Среда, 26 Октомври 2011   
Македонија пак е во листата на најстари светски цивилизации

_________1Геоглифите претставуваат уметнички дела создадени на земјината почва преку организирано редење на камења, земја или друг материјал.

Потеклото на овие цртежи видливи од небо е сеуште непознато за повеќето научници на нашето време. Светски познатите Назка Линии претставуваат серии на геометриски форми, километри од линии и големи цртежи на животински и човечки фигури направени на пустинската површина во областа Назка во Перу.

Во Чиле има остатоци од културата на Инките, исто така претставени преку форми на земјата видливи само и само од Небо. Серии од вакви цртежи се наоѓаат не само во Јужна Америка, туку и во Австралија, Обединетото Кралство, САД, што е јасно видливо на оваа мапа. Според досегашните истражувања, формите кои што денес науката ги нарекува геоглифи биле создадени од прастарите цивилизации со цел да покажат почит кон нивните богови, односно да го пресликаат добропознатото “Како на Небото, така и на Земјата”. Истиот начин на пресликување на сликата за “Небесниот Рај” е видлив и во Египет, каде што Сфингата и Пирамидите се поставени токму така како би отсликувале совршено огледало на небесните движења на одредени констелации и позиции, не само на ѕвездите туку и на Сонцето и месечината.


За волја на Вистината, нашата Македонија пак е во листата на најстари светски цивилизации. Геоглиф со површина скоро колку едно фудбалско игралиште се наоѓа во Овче Поле, близу Свети Николе. Јасно видлив од хеликоптер, авион, a се разбира и на Google Maps.

_________2

Дел од локалното население е запознаен со постоењето на ова место повеќе од 15 години, а нема сомнеж дека за ова била свесна и поранешната југословенска армија. Деновиве научници, авантуристи, истражувачи од целиот Балкан поминуваат во Свети Николе, интересирајќи се за многуте (над)природни феномени во околината. Поставеноста на овој геоглиф е во точна насока север - југ и се наоѓа над селото Црнилиште. Ко случајно, симболот насликан на земја која што не е обработена со векови е ист со одредени зборови од средниот текст на Каменот од Розета, дешифриран од професорите Томе Бошевски и Аристотел Тентов. Нивниот бесценет труд јасно покажува дека писмото и јазикот на нашите предци е корен не само на нашиот, туку преку глаголицата и на сите словенски јазици. Според транскрипцијата, читано од север кон југ, сликата видлива од небо соодветствува на Врховното Божество на Античките Македонци, Богот ЅЕ (Оној Кој што гледа СЕ, Врховен, Владетел, Пророк, Големото Око) и неговата почит кон Големата Мајка, односно На А Воо Ѕе - На Големата(Првата) Мајка од Небесниот Водач.

Случајностите се прекрасни! Аналогијата на симбол отсликан на земја со врховно божество на антички народ од овие простори разбуди интерес кај многу луѓе во Македонија.

Интересирајќи се за местово, пресметаа уште една интересна паралела - на север од таму е мегалитската опсерваторија Кокино, а на југ Алшар, рудникот со лорандит. Преку комуникација со истражувачи на ова поле, ја сфатија и сличноста со соѕвездието Касиопеја и нејзиното движење според ѕвездата Северница.

(продолжува...)

Npass-1

 

 

 

 

 


Никола Ристевски

 

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.