Среда, 25 Август 2010   
Македонија во праисториско време
КАМЕНА АЛАТКА ОД ЛОКАЛИТЕТОТ КРИСТОФОРОВО (БИТОЛСКО), ПАЛЕОЛИТ

praistoriska-makedonijaКамена алатка од Ашелска култура, тн. “ашелски клин”, од бел кварцит со цр-венка во зелени ленти, од Палеолитот, пронајден од францускиот истражувач Etie-nne Patte. Локалитет Кристофорово (Битолско).

Универзитетска колекција на Етиен Пат во Поатје, Франција

ОРУДИЈА И КОСТУРИ ОД ЖИВОТНИ, ОД НАОЃАЛИШТЕТО “ПЕШТЕРИ МАКАРОВЕЦ” (ВЕЛЕШКО)

Камени орудија и костури од животни( хиена, вилк, пештерски лав, лисица и сл.) од локалитетот “Пештери Макаровец” (северозападно од Велес). Истражувањата на Природонаучниот музеј од Скопје укажуваат дека орудијата се од доцната фаза на Палеолитот, веројатно во кругот на културите “Орињасиен” и “Граветијен” (40.000-20.000 г. пр.н.е)

КАМЕНИ ОРУДИЈА ОД РЕГИОНОТ НА ОСОГОВО

Камени орудија од регионот на Осоговските Планини. Сознанијата упатуваат на стариот Палеолит и на Абвилијенската култура која хронолошки и културно се определува како дел од Ашелската.

Хрватска академија на науките и уметностите -Загреб

КЕРАМИЧКИ САД ОД КУЛТУРНАТА ГРУПА “ВЕЛУШИНА-ПОРОДИН”

Керамички сад од културната група “Велушина Породин”, определен според наоѓалиштето “Велушка тумба” кај Велушино и “Тумба” кај Породин, обете во Битолско, од времето на Неолитот. Културата е со конзервативни локални обележја без блискости и влијанија во однос на околните подрачја. Во оформувањето на оваа културна група и пошироко, Неолитот во Западна Македонија, дошло до израз мешањето на традициите на двата големи неолитски комплекси: балканско-анадолскиот и јадранско-медитеранскиот.

ОКАРИНА, МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТ ОД НЕОЛИТОТ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ “МРАМОР” КАЈ ЧАШКА (ВЕЛЕШКО)

Окарина, мал топчест музички инструмент со три дупчиња, со звук на флејта, од Неолитотот (6.000 години пред нашата ера) од архелошкиот локалитет Мрамор кај Чашка (Велешко), пронајден од велешкиот археолог Тројанка Јовчевска во 1989 година.

Окарината е изработена од пречистена глина, има неправилна топчеста форма со дијаметар од 4,7 сантиметри и шуплива внатрешност. На инструментот има три отвори распоредени во форма на тријаголник. Окарината од Македонија претставува мала топчеста флејта, а со ист таков облик е пронајдена во Кина, стара 7000 години пр.н.е. Овој факт докажува дека во древна Македонија одамна постоела развиена цивилизација, слична на таа во древна Кина. Окарината се чува во Музејот на град Велес.

САДОВИ ОД “ УСТЈЕ НА ДРИМ”, СТРУГА

Остатоци од од садови од локалитетот “Устје на Дрим”, Струга, определени според истоимениот локалитет, лоциран во Струга на истекот на р. Црни Дрим од Охридското Езеро. Наодите се со непосредни врски со источно-јадранските и доцно-неолитски култури.

САДОВИ ОД АНГЕЛЦИ-ЗЕЛЕНИКОВО

Садови од културната група “Ангелци-Зелениково II”, од Повардарјето и Источна Македонија, Доцен Неолит. Во нив се видливи влијанијата на Виничанската неолитска култура ( од северен и среден Балкан).

ТУМБА “МАЏАРИ”

Тумба од локалитетот “Маџари”. План на дел од неолитската населба во која куќите биле густо групирани .

РЕКОНСТРУИРАНА КУЌА ОД ГОВРЛЕВО, ЗЕЛЕНИКОВО

Кадар од реконструираната куќа од неолитската населба Говрлево, Зелениково. Од остатоците на десетина такви живеалишта откриени при археолошките ископувања се дознава за основата (подот) на куќата со лежишта на столбови, фрагменти на лепеж од sидовите и од внатрешни објекти: мелници за жито составени од големи елипсести камења, справи за изработка на текстилни производи (игли од коска, прешлени за вретена и кера-мички макари со траги на разбој и керамички тегови за оптегнување на ткаеното платно).

КЕРАМИЧКИ САДОВИ ОД “АМЗАБЕГОВО” (ОВЧЕ ПОЛЕ)

Керамички садови од локалитетот “Амзабегово” (Овче Поле), од Неолитот, кога за прв пат започнува широка примена на керамиката, која заедно со земјоделието, станува основно обележје на оваа епоха и ја диференцира во однос на претходните. Затоа, младото камено време се нарекува и керамикум те. епоха на керамиката.

