|
|
| Национално политички активности во Перт |
Јанко Томов, Перт- Западна Австралија во 1990 годинаМоето вклучување во Македонското движење официјално датира уште од 1984-1985 година, на што ќе се задржам подоцна. Сето тоа се случуваше во Перт (Западна Австралија) и при пишувањето на тие сеќаванја се користам со моите тогашни забелешки и мемоари, како и со оригинални документи и материјали што ги поседувам. Овде ќе ги опишам почетоците на моето ангажирање во формирањето на ВМРО-ДПМНЕ (Демократска Партија за Македонско Национално Единство), поточно на нејзиниот Координативен Совет за Австралија, формиран во Перт, во втората половина на 1990 година. Посебен осврт ќе направам кон активностите околу основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ за Перт (Западна Австралија). За оваа цел користев оригинални материјали од тоа време (документи, фотографии и видео-касета од архивата на овој огранок).![]() Формирањето на ВМРО-ДПМНЕ во Перт (Западна Австралија) се случи преку Основачко собрание, кое се одржа на 19.08.1990 година, од страна на група македонски патриоти, кои подоцна активно учествуваа во сите позначајни настани од македонската национална борба, што тогаш се одржуваа во Перт (Западна Австралија). Тие активности беа исклучиво од македонски национален карактер. Ретки беа македонските патриоти, кои национално и политички беа изградени и подготвени да членуваат во таква организација, каква што беше тогаш ВМРО-ДПМНЕ. Некои беа правилно национално определени, но беа склони кон идеите на пропаднатиот социјализам и комунизам. Имаше и такви, кои беа демократски орпеделени, но национално беа дезориентирани, секако под влијание на туѓите пропаганди. Пречка беше и дејствувањето на тајната југословенска полиција (која овде се уште ја викаа со нејзиното старо име- УДБА, која беше длабоко вгенздена во македонското иселеништво. Овие елементи беа вклучени во разни “македонски” (а всушност - пројугословенски) “владини и невладини организации”, преку кои ги застапуваа своите реакционерни ставови, во областа на културно-просветниот, па и верскиот живот на македонската емиграција по општините, црковните општини, клубовите и организациите. Така тие правеа многу штета на организирањето на Македонското движенје. Секој обид на создавање национална македонска група или организација беше попречувано од овие елементи. Затоа македонските национални организации дејствуваа полујавно, па дури и тајно, во будењето на македонскиот национален дух и наметнуивањето на идејата за потребата од создавање на независна македонска држава. ![]() Секое време си имаше свои карактеристики во однос на Македонското движенје. Сите организации, поаѓајки од ДООМ, НОФМ, НМРО, ТНМРО и “Обединети Македонци”, па се до организацијата за Македонски човекови права (посебно во Австралија), имаа свои лоши и добри страни, па затоа се работеше на оформување на нешто ново, понапредно, подемократско и посовремено. Но, што да биде тоа? Никој не беше голем оптимист бидејкји немаше доволно комплетно изградени патриоти, а да не зборуваме за тоа што мнозина беа испокарани помегју себе. Немаше вистински македонски водач, иако мнозина, повеќе или помалку способни, сакаа да бидат лидери. ![]() Постарите активисти постепено почнаа да ја креираат личноста на лидер, според способностите и делата на поединци. Се определивме за Драган Богдановски. Со неговото ослободување од затвор почна и нашето прегрупиранје, зближување и поконцизно организирање. Тоа го забрза процесот на формирање Координативно тело на Демократската Партија за Маке¬дон¬ско Национално Единство во дијаспората, од страна на Драган Богдановски и неговите блиски соработници. Во тој контекст, на 15.03.1990 година, напишав една статија, која им ја испратив на Драган Богдановски и на Панко Стамкоски. На Богдановски му ја испратив за да ја види нашата подготвеност, а на Стамкоски за да ја отпечати во весникот “Македонија” од Мелбурн. (Продолжува) |




























