Среда, 26 Мај 2010   
Нова активност како резултат на собирот на децата бегалци во 1988
vmro-pert1990
Заедно со Крсто Шкодров од Перт, кој ми беше најблизок соработник уште од 1984 година, бевме многу активни во работата на Поткомитетот за Македонски човекови права во Перт, Западна Австралија, уште од неговото основање, па до крајот на 1990 година. Во оваа активност го вклучивме и Михаил Шариновски - Солунски. Секретар беше Јоте Кјандовски, кој беше влијателен активист и кој вредно си ја вршеше работата.

Во активноста на Поткомитетот за македонски човекови права се создадоа услови за мегјусебно запознаванје и соработка со патриотите од другите држави на Австралија. При крајот на 1989 година, се организира и одржа Македонска национална конференција на маке¬донските општини на Австралија, во која учествуваа  повеќе поткомитети за македонски човекови права од австра¬лиските држави. Македонската општина од Перт (Западна Австралија) беше организатор и домаќин. По Конфе¬ренцијата во Перт се одржа и првиот Македонски светски конгрес на  Македонската организација за човекови права во март 1990 година во Аделаида, Јужна Австралија. Нашиот поткомитет во Перт беше многу активен и, покрај другото, имаше објавено и три броја од “Македонскиот патриотски билтен”. Поради својата активност ја доби привилегијата, претседателството на  Комитетот за Македонски Човекови Права, да биде во Перт. Но, и покрај тоа, повеќе размис¬лувавме за партијата ДПМНЕ. За таа цел на Драган Богдановски и на Панко Стамкоски им го испратив следниот материјал.

Размислување околу Комитетот за Македонски Човекови Права

Кога ДООМ се расцепи, во 1984 година се создаде ЦК за Македонски Човекови Права во Солун (ЦК за МЧП). Тогаш се формираа и други ограноци на овој Комитет со цел македонските патриоти да се ослободат од парализирачкото дејствување на УДБ-а. Бидејкји ново¬формираните комитети и поткомитети за човекови права, примаа поранешни, но и нови активисти, се создадоа услови УДБ-а да навлезе и во воа движење, насочувајќи ја својата активност во спроведувањето на своите цели. Сега таа почна да ги користи некои од постарите активисти, кои беа потпаднале под влијанието на србоманите, а почна и да уфрлува нови такви активисти. Секој активист кој одеше да ја посети Републиката беше повикуван од УДБ-а на пре¬давања и убедувања за негово премину¬вање на нивна страна. Вакви притисоци се вршеа и врз свештениците, кои од Републиката беа испракќани во Америка, Канада и Австралија. Така, некои од нашите активисти го примија југословенското државјанство, било поради нивно влијание, било поради страв да не бидат и натаму малтретирани од УДБ-а.

На членовите на управите на македонските општини и клубови не им се дозволуваше да се искажат против шови¬нистичката политика на Југославија, иако почнаа да се одобруваат дејства против шовинистичката политика на Грција, Бу¬гарија и Албанија. Со тоа почна кршењето на деценискиот мраз во македонските општини и клубови, кои навестија нови хоризонти во семакедонскиот успех.

Со посериозно и поактивно приогјање кон оваа активност се создадоа услови за поцелосно согледување на македонските проблеми и поправилен пристап кон нив. Посебно ова се чувствува во последно време, благо¬даре¬ние на Михаил Горбачов, кој ја воведува демократијата во комунистичките држави. Сега, кога и кај нас, во Македонија ќе се воведе демократски и повеќепартиски систем, сите активисти во западниот свет, кои, поради објективни или субјективни причини беа приврзаници на тој систем, сега треба да преминат на наша страна и да се здружат со нас. Секој од нас може многу да придонесе во заедничкото оценување и согледување на денешната положба, кое ќе биде гаранција за успех во иднината.

