Среда, 20 Јуни 2012   
Мистеријата на „Веда Словена“

radhaДелото „Веда Словена“ на Стефан Верковиќ и Јован Гологанов завзема посебно место во историјата на македонска литература. Двата тома на „Веда Словена“ кои излегуваат во 1874 во Белград и 1881 година во Санкт Петесбург, со песни од усното предание на македонскиот фолкор од предисториската и предхристријанската ера, предизвикаа еуфорија меѓу тогашниот научен свет и влегоа во историјата како најголема мистерија на македонскиот фолклор.

Возбудувањето кое го предизвика зборникот „Веда Словена“ во светската јавност, произлезе од објавените песни кои од темел ја нарушија дотогашната перцепција за предписмената историја на Европа. Делото не случајно било именувано како индиските „Веди“. Тоа во себе содржи низа легенди и митови, со необична тематика и содржина која ги поврзува Словените со нивната прататковина Индија, како и тоа дека прататковци на Словените на Балканот се древните Македонци, Пајоните, Илирите и Трачани. Меѓу митските херои, древните цареви, се наоѓаат и имињата на Орфеј и Тројанската војна, потоа на македонските цареви Филип II и Александар Македонски, како и др.

Двата тома на „Веда Словена“ во која биле објавени над 23.000 стихови, иако според тврдењата постоеле околу 300.000 необјавени стихови, добива голема подршка од голем број авторитетни странски научници. Но, кај еден дел од научната јавност се појавува сомнеж во веродостојноста на стиховите.

Спорот го започнува францускиот славист Луи Леже во 1873 година. Повод е научната анкета на французите Димон и Дозон поврзана со публикацијата „Древна бугарска песна од Орфеј“, со превод на руски од Рајко Жинзифов, објавена во Москва 1867 г. По излегувањето на двата зборника на Верковиќ, конфронтацијата се продлабочува поради предговорите каде публикуваните песни и преданија се квалификувани како сензационално откритие во кое се преставени славјаните како носители на етнокултура постара и од ведската.

Стравот дека „Веда Словена“ може да ја негира целокупната грчка историја станува огромен. Француската влада во два наврати испраќа свои инспектори кои треба да ја проверат веродостојноста на стиховите забележани меѓу т.н. Македонски Марваци и Тракиските Родопски Помаци. Меѓутоа, ниту француските, ниту подоцнежните бугарски истражувања не успеваат да дадат убедлив одговор дека стиховите се измислени.  Мистеријата останува неразјаснета до денешен ден.

Единствениот „виновник“ за оваа мистерија бил Јован Гологанов, роден 1839 година во Трлис, Неврокопско. Токму Јован Гологанов, иначе селски учител во блиското Крушево, бил човекот кој 12 години за мала надокнада ги собирал песните кои подоцна Верковиќ ги објавува под свое име. Критичарите кои ја негираат вистинитоста на „Веда Словена“, говорат дека Јован Гологанов направил груб фалсификат.

Меѓутоа, Јован Гологанов не е било кој и не потекнува од обично семејство. Еден од неговите браќа е митрополитот Теодосиј Гологанов, македонски национален деец и борец за обновување на Охридската архиепископија, а другиот брат бил игумен на Бечковскиот манастир. Јован Гологанов бил едуциран и го познавал старогрчкиот и новогрчкиот јазик. Одлично ја познавал грчката митологија и негов идол бил Хомер, чие творештво добро го познава.

Исто така ниту Стефан Верковиќ (1827 - 1893) не е обичен човек, туку фрањевачки монах, кој студирал теологија во Белград. Студиите не ги завршил и во 1850 доаѓа во Македонија како агент на српската влада кој има задача да ја води српската пропаганда меѓу населението во Македонија. Се занимавал со проучување на фолклорот, етнографијата и археологијата, а за таа цел собирал народни умотворби во Македонија. По долгогодишниот престој во земјата тој станува извонреден експерт од областа на фолклорот, етнографијата и географијата на Македонија.

Денес се спори што е тоа што во „Веда Словена е афтентично, а што измислено. Останува отворено прашањето доколку ведите се измислени кој е изманикот и кои се мотивите. Меѓутоа, бројот на песните и квалитетот зборуваат дека тој што ги измислил не бил обичен препишувач и дека тоа што е направено не е ни најмалку случајно.

Всушност во тој период Белград се обидува да создаде јужнословенска федерација под српско владеење и да ја помага борбата на населението за отцепување од грчката патријаршија и Османската империја. Напорите на Верковиќ за зачувување и промовирање на македонската древност, како и активностите на Гологанов имаат огромно значење за Македонците и Бугарите како во борбата за ослободување од турското ропство, така и против грчката црква и духовништво.

Во тој контекст, „Веда Словена“ го оправдува своето постоење па дури и ако е измислена.  Тргнувајќи од таа претпоставка, фалсификаторот тоа не го прави случајно. Главната причина била патриотска, а за таква дејност Гологанов бил и прогонуван и затваран од турската власт. Доколку фалсификатот го направил Гологанов, тогаш навистина бил гениј и би било потребно да му се одаде посебно признание и место во историјата на светската литература. Но доколку тие текстови биле автентични денес е потребно да се направи ревизија на целокупниот културен развој на Европа.

Оставнината на Стефан Верковиќ, како и книжевното наследство на Јован Гологанов, собрано некаде меѓу 1865 и 1895 година, предизвикуваат и денес посебен интерес меѓу истражувачите на историјата на македонската литература. Иако денес се појавуваат нови траги кои укажуваат за автентичноста на стиховите, како и нови докази дека Словените од секогаш биле тука, научната јавност не се изјаснува, а оваа мистерија чека да се разреши повеќе од еден век.

Во прилог на текстот ви го презентираме и писмото на Јован Гологанов до Стефан Верковиќ од 8 март 1865 година во које се вели:

„Достопочтенејшему и родољубивому

Г-ну Г-ну Стефану Верковичу

Ваше родољубие от все сердце поздрављаем!

Крушово 8 марта 1865

От 25-т прошлаго месеца ваше писмо приех и сја зарадвах заштото и моите географически бележки и песни ќе да помогнат вам во македонското обшто описание, което сте начнали. Принуден от љубов кам народат си, незабавно сабрах јуште ду 33 песни, от които повечкето са за Самовили, Јуди, Змејуве и Ламии, 2 за цар Александар љубопитни, и ги чух от маж песнопеец, сичките са стихотворни. Описах и едно малко положение за Мелничко и Демирхисарска кааза. Сабрах јуште неколико пословици и гатанки. Тија сичките праштам ви чрез брат ми Теодосија...  Обештаемија и надеемија јешто да срабера, но ако и вие сторите добрината да напомните или пишите и моето имја во описанието или во некој балгарски вестник. За да турнја повечке прилежание в сабранието на песните... И аз както вас сја трудим да напредва народнијат ни јазик по Македонија, којто от разни обстојателства сја е изфарлил. Много патја сум подканил тукашна околија и сам ои по церквите те и чрез писма, за да воведат в церквите и училиштата матернија тои јазик. . . Има едно место тук ду пресек над Драилова Мандра, което сја нарича Смилница.

Друго не можах да испитам. Молимија да ми испратите чрез брат ми една балгарска писарница и географија, или друга некаква љубопитна книжка. Когато моѓете испраштајте ми по некој вестник. Чака ти со нестрпливост писмо ваше благодарно, остај со длабока почест.

Ваш искрен и незнаен пријател

Јован поп Илиев Икономов

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.