Среда, 15 Јули 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

1.0.6

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат другари, пријатели, познаници и многу други патриоти, следбеници на илинденските идеали - создавање и очувување на независна, суверена и обединета македонска држава.  Меѓутоа, нивниот животен пат не бил лесен. Тие биле следени од тајните служби, биле затварани и нивниот живот бил исполнет со непредвидливи и непријатни ситуациии.

Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, уште еден пензионер од Зубовце, родното место на Мане, говори за нивното другарување. Јаков Јаковлески, кој патем има само исто презиме со Мане, а не се роднини, посочува дека иако постои разлика во возраста, нив ги зближиле илинденските идеали. Во тој контекст, Јаков за монографијата, посветена на живот на Мане ќе напише:

„Во педесеттите години од 20 век, за идеите на ВМРО, татко ми, Митре Јаковлески, бог да го прости, на двапати беше суден и затворските казни ги одлежа во затворот „Идризово“ во Скопје и во затворот во Битола. За причините за кои беше суден, за неговата илегална активност, со мене не сакаше да разговара. Но, од домашните дознав, дека бил суден за тајните активности што ги имал со истомислениците за македонските вмровски идеали. За деталите, нешто повеќе ќе дознаам и ќе ми стане јасно, кога во седумдесеттите години на 20 век на гости кај нас дојде Манојил Јаковлески. Дотогаш не се дружев со него, заради разликата на возраст, но и заради тоа што тој како млад замина на печалба.

Иако сме од исто село и не делат неколку куќи, имаме исто презиме, но не сме роднини, дотогаш не се дружевме. Во попладневните часови, тој топол августовски ден, седев во дворот заедно со братучедите. Дојде Манојил и ме праша, дали татко ми е дома, бидејќи со него сака да разговара. Тоа беше мојата прва средба со Манојил. Го однесов во собата, каде што се наоѓаше таткоми. На излегување, балконската врата ја оставив подотворена, бидејќи ме интересираше, на која тема ќе разговараат. Бев радознал и ги прислушкував.

Во еден момент, татко ми ме повикна и ме испрати во селската продавница, да им купам цигари (првпат да ме испрати во продавница). Претпоставував дека разговараат за значајни историски цели. Кога се вратив, сеуште беа занесени во разговорот, еден спроти друг. Влегов, им ги дадов кутиите со цигари и ги прашав, што е толку тајно што мене не ми кажуваат и ме изолираат, како да сум детенце и што кријат. - „Знам за што дискутирате, вклучете ме и мене, и јас сум за слободна, обединета и независна, македонска држава“. Тогаш татко ми му рече на Манојил: - „Јаков е голем патриот. Тајните ги чувам од него, само поради тоа што се плашам да не се поднапие и да не почне да зборува пред милиционерите, кои во ноќните часови често го посетуваат на бензиска станица, каде што работи“.

Таа, ненадејна, случајна средба и запознавање, за мене беше прва и значајна. Карактерите и определбите не споија. Оттогаш започна нашето пријателство, кое трае до денешни дни. Интензивно се дружиме, разменуваме мислења, дискутираме на многу чувствителни теми за Македонија. Манојил стекна голема доверба во мене и постојано ми се доверуваше.

Во 1976 година, во З. Берлин, организираа големата прослава за Илинден, која беше збогатена и со одржување на фудбалски турнир. Нашата екипа, ФК „Хајдук“, беше единствената поканета екипа на турнирот од Македонија, и го освои првото место. Меѓу педесетмината зубовчани, бев и јас.. Во неколкудневниот престој, имав разговори и средби со браќата Јаковлески, Гојко и Манојил, и со други Македонци од повеќе места на нашата татковина.

Далеку од мојот дом, далеку од Македонија, во ресторанот „Ново Скопје“ во З. Берлин, ја почувствував македонштината. Не ми се веруваше, дека Македонците, таму, се поголеми Македонци од нас, што живееме во Македонија. Повеќе ја знаат историјата и судбината на нашата татковина. Ние, како млади луѓе, за првпат бевме во западниот свет. Тоашто го видовме, не можевме да поверувавме дека ни се случува, бидејќи не можеше да се спореди со местото каде што живееме, дури и на пошироките балкански простори. Задоволни се вративме од еднонеделниот престој. Неколку дена потоа, речиси сите до еден, бевме повикани во Управата за државна безбедност (УДБА) на распрашување. Неколку часови, инспекторите врз мене вршеа притисок, да зборувам лошо за браќата Јаковлески, дека се одродници и да напишам изјава. Но, тоа не можев да го кажам и да го напишам, бидејќи ќе беше голема лага и против мојата совест. Во разговорот, неколку пати им повторив, дека Гојко и Мане се чесни македонски патриоти, кои многу ја сакаат и ја афирмираат Македонија.

Во годините пред осамостојувањето на Македонија, Манојил кога ќе дојдеше, се состанувавме на фудбалското игралиште на Хајдук, за да не бидеме видени и да разговараме слободно. Потоа, разговорите ги продолжувавме во куќата на Миле Милошевски. Со Манојил и Миле и со неколкумина активисти од Гостивар и од другите гостиварски села, бевме носители на активностите за подготовките и организирањето на основачкото собрание на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Гостивар, на кое бев избран за благајник.

Во речиси половина век дружење со Манојил, ми се случија многу незаборавни средби, разговори, посети на многу градови и манифестации. Во ниту еден момент Манојил, блиските другари не не’ остави во кал. Секогаш ни помагаше. Проектот за самостојна, обединета, македонска држава не спои, за идеалот живееме и продолжуваме да работиме, за подобра и посветла иднина на Македонија.“

(продолжува)

2.2.5 

Јаков и Манојил

 

На прво место

News image

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа

Коалициите на СДСМ траат само неколку часа се додека тие самите не се демантираат

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.