Четврток, 20 Мај 2010   
Првиот архиепископ на возобновената МПЦ во лицето на Охридската Архиепископија .г.г. Доситеј
Gospodin-Gospodin-Dositej
Целиот  свој живот го посвети  на службата на Црквата. Тој будно го следеше  решението на македонското црковно прашање и вложуваше максимални усилби за негово разрешување преку обновата на Охридската архиепископија  и создавањето на Македонската православна црква.

На  вториот црковно - народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, е избран за поглавар на МПЦ во обновената Охридска архиепископија.

Под негово раководство  е свикан Третиот црковно - народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ е прогласена за афтокефална.

Во 1958 година, во Охрид  се одржа Вториот  македонски Црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Свети-Климентовата Охридска Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј. 

Одлуката  за самостојност на МПЦ беше потврдена преку отслужувањето на заедничка архиерејска Литургија со српскиот патријарх Герман, на јули 1959 година во црквата Свети Мина во Скопје, и во исто време е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент. Со тоа Светиот Архиерејски Синод на СПЦ и даде самостојност на МПЦ, со тоа што таа и натаму останува во канонско единство со СПЦ преку нејзиниот патријарх. По неколку дена во црквата на Свети Никола во Штип е хиротонисан за владика на Злетовско-струмичката епархија г.Наум. Конституиран е Синодот на МПЦ според Уставот на МПЦ, како и другите административни органи и тела во Архиепископијата и во епархиите. 

Во  мај 1962 година во придружба  на патријархот Герман, со неколку епископи на СПЦ во посета на МПЦ пристигна  патријархот Московски Алексиј, придружуван од митрополитот Никодим, епископот Пимен и повеќе великодостоинственици на Руската православна црква. На празникот на Свети Кирил и Методиј во црквата Пресвета Богородица - Каменско во Охрид беше одржана и архиерејска Литургија на која што служел патријархот Московски Алексиј во сослужение на патријархот Српски Герман и Архиепископот Охридски и Митрополот Македонски Доситеј. Тоа беше прво сослужување на поглаварот на МПЦ со поглавари на други автокефални цркви.  

Доситеј беше поглавар на Македонската православна црква од 4 октомври 1958 до 20 мај 1981 година. По него архиепископи на МПЦ беа Ангелариј (18.08.1981 г. до 15.07.1986 г.), Гаврил (04.10.1986 г. до 09.06.1993 г.) и Михаил (21.12.1993 г. до 06.06.1999 г.).
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.