|
|
Монархофашистичкиот терор во егејскиот дел на Македонија (24 мај 1949 год.) |
АПЕЛ - ПРОТЕСТ НА ГЛАВНИОТ ОДБОР НА НОФ ВО ВРСКА СО МОНАРХОФАШИСТИЧКИОТ ТЕРОР ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА “... Македонскиот народ од Егејска Македонија се наоѓа на правиот пат, а баш од тоа се плашат монархиофашистите. Тоа е патот на нераскинливото борбено единство со грчкиот народ кое што се искова во долгогодишните сурови борби за слобода и демократија, за мир и независност на земјата. Тоа е единствениот пат којшто беспорно ќе ја осигури и слободата на нашиот народ, неговите национални права и неприкосновеното право да стане господар на својата татковска земја.... ...ПДВ направи предлог до Општото собрание на ООН и до Светскиот мировен конгрес за да се помири нашата земја. Во овој наш мирен стремеж, во стремежот за побратимување на народот од Грција во којшто активно учествува и Македонскиот народ, атинските монархо-фашисти терористи, одговорија со еден нов опасен терор. Нечуени им се терорис-тичките изливања особено тие што се вперени против Македонците. Преку 3500 Македонци и Македонки, за малку денови станаа жртви на тој крвав терор. Мали деца, жени, старци и баби се фрлени во занданите и затворите каде што се подложени на нечовечки мачења.... Во Хрупишта, во селата Изглибе и Желин, ги убиваат без да ги сметаат Македонците по улиците... Ги горат заедно со нивните куќи малите деца, жени и старци. Вета Гулева од с.Олишта-Костурско ја исекоа на парчиња во нејзината куќа... Фана Белгова од с. Мокрени ја отепаа в сред село под нечовечки услови. Тало Цалапанов од с. Неокази-Леринско откако го измачија страшно го однесоа во едн дол и го заклаа, а на Кица Апостолова и на нејзината мајка им ги скршија со копачка главите и подоцна умреа. Никола Сидовски 70-годишен старец од с. Бела Црква-Костурско го подложија на средновековни инквизиции и го убија, а после го исекоа на парчиња... За да се исплаши народот. Истото нешто го извршија и во с. Жупаништа-Костурско каде што ги отепаа и ги исекоа на парчиња двете сестри Златка и Депа и Иљо Пендовски. Во село Нестрам се извршија масовни апсења, а над 800 Македонци(ки), се фрлени во притвор. Леринските затвори се наполнија со демократски граѓани. Истото се врши и во Воден, Ениџе Вардар, Гуменџе и насекаде. Тоа што во последно врме се правипротив Македонците е нечуен прес-тап што друго рамно на него не се чуло. Тоа е еден вистински прогон, организиран од монархофашистите со определена цел за масовно физичко уништување на македонскиот народ. Нема во светот чесен човек на кого што не предизвикува ужас овој пекол, овие нечуени престапи против еден намачен народ... Пред оваа страшна состојба и масовно престапување, ние издигаме протестен глас и бараме од светската демократска солидарност и од сите меѓународни организации и друштва да ја запрат убиствената рака на монархофашистите. Бараме да се одбие опасноста за масовното народно и национално уништување на еден народ, којшто секогаш покажал неспоредливи примери на верба и преданост кон демократските идеи и којшто во својата долгогодишна историја е овенчан со светли и неуморими борби за слобода и човечки права. Испраќаме апел кон светското демократско мислење, кон сите чесни луѓе на светот за енергично интервенирање кое што ќе стави крај на престапните планови на монархофашизмот и ќе ги заштити неприкосновените права на нашиот народ кој што се бори за с а м о т о с в о е п о с т о е њ е, з а с л о б о д а и м и р”. Главен одбор на НОФ ДАРМ, ф: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, Билтен, бр.64 од 24 мај 1949, стр. 1-4; А М, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.ВИ, док.142. стр.286 -288; |