|
|
| Поделбата на Македонија |
|
Пишува: Трајче Т.ТРАЈКОВСКИ МАК ФМ радио Перт АУС Најтрагичната судбина со далекутрајни последици последици што ја доживеа Македонија и Македонскиот народ е со поделбата на неговата геогравска и етничка целина во 1913 година, по својата трагика овај настан е не споредлив дури и со пет и пол вековното владеење на отоманите во Македонија, таа беше распарчена на четири дела и подложена на четири кратно ропство со еден квалитетно нов и поопасен момент, национално обезглавување и асимилација со невиден притисок и терор, сето ова беше санкционирано со двата договори со кој се ставаше крај на балканските војни во Лондон и Букурешт. ![]() Да потсетиме Лондонскиот договор е потпишан на 30 Мај или 17 Мај стар стил во 1913 година и ги санкционирал воените успеси на Српско Бугарските и Грчките војски против отоманската империа, првата Балканска војна од 18 Октомври до 4 Декември 1912 година кога турција притисната од сите страни барала примирје, по распарчувањето на Македонија поробителите останале покрај својот плен некои од нив незадоволни од распределбата, на пример Српските барања биле насочени кон вардарската долина, а грчките барања биле насочени кон делови на беломорскиот крај и ексклузивно право на Солун. Белград и Атина на 1 Јуни 1913 година потпиешуваат таен договор за заедничко дејствување а веке Бугариа ги напаѓа своите довчерашни сојузници, кон средината на Јуни на страната на Србија и Грција се приклучува Романија а потоа и Турција, притисната од сите страин Бугарија бара примирје и така на 10 Август или 28 Јули (стар стил) 1913 година доаѓа до букурешкиот договор со кој се извршени извесни корекции во претходната распределба на Македонија а териториално профитирале и Романија и Турција со одземање на извесни територии од бугарската територија. Сојузниците неприатели на отоманската империја Србија Грција и Бугарија кој од првата балканска војна на Македонскиот народ му се покажале како ослободители од пет и пол вековното ропство за кратко време го покажале сето црнило од под нивните нокти, иако сите три сојузнички војски во својот состав користеле македонски доброволци во првите борбени линии тие во никој случај немале намера до дозволат создавање на македонска држа во која македооскиот народ би живеел слободно како и останатите народи на балканот. Зафатени со распарчувањето уште во Лондон потписниците на Лондонскиот договор го игнорирале гласот на Македонија пропратен преку Петрогратскиот комитет предводен од Димитрија Чуповски што им бил доставен во вид меморандум, барање за самостојна Македонска држава во рамките на своите етнографски и историски граници, единствена, не деллива, и не зависна балканска држава со сопствено усродство со што им било и приклучено барање за возобновување на Охридската Арихиепископија. Подолбета на македонија претставува злочин досега невиден во историјата на човештвото таа е поделена иако на никого со ништо не погрешила, поминаа 97 година од тој гнасен чин на грабеж а таа сеуште е поделена и распарчане, кого треба да го обвинуваме за состојбата во која се наоѓа денеска Македонија, распарчена, разграбена понижена и не призната скоро од никого ?????? Република Македонија е во процесс на меѓународно признавање но тоа признавање треба да признаеме е парцепиално признавање затоа што скоро две третини од Македонија сеуште се окупирани и заборавени тие живеат живот еднаков на оној од времето на најцрниот колонијализам, кого треба да обвиними за ситуацијата во која Македонија се наоѓа Македонија ??? лесно е да се фрли вината на другите и да се растовариме од сопствената вина но повеке од сите други самите сме виновни што Македонија е сеуште поделена ин а емагинарите наполно да исчезне за секогаш, дур ии егзистенцијата на Република Македонија е во прашање доколку се дистанцира од останатите поробени делови, соседите не се виновни тие се како и сите други колонизатори кој ги држат поробени и окупирани. Сите ние сме сведоци како во дваесетиот век сите континенти еден по друг се ослободуваа од доминацијата на Европските колонијалисти, на крајот ние македонците останавме меѓу малкуте народи во светот што сеуште им веруваме на нашите окупатори, вината е вон ас, вината нее во нив затоа што дозволивме разни изроди да манипулираат со нашата свест и подсвест, цели рамни ит ешки 97 години на македонците му се сервираат лаг ии заблуди дека бес помош од страна сами не можеме да опстанеме, цели 97 години нашата свест и подсвест е филувана со негативности дека сме биле не способен народ, дека нашите капацитети и можности биле на многу пон иско ниво од оние на нашите окупатори, ропскиот менталитет наследен од пет и пол вековното турско ропство продолжи и по доаѓањето на новите окупатори и тоа трае се до ден неска. Веруваки слепо во заблудата дека наведната глава сабја не ја сечи ние македонците останавме со децении зад прогресивноста на современото човештво а сите знаеме дека сабјите веке и оддамна во употреба, нај опасното оружје за нас македонците нее ниту автоматското ниту хемиското, нее ни атомското толку опасно колку што е психолошката војна која држи цели народи во страв и зависност се до нивното целосно уништување, мозоците на Македонците се денонокно перени дека не сме способни сами да ја превземеме нашата Македонска судбина во свои раце а всуштност ние сме тие од кој зависат нашите поробители и нивните македонски лакеи, во Македонија Балканските поробители ке мора да бараат нов начин за да опстанат а не како досега со паразитство и експлоатација. Најголемата пречка за нас Македонците е наследниот ропски менталитет најпрвин ке треба со него да расчистиме, ке треба да веруваме во самите себе, Македонската историа е полна со светли примери кој можат да ни ја повратат верата во самите себе, проучувааки ја нашата историа секој ке биде горд на нашето Античко македонско потекло, а не со тоа што друг го трансформирал прекрстувааки го и отуѓувааки го од својот род и пород тој процесс е веке почнат, нее далеку денот кога ке биде окончан во сите делови во Македонија и диаспората, секој е горд на своето Македонско потекло, за да го забрзаме тој процесс ке треба да расчистиме со многу заблуди во кој слепо веруваме како на пример србизмот, југословенизмот, грцизмот, бугаризмот, славјанизмот и нивните сурогати и перење на мозоци, наместо в о ние треба да веруваме во Македонизмот, Македонизмот на секој македонец треба да му биде како насушен леб, како вода и воздух или поедноставно како единствен смисол за живот, сите ние треба да мислиме како еден кога е во прашање Македонија, за да се обединиме, без духовно обединување на македонците залудна ке ни биде борбата за обединување на Македонија, Македонија е единствена цел со која можеме да се обединиме и како народ, обединети духовно полесно ке ја обединиме М акедонија како што тоа го сториа Германиците без крвопролевање и војни, верувам дека 10 Агуст 2013 година ке истечат сите тие договори кој се правени за и околу Македонија, доколку не ни се случи некој нов договор сличен како оној охридскиот, треба сите ние да веруваме дека секој договор кој се прави за Македонија е на штета на нас Македонците а како пример ке ги наведам: Букурешкиот, Берлинскиот, Версајскиот, Лондонскиот, Охридскиот, Сан Стефанскиот ... |


