Јас како активист на организацијата “Група Маке¬донски Патриоти”, а и член на МЧП од Западна Австралија  укажав на одредени аномалии во работата на новофор¬мираниот комитет, кои зборуваат за нивната приврзаност кон србоманската политика на сегашната власт во Скопје. Овие аномалии се следните:

Според изјавите на Михаил Ш. - Солунски, тој тврди дека, како претстедател на ДООМ, во 1984 година успеал со неколкумина патриоти, меѓу кои биле  Вик Димитри и Ѓорѓи Велов да формираат ЦК за МЧП во Солун и да подготват во изготвувањето на “Солунскиот Манифест”. Нивна цел била да се создаде помасовна организација за спроведување  на илинденските принципи.  Но, притоа беа направени многу пропусти. Скопските србомани во 1984 година направија удар во движењето. На новата конференција на ЦК на МЧП од Солун (чие седиште беше во Лерин) го сменија дотогашниот претседател, кој не ги прифаќал “новите ставови” (југословенските ставови), па дури му било забрането и да ја посетува СР Македонија. Џим Антон, претседателот на поткомитетот во Мелбурн ја користи врската и инфоирмациите од двата задгранични претставници на Движењето, кои и го поставија за претсе¬дател на Поткомитетот во Мелбурн и кој во соработка со Петре Наковски и под негово влиајние свикува нова конференција на ЦК за МЧП, која ја одржуваат во Охрид, Преспа и други места во СР Македонија, а не во Егејска Македонија и на која го поставуваат за нов претседател лицето Ристо, кој е шура на Петре Наковски. Тие го смениле и името на организацијата. Како службено лице на Службата за безбедност, Петре почнал да  ги креира сите документи од името на ЦК за МЧП. Овие документи сега се пишуваат на македонскиот литературен јазик, а не како порано на еден од македонските дијалекти во Егејска Македонија. Поради недоволна соработ¬ка на Коле Мангов со Крис Попов и Мајкл Радин од Австралија, Коле Мангов беше  отфрлен од делегацијата што беше испратена во Европа. Во овие собитија постоела и лична нетрпеливост помеѓу Петре Наковски, Џим Антон и Коле Мангов. Поради тоа, Коле Мангов јавно  го нападна Џим Антон и некои од Републиката за мешање во работите на ЦК за МЧП, иако и тој бил со нив за време на утврдувањето на некои од материјалите, како што се историјата на Маке¬донија, која е претставена како “славјанска”, а не како античко-македонска уште од времето пред Александар и Филип Македонски. Од другите пропусти е неспом¬нува¬њето на Ченто од времето ан Втората светска војна, а не е правилно опишана ниту улогата на Колишевски и Комунистичката партија на Југославија.

Цел на ова мешање е преку Петре Наковски и преку неговиот шура Ристо (новиот претседател на ЦК за МЧП) да се држат клучевите на движењето во полза на Репуб¬ликата, а можеби и на Југославја. Ова произлегува и од настојувањата на Џим Антон (претседател) и Стојан Србинов (секретар на Поткомитетот од Мелбурн), како и Крис Ангелков, претседател на македонската општина од Перт и член на Поткомитетот од Западна Австралија да соз¬дадат едно тело во Австралија, а како претставник на авс¬тралиските поткомитети, да биде поткомитетот од Мел¬бурн.

Последица од сето ова се некои активности кои не се сосема јасни. Така, на пример, во време кога Македон¬ците во Републиката немаат ни леб да јадат, Петар Наковски, заедно со новиот претседател на МЧП од Солун и внукот на Глигор Прличев, по име Кирил Прличев од  Пирин¬ска Македонија, се одредени да учествуваат на светскиот Макеоднски Конгрес за човекови права кој треба да се одржи во Аделаид, Јужна Австралија од 22 до 24 март 1990 година. За ова патуванје, на лицата од татковината (Р. Македонија) им се платени две илјади триста и педесет (2.350) австралиски долари, само од  Поткомитетот на Западна Австралија без согласност на сите членови. Дел од членовите сметаат дека треба да се испракјаат помали суми пари на поголем број места (како на пример, на новото движенје во пиринска Македонија, ОМО “Илинден”) и дека така кје се постигне поголем успех во омасо¬вувањето на движењето.

Се надевам дека на Светскиот Македонски Кон¬грес во Аделаид и  по него, ќе расчистиме многу работи, а и треба да се расчисти со сето ова за да не се случи пот¬комитетите да станат орудие на србоманите, односно на пројугословенските субјекти, чија цел е да им служиме само за собирање средства за нивно шетање по светот, онаму каде живее македонската емиграција. Мораме решително да се бориме против ова и да ги демаскираме таквите субјекти.

Јанко Томов
февруари, 1990
 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.