Среда, 06 Октомври 2010   
Австрискиот Цар Леополд Први за Македонија

 

Австрискиот Цар, Леополд први. уште пред повеќе од 300 години не само што го  спомнува македонскиот народ како посебен на Балканот туку и јавно прокламирал дека го става под своја заштита.

leopold-prviНа 6 април  1690 година, Цар Леополд објавил Манифест и им се обратил на сите народи и земји на Балканот. Во Манифестот пишувало - ги повикувам сите народи, населени низ Албанија, Сербија, Мизија, Бугарија, Силистрија, Илирија, Македонија, Рашка, кои стенкаат под турскиот јарем, да одговорат на нашата побожна и татковска желба..да преминат сите на наша страна и да заземат оружје против Турците, за спас и ослободување и за напредок на хриситијанската религија.

Дваесетина дена подоцна,, на 26 април 1690 година, Царот Леополд, издаде Заштитно писмо (напишано на латински како и манифест) во кое тој конкретно се обраќа до Македонците.

Еве извадок од тоа Заштитно писмо:

‘Со ова известуваме дека двајца Македонци, Марко Карида, роден во Косана (денес Кожани) и Димитриј Георги Поповиќ, роден во Македонски Солун, ни изложија колку македонскиот народ, поради почит кон нашето најправедно дело, а со ревност кон нашата служба, со сериозна намера е готов да премине, поради преголемиот турски јарем, под наша заштита, доколку му биде дадена нашата милост и сигурно покровителство. Поради тоа согласно со нашата вродена добрина, милостиво го прифаќаме и го примаме под наша царска и кралска заштита, љубезно препорачувајќи им, поединечно и на сите наши воени заповедници, да не го напаѓаат споменатиот македонски народ, ниту да му причинуваат непријатности, туку според силите, секогаш и во секоја околност, да го заштитуваат, бранат и да му помагаат за таа цел. Воопшто, да му овозможат нему сигурност и увереност за да запазат повеќе наши царски и кралски права и слободи. Исто така допуштаме, со претходно знаење и согласностна нашиот тамошен главен командант, да се собираат во одред и одделно да дејствуваат или да се поврзат со нашите, за да можат така да имаат сила да се борат против заедничкиот непријател. За таа цел тие ќе се пријавуваат кај споменатиот командант, па според неговите наредби, со божја помош, нека ги чуваат нашите краишта за општо добро. Секој според силите да не пропушти  во секоја околност да соработува. Дадено во Виена на 26 април 1690 година‘.

Ова се неверојатни податоци, документи од нашето историско минато кои допрва ќе се откриваат и ќе кажуваат за Македонија.

 

На прво место

News image

ДИК ќе спроведува избори за Претседател на Република Македонија, а не Република Северна Македонија

ДИК ќе спроведува избори за Претседател на Република Македонија, а не на Република Северна...

Историја

News image

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Аристотел избркан од Атина зошто бил пријател на нивниот непријател Александар Македонски

Иселеници

News image

Анализа на ОМД: Од „Конечна Спогодба“ до „Failed State“ во 10 чекори

Десет причини зошто Република Македонија отстапува од си...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (11)

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА  ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА - II ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (72)

МЕШАЊЕ НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ, РЕЛИГИИ И НАЦИИ НА НАРОДИТЕ ОД ЗАПАД И ОД ИСТОК

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.