Среда, 25 Август 2010   
Од мемоарите на Трифун Михаилов (9. дел)
роден во 1925 година
с. Гугово Воденска околија


По некое време дојде еден мој пријател од моето село, Томе Џуклев, дојде во Родиво да ме најде за да биде со мене партизан. Ама по два, три дена го однесоа на друго место, тој му велеше на мајорот: Јас дојдов да бидам партизан со Трифун, со него сакам да бидам! Ама наредба си е наредба, после тоа никогаш повеќе не се сретнавме, незнам што се случи со него.

Еден ден носев една вреќа брашно во фурната, еден магационер работеше во селото, Мици се викаше, ми вели: Сам ќе ја носиш до горе?до фурната? - Зошто да не и тебе можам под другата мишка да те земам и да те однесам до горе! И навистина тој дојде, јас како партал го дигнав и го однесов до фурната. Кога го пуштив тој ми вели - Ти добро му велеше на тој гркот Грегори да на се задева со тебе, ама тој не те послуша, епа добро му направи!

По неколку дена дојдоа и ми велат да си ги соберам пљачките (алиштата) и треба да одиме. Добро реков, само да го прашам Вангел. Но, Вангел не ме пушти да си одам. Партизаните што остануваа тука во горно Родиво, се спремаа да го удрат  Владово и затоа јас морав да останам тука за да им печам леб.      

Кога влегле во Владово целата џандармерија ја уништиле. Имаше еден од Владово го викавме Оџа, тој прв влегол во зградата и се облекол како џандар, партизаните мислеле дека е еден од џандарите и го застрелале по грешка. Го донесоа до долно Родиво, над селото имаше едно изворче, таму често пиеја вода партизаните и тука го закопаа Оџата.

На другиот ден јас отидов за равнибор, па кај главниот штаб на Кајмакчалан. Додека одев накај Кајмакчалан, поминав покрај фурната кај што работев прв пат. Девојките кога ме видоа се израдуваа мислеа дека пак ќе работам со нив, ме гушкаа и плачеа. Но, ги разочарав кога им кажав дека само поминувам по овој пат и одам на друго место. На Кајмакчалан се собравме многу партизани, сите беа со некој занает, некоја струка. Тука имаше шнајдери, самарџии, ковачи и други струки и занаети. Таму за ручек имавме грав и се погоди куварот да ми е братучед чичи Васили (бате или чичи ние викавме на постари). Кога дојде ред да земам грав, јас ја подадов чинијата и гледам во неа колку ќе ми стави и чекам, чекам, кога му се испулив кога гледам чичи Васили. Им даде набрзина на другите и ми вели: Дојди во мојата колиба, таму ќе си позборуваме. Цела ноќ останавме со него, си зборувавме. После ми вели: Легни си одмори се малку, оти ве чека долг пат! Тој беше постар од мене и знаеше каде ќе одиме, рече дека ќе одиме во областа Ипиро.

Утрото рано сите се собравме, ни поделија сува храна леб и мармелада. Братучед ми ми даде уште пола леб, рече ќе ми се најде. Инаку тој беше ранет во двете раце и тоа многу лошо и затоа тој остана таму како кувар. Се поздравивме и ние заминавме, а тој остана во Рамнобор.  

Одевме цел ден и цела ноќ, бевме голема група, оружје немавме. Оружје имаа само неколку души и тие ни беа како водачи т.е. курири. Тие го знаеја патот, затоа што поминале неколку пати по истиот пат. Поминавме покрај колибите на Кајмакчалан, над селото  Жерви, над селото Чеган и вечерта стигнавме во селото Попадија, Леринско. Таму останавме цела ноќ и цел ден, неможевме да продолжиме затоа што бевме многу уморни од долгото пешачење.

Вечерта тргнавме понатаму покрај селото Раково над селото Був и преку местото Бела Вода испаднавме во селото Писодери. Тоа беше слободна територија и таму се движевме послободно, дење и ноќе само одевме со малку одмор. Кога поминувавме покрај Албанската граница, албанските војници не пуштаа да поминуваме и во нивната територија. Особено кога беше опасно на нашата територија ние одевме преку албанската територија. Стигнавме во Преспа после незнам колку  денови пат и на крај конечно стигнавме и во Ипиро во едно село Ликорахи.

Тоа село беше напуштено таму се одморивме малку и пак тргнавме за село Жерма кое што беше нашата крајна дестинација. Во ово село и останавме да работиме. Тука имаше секакви занаетчии, а најповеќе шивачки. Мажи немаше многу беа само девојки кои шиеја одела за партизаните. Мене веднаш ме распоредија во фурна со еден мој колега од Воден, се викаше Ѓорѓи Хаџи и со него почнавме да печеме леб. И ова село беше напуштено, си работевме слободно. Но ние бевме само двајца и работевме нон-стоп, не можевме да постигнеме да печеме доволно леб. Додека работевме заедно некако одеше работата, но после не разделија за повеќе леб да печеме, но стана полошо.
Сами не можевме и побаравме барем ноќе да ни дадат помошник. Ни дадоа за преку ноќ по една девојка да ни помага и малку ни олесна. Вадевме по дваесет леба, по две фурни кога бевме сами и со девојките по две фурни, ама бевме по одморни, имаше време и да поспиеме малку. После неколку дена ни ги зедоа девојките и пак останавме сами. Една вечер се успав и лебот ми изгоре малку, но тој ден среќа поминуваше еден батаљон партизани во ова село, и лебот го разграбаа без да приметат нешто, затоа што беа гладни. Во тој батаљон се погодија и девојките од фурната на Кајмакчалан, со кои што работевме заедно. Слушнале дека сум во фурната и дојдоа да ме видат. Како да бевме некои роднини, ме гушкаа, ме бацуваа и плачеа од радост дека повторно се видовме. Тие тука требаше само да се одморат и да продолжат понатака, останаа само неколку саати. Јас им дадов по еден сомун леб, за по пат да им се најде. Едната девојка се викаше Лукија, а другата Кристало.

