Среда, 28 Јули 2010   
Преживеаните борци од граѓанската војна во Грција: Атанас Ангеловски - Гарефи

НА ГРАМОС ГОРЕА И КАМЕЊАТА

Требаше ли да се случи Граѓанската војна во Грција? Што од неа добија преживеаните борци? Одговорот би бил - освен болка во душата и забрана да се вратат во родните огништа, ништо друго.

atanas-angelovski-garefi_copyЗа своето учество во неа се потсетува и Атанас Ангеловски - Гарефи. Роден е 1928 година во село Лобаница, Костурско. Пред Граѓанската војна во Грција бил и во редовите на ЕЛАС, во 1943 година, кога се борел против фашистите. Бил и во ЈНА, со чин заставник.

“По демобилизацијата на ЈНА дојдовме во Скопје. Шест месеци работев во книжарницата 'Култура', која се наоѓа на скопскиот плоштад. Таму дојде Паскал Митревски и ме праша дали сакам да одам во Егејска Македонија, бидејќи таму ќе почне борбата. По два-три дена му се јавив и потврдно му одговорив. Тогаш имав 18 години, а бидејќи бев офицер во ЈНА ми рекоа дека ќе бидам одговорен за 75 луѓе, со кои преку Албанија - Тирана, ќе излеземе на Малимади. Така, во 1946 година застанав на чело на групата од 75 луѓе и со камион тргнавме од Скопје, влеговме во Албанија, Корча, Тирана, Билишта, Врбник, излеговме на Малимади. Ни беше речено дека таму ќе н# чекаат одговорните лица, ќе добиеме оружје, храна итн. Тоа се случуваше во октомври. На Малимади беше многу ладно, но кога стигнавме ја немаше 'врската', немаше оружје, немаше ниту храна. Минаа три дена, а младите луѓе од Скопје, кои беа со мене, ме прашуваа што се случува и ми велеа да се вратиме. Ги советував да се стрпат малку и дека ќе одиме во селото за да земеме храна. Се зближивме со народот, ни дадоа храна и повторно се вративме на Малимади. Но, грчката безбедност од Желево дознала дека пристигнале партизани од Скопје. Наредното утро дојдоа на местото каде што бевме скриени во Буката. Имаше магла, се движеа луѓе. Но, тоа не беа партизани, туку полицајци. Ние имавме само една италијанска пушка, со седум-осум куршуми. Им велам - ајде да направиме 'сефте', ајде да пукнеме. Ако погодиме никому ништо. Јас пукнав. Кога полицајците видоа дека еден од нив тој падна, избегаа. Отидовме и го најдовме ранетиот. Тој ни кажа дека тие што биле со него се полицајци од Желево, кои дошле по нас. Го пуштивме да си оди и му рековме да ги поздрави неговите и да им каже дека ние - партизаните сме тука. Потоа ја добивме 'врската' и почнавме да дејствуваме”, раскажува Гарефи.

СУДИР СО ПОЛИЦИЈАТА

Стариот борец објаснува како ноќе оделе по селата и собирале храна. Потоа се поврзале со НОФ. Дошле и други доброволци од селата и се формирала една единица од 150-200 луѓе. Добиле и оружје. Во тоа време оделе по селата каде што имало грчка полиција и ги напаѓале куќите каде тие биле сместени. Тоа биле селата Желево, Псодари, Габреш, Смрдеш. Успехот им бил делумен. Понекогаш се случувало грчката полиција да има загуби, друг пат партизаните. Тој раскажува и за случката во селото Вишини, кое се наоѓа по Вичо. Тогаш таму имало 22 полицајца, кои ги фатиле на спиење и им го зеле оружјето. Успешна акција имале и во селото Церешница. Всушност, во текот на 1946-1947 година немало вечер а да не се случило да не се во “контакт” со грчката полиција, да ги напаѓаат. На партизаните не им била потребна посебна наредба за тоа каде да одат, зошто постоела постојана наредба за пресметка со полицијата.

“Кога помина 1947 година се формираа големи одреди - баталјони, бригади, дивизии. Нашата организација НОФ се договори со грчката команда и ние влеговме во единиците на ДАГ. Кога пристапивме во нив ние немавме никаков чин. Според однапред покажаната храброст ни ги даваа функциите, командир на чета, баталјон... По 1947 година од Вичо се преместивме на Грамос. Тој пат од седумдесеттина километри пеш го минав можеби педесет пати. За мене тоа беше како прошетка. За нас денот беше ноќ, ноќта - ден. Дење се одморавме, а ноќе дејствувавме. Во 1948 година почнаа големите офанзиви на Грамос. Непријателите напаѓаа со 150 топови, имаа 100 авиони, многубројна војска, цела дивизија вршеше офанзива на тоа место. Но, не можеа да се пробијат, ние имавме добро заштитени ровови. Тие имаа 250-300 жртви, кои останаа на фронтот и телата им се распаднаа. Добија наредба и се повлекоа. Всушност, тука на планината Горуша бев ранет во ногата и се повлеков во болницата каде останав една седмица. Дојдов во Преспа, во местото Бела Вода, и повторно се вратив во единицата”, објаснува Атанас Ангеловски - Гарефи.

