|
|
| Преживеаните борци од Граѓанската војна во Грција: Димитар Угриновски |
КОГА КПГ ИМАШЕ ПОТРЕБА ОД НАС МОЛЕШЕ, ВО СПРОТИВНО МОЛЧЕШЕ![]() Господинот Димитар Угриновски е роден во далечната 1920 година во селото Тадиново, Пазарско, кое за време на Османлите се нарекувало Ениџе Вардар. Кога на 28 октомври 1940 година Италија се обиде да ја окупира Грција двајца негови браќа биле мобилизирани. Во 1941 година, Димитар заедно со своите другари доброволно стапил во грчката армија, со цел да го даде својот придонес. Веднаш бил испратен на фронтот во грчко-италијанската војна, а по неколку дена, по наредба, заминал во Корча-Албанија, која во тоа време била ослободена од регуларната грчка армија. Таму се сретнал со неговите браќа. Подоцна бил прекомандуван и заминал во Атина како телеграфист. Угриновски раскажува дека кога Хитлер го нападнал Балканот, не ја поштедил ниту Грција. Се потсетува и на настаните кои во тој период се одиграле во грчката престолнина, како што било бомбардирањето на фабриката за оружје. При бомбардирањето имало жртви, а и тој настрадал, односно несакајќи бил ранет од негов другар. Раскажува и за бомбардирањето на еден брод во кој, за среќа, не се нашле тој и неговата група, зашто претходно дошло до поделба на четите. “Во Атина, во тоа време - објаснува нашиот соговорник - постеше голема криза. Народот беше изгладнет, а страшна беше глетката на мајките кои ги молеа Германците да им дадат храна за дечињата. Ние баравме да се вратиме во Солун, но не известија дека со овој град непостои никакаква комуникација - ниту телеграфска, ниту патничка, и апсолутно не доаѓаше предвид никакво враќање. Најпосле се најде начин и со едно мало бротче тргнавме од Атина за Солун. Кога пристигнавме луѓето во моето село беа изненадени од тоа што се вратил, зашто тие и не знаеле дали воопшто сум жив. Сите изглегоа за да ме пречекаат, а по два-три дена заминав кај мојата свршеница, која живееше во друго село, Ѓупчево. Всушност, таму и останав како домазет”, објаснува Угриновски. ПРОТЕРУВАЊЕ НА ОКУПАТОРОТ“Следуваше - се потестува борецот - прилагодување на нови услови на живеење. Во ова село имаше стари комунисти уште од 1928 година. И моја прва задача беше да ги формираме првите келии на КПГ. Потоа формиравме реонски комитет од десеттина села, а јас станав негов инструктор и за грчките и за македонските членови. Поради бугарската инвазија врз македонското население за бугарски лични карти, на некој начин КПГ беше принудена да ги одврати од Бугарите и да ги приклучи во своите редови. Од друга страна, пак, македонскиот народ немаше никаква доверба кон Грците, затоа што претрпе многу удари од грчката политика”.Тој објаснува дека во партизанските единици се вклучил во 1944 година, конкретно во 30 бригада во четата минери, која имала цел да минира мостови, железнички пруги итн. Учествувал во многу саботажи и борби против окупаторот. Угриновски ги истакнува борбите во Кријавриши, во Кукуш, битката за градот Пазар . “Кога градот падна, речиси седумдесет отсто од него беше изгорен. Се боревме до крај. Во Кукуш 9.000 соработници на непријателот чекаат да дојдат Англичаните и да се смени окупаторот. Во најтешки услови, кога интервенциите на Англичаните беа потпомогнати од грчката Влада на Папандреу, 68 деноноќија нашата бригада се бореше за протерување на новиот окупатор. Договорот Либан предвидуваше национално единство, Гржета ( италијански град) крај на ЕЛАС, целокупната партизанска армија падна под ингеренција на генерал Скоби. Меѓутоа, со договорот на Варкиза на 2 февруари 1944 година се дојде до решение ЕЛАС да го положи оружјето, зошто се случи големо предавство. Партијата воопшто не требаше да се согласи со таков договор, а 90 отсто од народот беше на наша страна. Со 100.000 борци нс армијата можевме да им се спротивставиме не само на Анлија и на Папандеру, туку и на поголема сила, зошто тогаш, на пример, Кипар со 3. 