На одење Лукија ми рече: Ајде Здраво! Можеби повеќе нема да се видиме! И навистина така станало. Другарите што биле со неа во една борба ми кажаа дека во градот Коница ја погодија во чело и на место остана мртва.                                                                                           

Ние продолживме да печеме леб, по четириесет  сомуни леб вадевме, дење и ноќе. Еден ден се успав и лебот ми изгоре, одозгора беше ептен изгорен. Сабајлето кога дојдоа да го земат лебот, го видоа изгорен и веднаш ме викнаа кај главниот, во штабот.    

Сакаа да ме судат, се собраа во школото и сакаа да ме стрелаат. Толку беше строго, секое парче леб беше драгоцено за партизаните. Но, во тој момент  дојде мојот другар и колега, Ѓорѓи Хаџи со автомат и почна да им се заканува на сите - Ако го стрелате него, јас вас ќе ве стрелам! Како може еден човек без спиење да работи дење ноќе, без да се одмори!? Тогаш малку се смирија и ме ослободија. Јас му се заблагодарив на Ѓорѓи што ми го спаси животот. На другиот ден ме пратија во главниот штаб на западна Македонија како стражар на штабот.

Таму не бев многу, можеби еден месец. Еден ден ме викнаа во штабот и ми дадоа едно ливче на кое пишуваше од  каде и до каде одам. Бевме шест души, одевме дење и ноќе два дена. Стигнавме на одреденото место и се јавивме кај одговорниот. Не распоредија во батаљонот на мајор Љакопулос, кој, каде и со кого. Мене ме ставија во една чета од пеесет души ЛОХО (значи одлучни), со најдобри и најхрабри борци. Ние сите бевме сложни, каде ќе речеше нашиот командир таму одевме, без страв. Секогаш имавме храна со нас, а кога ќе ни снема командирот само ќе речеше: Момци што велите, одиме по храна? Ние сите едногласно одговаравме: Одиме!

Командирот ни беше многу добар, сите не сакаше, беше храбар, тој ич не се плашеше. Во напад одеше прв, беше одличен пример за нас млади партизани. Се викаше Павле, а надимак му беше Флога (пламен по грчки).

И ние бевме храбри и способни, каде што не можеа да се справат партизаните не викаа нас на помош. Бевме како специјална единица, способни за секаков терен и спремни за секакви ситуации. Имаше еден рид се викаше Клефти (по македонски тоа значи крадец), таму три дена водеа борби партизаните. Тоа место не беше далеку од нас, дојде курир со писмо и бараа помош од нас. Флога не собра и ни кажа дека треба да одиме и да им помогнеме на нашите браќа.    Ние сите сложно викнавме: Одиме!

Командирот секогаш зборуваше гордо, насмеано и нас ни беше ќејф да одиме било каде со него. Цел ден одевме и навечер стигнавме на местото, бевме уморни но, сепак расположени. Седнавме да се одмориме, а командирот отиде да го разгледа теренот. Со неколкумина нивни луѓе тргнавме накај ридот. Стигнавме пред да се раздени, во мугрите. Наредба имавме да се земат повеќе рачни бомби, муниција и сите бевме со автомати. Никакви ранци по нас ништо освен муниција, базуки и автоматите. Договорено беше командирот да пука со црвена ракета, тие по некогаш пукаа со бели и со зелени ракети и тоа ни беше знакот за напад. Командирот ни рече да се доближиме што поблиску. Кога се доближивме доволно блиску, се гледаа бункерите, тогаш ја видовме црвената ракета. Сите веднаш тргнавме во напад,  јуриш! Со против тенковските ракети пукавме, тие беа многу опасни, паника ги фаќаше кога ги слушаа. Беше многу силна борбата, но не траеше долго, околу пола саат, почнаа да излегуваат од бункерите и да бегаат. Така го зазедовме Крадецот (ридот). По малку време дојдоа и другите партизани и ние им го предадовме ридот. Во оваа битка имавме и мртви и ранети и останувавме се помалку и помалку, а никој не доаѓаше во нашата единица. Од таму се вративме назад.

Се собравме во еден трап цела војска, на една ливада и командирите решија да одиме да удриме едно мало гратче  (незнам како се викаше). Нашата чета беше на еден рид поставена како заштита на партизаните кои поминуваа тука, тие што отидоа да го нападнат градот. А ние останавме да го чуваме ридот. Ние кај што бевме на тој рид ги видовме монархофашистите како се движат, тоа беше околу десет часот. Ние ги чекавме, бевме спремни. Кога почнаа да напаѓаат имаше трубач кој што почна да свири напад. Во тој момент толку ми се нажали душата, ми се плачеше од мака, некако тие беа поорганизирани, сите заедно напаѓаа, имаа и сојузници... А ние се боревме без доволно оружје, без никаква помош!
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.