Среда, 02 Септември 2009   
V Конгрес на Организацијата
Tane_nikolov_chetaЌустендилскиот конгрес се одржал во првите денови на март 1908 година во с. Жабокрт, Ќустендилско. Таму се собрале следните делегати: Христо Матов, д-р Христо Татарчев, Петар Ацев, Ефрем Чучков, Тодор Черваров, Хр. Шалдев, Петко Пенчев, Петар Чаулев, Тане Николов, Добри Даскалов, Тодор Александров, Милан Гурлуков, Васил Чакаларов, Климент Шапкарев, Христо Силјанов, Илија Биолчев, Мих Монев, Ангел Узунов.

Отсуствувале  делегатите од Серскиот округ – не биле поканети поради нивната положба на отцепеници, во која членовите на серскиот окружен комитет сами се поставиле по убиството од 28 ноември - и Струмичкиот револуционерен округ, биле поканети но отсуствувале како протест што бугарската власт продолжувала да го држи затворен стариот струмички војвода Х.Чернопеев. За претседател едногласно бил избран Христо Матов, а за секретари: К.Шапкарев и П.Пенчев.
Конгресот имал за задача: да ја разгледа општата положба во Македонија и Одринско и состојбата на Револуционерната организација; да го ревизира уставот и општиот правилник од 1905 година; да заземе становиште по ред разни прашања, како борбата против вооружените пропаганди, четничкиот институт, младотурското движење, убиството од 28 ноември (на Гарванов и Сарафов) и др.; да ги определи насоките на идната револуционерна дејност; да избере Централен комитет и задгранично претставништво.
На конгресот дошло до полна согласност на сите делегати и желбата да й се врати на Организацијата некогашната моќ и престиж. Конгресната работа протекла глатко и се завршила за десетина дена. Трагичната судбина на Гарванов и Сарафов и општото негодување против убијците ги избришале сите траги од старата разделба помеѓу централистите и сарафистите.
Ќустендилскиот конгрес го прифатил уставот без никакви измени, меѓутоа во правилникот биле направени значителни измени. Сето она кое што било извлечено како поука од двегодишната примена на Рилското законодавство, било применето во новиот правилник.
Бил избран нов Централен комитет во состав: Павел Христов, Ефрем Чучков и Петко Пенчев. За членови на Задграничното претставништво на ВМОРО во Софија биле избрани Хр. Матов, Михаил Дорев и Апостол Дим. Грежов, а за дополнителни д-р Хр. Татарчев, П.К. Јаворов и Хр. Силјанов.
Конгресот исто така решил да објави дека дотогашниот весник во Софија „Илинден“, се прогласува за официјален орган на ВМОРО.
Конгресот ја потврдил целта на организацијата за извојување на целосна политичка автономија на Македонија и Одринско.
Жаклина Петровска
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.