ОФАНЗИВАТА НА ЛЕРИН

Тој се потсетува и на говорот кој во 1949 година, во селото Желево, го одржал секретарот на Комунистичката партија на Грција, Захаријадис. Ги повикал сите поранешни офицери, полковници, генерали, и им соопштил дека привремената Влада на ДАГ, со седиште во Преспа, одлучила да го нападне Лерин.

“Во Лерин требаше да влезат 18. бригада, 105. бригада, 14. бригада, 103. бригада, како и две чети од Штабот на привремената Влада, офицери, потпоручници. Тој ни соопшти дека нападот ќе биде за два-три дена. По неговиот говор се вративме во единицата. Но, во ноќите до нападот се случуваше некој да ни побегне, да дезертира и да им соопшти на непријателите дека партизаните планираат да го нападнат Лерин. Ноќта кога тргнавме кон Лерин се крена парола дека Марко, кој беше командант на ДАГ, е болен.

Си велев - што требаше токму сега, кога одиме во битка, да кажат дека тој е болен. Партизаните ме прашуваа за што се работи и се уништи нивниот борбен дух. Сите бригади имаа добиено наредба од каде да нападнат. Јас бев на северната страна. Дојдовме во четири часот наутро. Тоа се случуваше на 12 февруари 1949 година. Но, како што колоните одеа за Лерин, така паднавме во заседа. Н# чекаа на разни места. Јас бев поназад со баталјон. Бевме голема сила од 13.000-14.000 партизани. Го предводев баталјонот 425, бригада 105. Имав задача да влезам во Лерин и заедно со мојата бригада да ја нападнам касарната. Но, излезе обратно, кога командантот кој беше пред мене претрпе огромни загуби, од Генералштабот добив наредба да извршам офанзива. Ми рекоа офанзивата да ја почнам на 1.033 метри надморска височина. Се искачив горе, а тие се повлекоа. Потоа повторно дојдоа, а ние се повлековме педесет метри назад, по што дојде друга наредба, за друга офанзива. По радиоврска му јавив на Генералштабот дека немам војска, имам многу ранети, а од таму ме информираа дека ќе дојдат двете чети на Генералштабот, офицерите. И навистина дојдоа. Околу 11 часот состојбата беше смирена. Бригадите се соочија со отпор и мораа да заземат позиции за напад. Прашав што се случува? Ми одговорија дека сите се на позициите, дошла сила од Кожани и затоа не сме можеле да скршнеме, се чекаше нова наредба. Наредбата дојде вечерта и според неа требаше да се повлечеме. Им велам - како да се повлечеме кога цел ден сме во офанзива, а имаме и жртви... Но, се повлековме, ги оставивме жртвите, оставивме с# што беше тешко рането. Со булдожер жртвите ги ставаа во дупката. Некои бараа помош, но не можевме да им ја пружиме. Од Лерин дојдовме во Буф. Од Генералштабот дознавме дека имаме многу жртви - 1.200”, се враќа Гарефи во сеќавањето на тие денови.
gramos
По битката за Лерин дејствувале и на други места, а во 1949 година се повлекле на Грамос.

“Беше страшно, гореа и камењата. На Грамос на непријателите им дојде на помош огромна сила. Всушност, добиле кредит од 350 милиони долари, со кои купиле топови, тенкови. Се боревме еден спрема десет. Тие имаа најмодерно оружје, а ние се боревме само со пушки и митралези. Тогаш разбрав дека грчката Влада сакала со нас да направи договор, но кога им пристигнала помошта тие решиле да н# уништат до крај, иако и тие на Грамос имаа многу жртви. Се боревме колку што можевме и на крај се повлековме. ДАГ капитулираше, по што заминавме за Албанија”, вели Гарефи.
Од Албанија тој заминал за Ташкент, каде што живеел 13 години. Таму работел во фабрика, а потоа завршил Земјоделски факултет.


Од книгата “Аргументи од црниот тефтер на жртвуваните”

Жаклина Митевска
Ташко Јованов
 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.