Среда, 18 Јануари 2012   
Грчкиот терор против власите во Епир и Македонија (4)

Александар ДОНСКИ

vlahoi

Вредни податоци за големогрчкиот терор против Власите во Пинд и Македонија нуди и автобиографијата од Д. Константинеску. Тој бил влашки свештеник од селото Периволи во Пинд (Епир). Се родил во 1848 година, а откако се школувал во грчко училиште, во 1872 година бил хиротонисан за свештеник во Грчката црква. Но, како национално свесен  Влав (Ароманец), Константинеску почнал да го проповеда Евангелието на својот мајчин јазик поради што почнале неговите неволји. На стр. 7 од неговата Биографија (преведена на македонски од Димо Наун Димчев и објавена во Скопје во 2002), читаме:

„Затоа што го читав светото Евангелие, а на барање на Ароманците, на нашиот убав јазик во црквата, со џандари ме собраа од Периволи и бев одведен во Гребена, во Митрополијата, каде останав затворен три дена и три ноќи во складот со јаглен, и откако ветив дека повеќе нема да служам на аромански, бев ослободен.“

И потоа:

Неговото високопреосвештенство митрополитот од Волу, не ми дозволи да служам на аромански во црквата, но по куќите на Ароманците  во Велешти кришум служев на аромански.“ (Исто, стр. 9).

Во продолжение авторот пишува за сите маки низ кои минал со грчките свештеници, калуѓери и со грчкиот митрополит затоа што отворил ароманско училиште во Велешти (Тесалија) заради кое бил анатемисан од митрополитот од Волос и бил затворан по манастирите, тепан и оставан да гладува.

Константинеску опишува еден судир помеѓу грчките и влашките свештеници што се случил во црквата „Св. Никола“ во Влахо-Клисура. Овде читаме и  за однесувањето на турската војска.

На Св. Никола, 6 декември, кога јас и мојот колега отец Никола Флеза, ја служевме светата литургија, дојде и митрополитот Филарет од Костур придружуван од сите свештеници, ѓаконите и гркоманските учители како и со многу Ароманци гркомани, заедно со локалниот мудур и со еден офицер од Костур, односно Караман-ага кој имаше со него преку 20 војници. Застанаа во дворот од црквата и се советуваа. Неговото Високо преосвештенство  сакаше да бидеме истерани од црквата за тој да служи во неа. Властите не знаеја како да постапат. Сите Ароманци беа дојдени таму. Јас бев кај светата маса во црковниот олтар, а отец Никола во проскомидијата. Наеднаш митрополитот (грчки, з.м.) влезе во црквата и почна да вика: ,Надвор! Надвор вие Куцо-Власите!’ Дури да се свртам назад за да видам што се случува, митрополитот силно ме удри со бастунот по глава од што почна да ми тече крв како на заклана овца. Кога видов крв на лицето и на облеката, се исплашив и почнав да викам и да барам помош. Додека барав помош, свештениците го тепаа отец Никола, му ја исекоа устата и го истераа надвор од олтарот. Ѓаконот и Неговото високо преосвештенство  го удираа псалтот Никола, кој  падна од певницата онесвестен на подот.  Тогаш се случи тепачка помеѓу жените Ароманки и архиејрејот, а на писокот што се слушна интервенираа органите на власта (турските војници, з.м.) и влегоа во црквата, ги разделија тие што се тепаа и не спасија нас Ароманците од сигурна смрт, оти бевме малку, а непријателите беа вооружени со ножеви, револвери и боцки на бастуните“.

Овој судир завршил со тоа што валијата наредил една недела во црквата да служат Грците, а една  Ароманците. Од ова сведоштво гледаме каков бил моралниот лик на грчките владици и свештеници кои не се двоумеле и да влезат во физички пресметки со послаби од нив.

Константинеску сведочи и за уништувањето на ароманските цркви и убиствата на Ароманци од страна на Грците:

Откако заминав со фамилијата од Периволи во Гребена, андартите ја осквернавија ароманската црква и ја разурнаа мојата куќа, а потоа ја изгореа и пепел ја сторија. Тогаш го искасапија мојот шура Маноли Апостолина, кого го направија парчиња, истите тие андарти... На 20 април 1906 година дознав тажна вест дека 250 грчки андарти ги нападнаа ароманските фамилии на двајца мои внуци и Фоту Здрула, а искасапија и една жена“. (Исто, стр. 43).

Овој терор уште повеќе се засилил со окупацијата на делови од Македонија од страна на грчката војска за време на Балканските војни. Константинеску дава автентични сведоштва во врска со овие бурни настани.

„За време на сојузничките Балкански војни против Турција, само што слушнав дека во Гребена влегоа грчките војки. Ние (22 Ароманци) зедовме  грчко знаме и слеговме во Гребена за да се потчиниме на новата власт. Како свештеник, најпрво отидов кај митрополитот да му бакнам рака. Неговото Високо преосвештенство Емилијанос ми рече: ,Те прифаќам како грчки свештеник, а никако како аромански и доколку грчката влада ја признае ароманската заедница, ние од црквата ќе се бориме и никогаш тоа нема да го прифатиме.’  Само што се вративме во Периволи, дојдоа андартите, ни ги зедоа црквата и училиштето и почнаа да ги убиваат Ароманците. Кога дознав дека во Гребена го искасапија учителот Д. Чикма од Турја, се исплашив и ноќта ја напуштив куќата, стоката, имотите и фамилијата и заминав кон Јанина со 11 други сонародници.“ (Исто, стр. 45).

Потоа Константинеску побегнал во Романија, каде ја напишал својата автобиографија во 1913 година.

Притисоците на грчката држава за денационализација на Власите продолжиле и потоа. Во втората половина на 20 век влашките деца во Грција биле казнувани доколку биле фатени да зборуваат на својот мајчин јазик во училиште. Сепак влашкото (ароманското) национално чусвтво е силно до ден денес. Национално свесните Власи бараат училишта и цркви на својот мајчин јазик во Грција, иако има и значителен број Власи гркомани (сосема исто како што е случајот со Македонците).

Во 1995 година, за време на влашкиот фестивал во Грција, влашкиот активист архитектот Сотирис Блецас делел печатени материјали во кои било укажано на состојбата на Власите во Грција поради што бил уапсен и осуден на петнаесет месеци затвор, но по неговата жалба и по протестите од Грчкиот хелсиншки комитет, но и однадвор, бил ослободен во 2001 година….

Крај
 

На прво место

News image

Пророштва за победата на Тир

Напишано од Денис Тенев Интересно е да забележиме уште некои пророштва во Библијата, индире...

Историја

News image

Македонската цивилизација - пронаоѓач на писмото

Една од најголемите придобивки на МАКЕДОНСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА е ПРОНАОЃАЊЕТО на ПИСМОТО, т.е. составу...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА – МЕСТО ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР НА НАРОДИТЕ

Гордана Димовска Како што веќе е познато, според резултат...

Култура и туризам

News image

Од минатото на нашите градови

Штип е расположен и скоро целиот е потонат во една длабока котлина во северозападнаиот дел на старат...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (19)

Второто прашање со кое морав да се борам, а кое ми беше уште потешко, е прашањето...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.