ЖРТВЕНИЦИ, КУЛТНА ПЛАСТИКА ОД ЛОПАТЕ, ПОРОДИН

Триножни и четириножни жртвеници- керамички култни предмети од локалитетот “Лопате”, Породин, изработени од глина. Неолит. Во горниот дел се обликувани кружно во форма на чашка, како и садовите (садче налепено на масичка). Дополнети се со врежани или испакнати мотиви и орнаменти (низи од тријаголници, цик-цак, спирали, меандри и сл.) Во нив се ставало млеко, масло, крв, жито, брашно и сл, кои луѓето преку овие предмети им ги жртвувале на на натприродните сили. Можно е во нив да се палеле обредни материи (горење, осветување, кадење и опивање).

КЕРАМИЧКИ САД ОД “МАЏАРИ”, СКОПСКО

Керамички сад од локалитетот “Маџари”, Скопско, од Неолитот. Керамиката била украсувана, завршна пластична доработка, со техника на тридимензионална доработка на глината пред и по печењето на садот. Во науката се користат следните техники: Барботин, Импресо, жлебење (врежување), полирање и пластично украсување. Садот религиски го симболизирал микрокосмосот, бил идол и магиско средство.

БОЕН И ЛУКСУЗНО ОРНАМЕНТИРАН КЕРАМИЧКИ САД ОД МАЏАРИ, СКОПСКО

Боен керамички ссад од локалитетот “Маџари”, Скопско, од Неолитот. Луксузно орнаментирана и боена керамика наменета за потребите на култот. Живописните бои и орнаментиката укажуваат на големата вештина, чувство и афинитет во работата со бои на неолитскиот човек на тлото на Македонија. Во таквиот полихромен дух биле боени и другите елементи во амбиентот во кој егзистирал човекот (sидови на куќа, олтари и печенки од плитар и сл.), потоа елементи од кожа, облека и сопственото тело (пинтодери), кои не се сочувани. Во боењето се среќаваат техниките: монохромно боење и полирање, орнаментирање со посни бои и инкрустрација.

ЖРТВЕНИК НА ГОЛЕМАТА МАЈКА, ОД ЛОКАЛИТЕТОТ МАЏАРИ (СКОПСКО)

Жртвеник на Големата - мајка (Богинка на плодноста), култна пластика, про-најдена на локалитетот Маџари (Скопско). Антропоморфна статуетка од Средниот неолит. На статуетката е прикажан и накит. На подлактиците и надлактиците носи белезници, а под вратот гердан. Фигурата на симболот Голема Мајка ги персонифицира функциите на жената-мајка-родилка. Како резултат на тоа бил создаден моќен симбол и божество (“Мајка-Земја”), што било од големо егзистенционално значење за неолитскиот човек. Подоцна овој сложен симболички систем ќе се вградува во сите наредни религии и митологии, дел од кои и денес, по десетина милениуми, сеуште егзистираат. Симболиката е: од Мајката-Земја произлегува се; таа повторно го оживува и раѓа покојникот; таа е са-мата куќа; посветени и се многу предмети околу огништето; садот е нејзината ут-роба.

Музеј на Македонија -Скопје

ПЕХАР ОД ГОРУБИНЦИ

Пехар од локалитетот Горубинци. Среден по големина, подигнат на конусовидна нога, со широко устје. Изработен е во висок квалитет, боен е монохромно, полиран и украсен со богата орхаментика. Имал култна намена за принесување дарови на натприродните сили.

КЕРАМИЧКИ САДОВИ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ АМЗАБЕГОВО

Керамички садови од локалитетот Амзабегово- Овче Поле, од Раниот неолит, се чуваат во Музејот на Македонија - Скопје.

ГРАНИЦИ НА АМЗАБЕГОВО-ВРШНИЧКАТА КУЛТУРНА ГРУПА ВО СРЕДНИОТ НЕОЛИТ

Историска карта за границите на Анзабегово-Вршничката културна група на територијата на Македонија во средниот неолит. Оваа културна група граничела со Велушко-Породинската група на југозапад и Групата Галабник , на североисток. На картата се лоцирани археолошките локалитети кои спаѓаат во Анзабегово-Вршничката културна група: 1. Тумба , Д. Палчиште; 2. Тумба Маџари; 3. Церје, Говрлево; 4. Средсело, Мршевци; 5. Слатина, Зелениково; 6. Чашка; 7. Чаковец, Ресава; 8. Атици, Црничани; 9.Страната, Ангелци; 10. Бој-ковци-Канли чаир - Дамјан; 11, На Брег, М.Нагоричино; 12. Амам, Лопате.

