|
|
| „Реформи“ за борбата во Македонија (16 август 1903 г.) |
Борбата во Македонија предизвика такво воодушевување во срцата на многумина младичи во странство, што некои од нив решиле да ги остават и коските за слободата на херојските Македонци. Такви борци се јавиле од Чешка, од Одеса и други места. Дури и еден потпоручник од српската армија, родум Македонец, ја напуштил војската и влегол во редовите на македонските востаници. Јавуваат од Италија дека некои од италијанските гарибалдинци се готвеле да се борат за слободата на Македонија.
„Реформи" (София) 36 (16.VII 1903); Странскиот печат за Илинденското востание. Скопје 1953, стр. 72. АПЕЛ НА „МАКЕДОНСКИТЕ КОМИТЕТИ" ОД ЊУЈОРК И ФИЛАДЕЛФИЈА * Септември 1903 г. Плач од Македонија Она што Павле го виде во духот, визијата на човекот од Македонија, кој го повикуеаше него да му помогне на неговата земја, ние сега тоа го имаме пред нас. Од болките и од сиромаштијата резултираше востанието во Македонија, тоа беше крајност. Четириесет илјади Македонци беа принудени да ја преминат границата за во Бугарија. По извесно време во Македонија останаа бездомници, нивните добици и посеви се уништени, упропастени од гладот и студот. Секој еден од блиските сакаше да помогне во состојбата што ги надвладеа во оваа несреќна земја во последните две години и повеќе. Активната агитација на македонските револуционери крена на врстание дел од македонскиот народ. Турските власти се обидоа да ја задушат револуцијата со крајна жестокост на надмоќните сили. За правата и неправдите на Македонците ние сега не сме заинтересирани, но ние не можеме да не бидеме заинтересирани да им помогнеме на тие човечки суштества и сродни христијани, на невините жени и деца, што гинат по стотици и ќе гинат на илјади, најсвирепо, ако не е христијанска Европа и христијанска Америка да ги спаси. Комитет во Њујорк. Комитет во Филаделфија. G.N.Chakaloff anf S.J. Shoomkoff. The Macedonian Problem. Philadelphia 1904, р. 108-109 |