со која се поврзуваа железничките станици од Буковик до Ботун. На денот на ослободувањето, оваа железничка линија располагаше со 50 патнички и товарни вагони и 11 локомотиви.

Главниот штаб на НОВ на Македонија за да може да раководи со единиците кои беа разместени на граничните линии и низ слободната територија, како и да обезбеди нормално функционирање на стопанскиот и политичкиот живот, ги мобилизира железничарите и ја стави во функција теснолинејката.

На ослободената територија беа формирани три команди на местата: Дебар, Кичево и Издеглавје (Дебарца), а во составот на командите на железничките станици Кичево, Извор, Сливово и Ботун, влегуваше целиот персонал распореден на железничката линија. Командата на железничката станица Кичево и Извор беше во составот на командата на местото во Кичево, а Сливово и Ботун во командата на местото во Издеглавје.

На 11 септември 1943 година, претпладне, од железничката станица Кичево, заминал првиот воз кон железничката станица Буковик, носејќи чета како претстража да ја обезбедува слободната територија од правецот на Гостивар. Вториот воз, полн со луѓе и материјали за поправка на линијата се упатил кон Подвис. Со поддршка на месното население, линиските работници само за четири дена ја поправиле делницата од Подвис до Пресека и на 15 септември 1943 година поминал првиот воз од Кичево до Ботун.

Од 11 до 2 октомври 1943 година, кога оваа територија беше повторно окупирана, возовите на партизанската железница возеле без возен ред, а се движеле според потребите на македонската војска. Секојдневно имало воз од Кичево кон Буковик, кој превезувал храна и вода, а еднаш неделно се сменувала и стражата на граничната чета. Исто така, секој ден возот одел и за Ботун, а со него се превезувале воени единици, локалното население.

Вонредни возови се испраќале само по наредба на Главниот штаб на НОВ на Македонија, чие раководство беше сместено во селото Врбјани, близу до железничката станица Пресека. Од оваа станица често пати кога задачата била итна во отворени вагони без локомотива се спуштаа до Кичево, како командантот на ГШ на НОВ на Македонија, Михајло Апостолски, така и македонските единици. Управуван од железничар, вагонот се спуштал низ надолнина од 20 до 35% кон Кичево.

Редовниот сообраќај овозможувал Кичево редовно да се снабдува со прехранбени продукти и огрев. Масовен превоз на населението бил организиран за да присуствува на митингот одржан на 26 октомври 1943 година во Кичево. Во текот на три дена, ден пред митингот, дента и ден по митингот, партизанската железница превезла околу 20 илјади патници во обата правци.

Кон крајот на септември беше формирана посебна оперативна група од три баталјони на НОВ на Македонија кои од слободната територија беа упатени да дејствува на теренот Крушево - Брод. Постоењето на слободна територија од каде делуваа оперативни групи кои директно ги загрозуваат виталните комуникации на окупационите сили, ги предизвика Германците да реагираат. Тие по секоја цена мораа да го отворат патот кон југ кој води према Јужна Албанија и северозападниот дел на Грција и затоа концентрираа големи сили на правецот Тетово - Гостивар.

На 1 октомври 1943 година, Германците заедно со балистите започнуваат  напад на слободната територија. По забележувањето на непријателските сили, пограничната стража на Буковик побара засилување. Алармот за напад на слободната територија ги вжешти телефоните меѓу железничките станици во Кичево и Пресека. Преку нив се издавани наредби до командите на местата во Издеглавје и Кичево и до НОО за организирање на народот за одбрана на слободната територија.

До 11 часот одбраната кај железничката станица Буковик била пробиена, а целата чета на чело со командирот Мирко Милески загина. Балистите кои се спуштале низ планината Буковик по железничката линија кон Кичево, го пресретнале возот што превезувал воена помош на 4 км пред станицата Буковик. Возот со борците бил заробен на железничката станица Бериково, а балистите ги стрелале сите Македонци, додека албанските партизани ги повеле со себе.

Додека на Буковик се воделе борби, во Кичево се подготвувала одбрана на градот и евакуација. Првиот воз што го напушти Кичево во 14 часот ги пренел ранетите борци кон Дебарца, а со другите возови се евакуирани архивите, оружјето, муницијата и прехранбените продукти, што беа запленети при капитулацијата на италијанскиот окупаторски гарнизон.

Во текот на борбите пред Кичево и во градот, командантот на Главниот штаб Михајло Апостолски и зам. пол. комесар Страхил Гигов се наоѓаа во зградата на железничката станица Кичево од каде раководеа со одбраната. Преку железничките телефони се издавале команди до другите единици за воспоставување на нова линија на одбрана. Знаејќи дека Германците сакаат да го контролираат патот кон Струга, откако Главниог штаб ги разгледал сите можности решава одбраната да биде на линијата Извор - Попоец – Клеонец.

На 6 октомври 1943 година, Германците и балистите не ја продолжиле офанзивата кон Дебарца. Од Пресека до Ботун, железничката линија во должина од околу 26 км остана во рацете на македонската војска, додека од Ботун до Струга и Ташморуниште била под окупација на германскнте војски, а од Охрид и натаму се наоѓала под бугарска фашистичка управа. На потегот Пресека – Ботун немаше локомотива и возовите повеќе не возеа во Дебарца.

По октомвриската германска офанзива германската команда барала начин да ја поврати целата линија и да го воспостави железничкиот сообраќај. Тие се обратиле за помош на бугарската окупациона команда во Охрид, која имала потреба од оваа линија, бидејќи Охрид бил речиси отсечен. Преку Битола бугарскиот гарнизон тешко се снабдувал, бидејќи автомобилскиот пат бил иесигурен и често напаѓан од партизанските одреди. Германците и Бугарите гледале на теснолинејката како на практично и ефтино решение за снабдување и размена на гарнизонот.

Бидејќи по секоја цена морале да ја извршат наредбата на Германците, Бугарската команда околу 15 октомври 1943 година формирала конграчета. Но, поради малиот број пријавени, бугарската команда во Охрид ја пополнила четата со бугарски војници. Контрачетата која броела 50 души, веднаш била уфрлена во Дебарца за да ја оспособи линијата, меѓутоа ни оваа акција не дала резултати. Сметајќи дека поинаку не може да се постигне целта, бугарските фашистички власти прибегнале кон преговори. Тие во Охрид повикаа една група селани од Дебарца и им наредија да го најдат ГШ на НОВ на Македонија и да им го пренесат својот предлог за спогодба, во кој тие предлагаа: „ГШ на НОВ и ПО на Македонија да им дозволи на германските и бугарски војски да поминуваат преку Дебарца кон Скопје и обратно. За надополнување на оваа услуга, ГШ би добивал храна за својата војска од германската команда“.

Меѓутоа наместо договор, на 31 октомври 1943 година единиците на НОВ на Македонија повторно го ослободуваат Кичево, отфрлајќи ги кон Гостивар германските и балистички окупациони единици. По заземањето на Кичево, единиците на НОВ и ПО на Македонија на 3 ноември 1943 година го продолжуваат своето настапување во правецот на Гостивар.

Сепак, големата офанзива на германските војски во декември 1943 година против слободната територија Дебарца постигна делумни успеси. Германците ја повратија целата територија во Западна Македонија и комуникациите од Охрид - Струга - Кичево - Гостивар - Тетово до Скопје.

(извор: „Историја на железниците на Македонија 1873 – 1973“)

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.