000 борци ја победи Англија и создаде Кипарска држава, а ние не успеавме да добиеме слобода, независност на сопствената држава. Можевме да & се спротивставиме на Англија токму тогаш кога таа беше најслаба, и економски и стратешки, поради борбите со Германија...”, раскажува Угриновски. ВЛАСТА НА МОНАРХОФАШИСТИТЕПо доаѓањето на монархофашистите на власт, во Грција се развивал жесток терор, затворите и егејските острови биле полни со депортирани борци. Но, најлошо било за учесниците на ЕЛАС, кои биле прогонети од своите домови.“Уште во 1945 година, кога бев прогонет, се вклучив во новото движење, НОФ. Моја првостепена задача беше, по тајни кани, прибирање прогонети борци, и до крајот на октомври сите н# префрлија во Гевгелија. Пролетта 1946 година повторно да се вратиме и ги почнавме првите активности против новиот окупатор. Бев секретар на Ениџе Вардар, дадовме голем придонес во омасовување на движењето. Партијата беше принудена да го признае НОФ затоа што почнувајќи од Источна Македонија, Пајак Планина, Кожув, Кајмакчалан и Вичо, цела таа верига од населението беа Македонци и без нив предвид не доаѓаше предвид движењето. Секоја војна си има цена. Изгубивме многу луѓе. Според мене, с# ова не требаше да се случи”, потенцира Угриновски. По грешките кои ги направи Грција не само кон сопствениот народ, туку кон Егејска Македонија, сега се поставува прашањето дали Македонците требаше да земат учество на фронтот? “Мое мислење беше и с# уште е дека ние, без разлика каква политика се водеше во Грција и во време на ЕЛАС и во време на ДАГ, требаше да земеме учество и да дадеме својот удел во таа ситуација, затоашто при евентуално ослободување на Грција во целина, ако македонскиот субјект не учествуваше во тоа движење, тогаш со какво право ние Македонците ќе баравме национална слобода, културна и историска. Всушност, на 25 март 1949 гпдина во село Нивици се одржа Вториот конгрес на НОФ, на кој бев делегат. На когресот беше усвоена резолуција, а Захаријадис, секретат на КПГ, рече дека при ослободување на Грција, македонскиот народ ќе има свои национални, социјални и други права, дури и право на отцепување и формирање сопствена држава во рамките на балканската федерација. По крахот на ДАГ дел од единиците се префрлија во Албанија и во Бугарија. Кога на крај видов дека немаше услови за работа, јас со својот кадар, како секретар на Ениџе Вардарско, и член на окружниот комитет на НОФ, бев принуден и се префрлив во Гевгелија. Оттаму во 1949 година дојдов во Скопје и оттогаш до денес сум овде”. Дали доколку успееше војната, КПГ, односно Захаријадис, ќе го исполнеја ветувањето? “Крајна цел на оваа декларација беше по секоја цена да се задржи македонското население во рамките на движењето. Постоеше надеж дека по ослободувањето македонскиот народ ќе има слобода, свој јазик, култура, обичаи, с# што му припаѓа. Дали ќе се формираше посебна македонска држава во рамките на балканската федерација ќе беше не само прашање на Грција, тука и на Бугарија и на Југославија. А во однос на македонското прашање КПГ играше топло-ладно. Кога имаше потреба, пред борби молеше, кога немаше потреба од наши борци, молчеше”, вели Угриноски. Од книгата Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните Жаклина Митевска Ташко Јованов |


