Драгиша Здравковски, За границите на Анзабегово
-Вршничката културна група, Macedonia acta archeologica, 11, стр. 52

КЕРАМИЧКИ САД ОД ЦРНОБУКИ, БИТОЛСКО

Дел од керамички сад од локалитетот “Црнобуки”, крај Битола ( Пелагонија), од Енеолитот. Во околината на Битолско биле пронајдени богати енеолитски населби: Карамани, Кровари, Суводол и Црнобуки., а во Прилепско, Врбјани и Чепигово. Содржат важни факти за релациите на ова подрачје со североисточните јадра на балканскиот енеолитски комплекс.

КЕРАМИЧКИ ИДОЛ ОД СУВОДОЛ, КУЛТУРНА ГРУПА “ШУПЛЕВЕЦ - БАКАРНО ГУМНО” ПЕЛАГОНИЈА

Керамички идол, култна пластика од локалитетот Суводол, што и припаѓа на културната група “Шуплевец - Бакарно Гумно” (Пелагонија), преку која се дефинираат специфичните белези на локалната македонска култура од периодот на Енеолитот, определена како посебна енеолитска културна група наречена “Шуплевец - Бакарно Гумно”, според двата главни локалитета во Пелагонија “Шуплевец” кај Долно Ореово т.е. Суводол, и “Бакарно Гумно” кај Чепигово.

БРОНЗАНА СЕКИРА ОД КРАВАРИ, ОД БРОНЗОВО ВРЕМЕ

Бронзана секира пд локалитетот Кравари, Битолско, од почетокот на Бронзеното време. Легура од бакар и калај. Примената на бронзата во алатките за секојдневниот живот и во оружјето предизвикало големи технолошки промени на енеолитската култура. Бронзеното време во Македонија трае од 2.300/ 2.200 до 1.200 г.пр.н.е., а со Преодниот период до 1.100 пр.не.

БРОНЗАНИ САДОВИ ОД КАНИНО, ПЕЛАГОНИЈА

Бронзани садови од локалитетот Канино, Пелагонија од Рано бронзово време (2.300- 1.700 г. пне.. Во Пелагонија и други делови од Македонија дошло до прекин со старите традици на енеолитот. Биле воведени нови културни обележја сврзани со експанзијата на новодојдените популации од Подунавјето и северните делови на Балканот (последниот бран на Индоевропејци). При тоа дошло до процес на асимилирање на новодојден-ците, поради што се задржал одреден степен на континуитет со постарите енеолитски традиции. Обележјата на новодојдените популации под влијание на староседелците, веќе биле асимилирани и вклопени во нивната помоќна култура.

ГРОБ ОД МАРКОВА СУШИЦА, ОД РАНО БРОНЗОВО ВРЕМЕ

Гроб од локалитетот “Маркова Сушица”, од Раното Бронзено време (2.100 - 1800/1700 год. пр. н.е.) Сложените етно-културни промени на Балканот од последниот индоевропски бран, некои научници ги поврзуваат со Пеластите те. Пелазгите, а други со претците на останатите старобалкански народи Тракијците, Илирите и други. Покрај, археологијата, лингвистиката дошла и до поинакви зак-лучоци. Имено, дека во Раното бронзово време во Централниот Балкан се населиле последните бранови на Индоевропејците (индоевропеизација на Балканот, започната уште во Енеолитот). Според современите теории, во рановбронзовите култури и популации на Балканот не треба да се бара некој конкретен народн познат од следните периоди, туку во нив да се гледа некогашното заедничко етно-културно јадро од кое во идните векови ќе се издвојат неколкуте идни старобалкански популации те. Нивните јазици (Дако-мизискиот, Тракискиот и Бригискиот). Во прво време тие имале заеднич-ки погребен обичај (погребување под могили).

КУЌАОД ЛОКАЛИТЕТОТ СКОПСКО КАЛЕ ОД ДОЦНО БРОНЗЕНОВРЕМЕ

Куќа од Доцно бронзено време, 1.100 години пр.н.е., откопана од архео-лошките истражувања на скопската тврдина Кале, во 2007 година. Куќата е изградена од камен, со долгнавеста форма и полукружен завршеток. Има неколку дупки од големи масивни колци и греди што го држеле покривот. Во куќата се пронајдени фрагменти од керамички садови и печка за месење леб.

Археологот Драгиша Здравковски смета дека периодот од кога датира куќата е 80 до 100 годиини по Тројанската војна, кога се случувало рушење на населбите на Балканскиот Полуостров. Во тоа време имало голема преселба на народите од Централна Европа кон Египет и тогаш имало големи уништувања на населби. Претпоставка е дека и оваа куќа настрадала тогаш. Новооткриената куќа од бронзано време е единствен примерок од тоа време во Република Македонија, а вакви примероци се пронајдени и на два локалитети во Република Грција.

Калето крие бронза, в. “Шпиц”,Скопје,
год.II, бр.293, од 18 мај 2007, стр 18;
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.