Среда, 16 Октомври 2019   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (26)

1 4

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (26)

На 24 март 1999 година, 19 членки на НАТО ја нападнаа тогашна Југославија. Нападот врз војската, полициските и паравоените  југословенски сили предизвика бран на бегалци од Косово. Обидот на македонските власти да воспостави коридор од македонско-косовската до албанската граница пропадна откако Албанија ги затвори границите. во Македонија. Автобусите преполни со бегалци беа вратени од граничниот премин Ќафасан во Скопје.

Со секој нов ден од Косово во Македонија влегуваа се повеќе бегалци. На почетокот на април во еден ден на Блаце имаше стотина илјади бегалци, кои македонските власти мораа да згрижат. Тоа преставуваше вистински предизвик за слабата економија на македонската држава. Меѓународната заедница иако и ветуваше помош на Македонија, многу споро реагираше.

Соочени со овие факти, македонските власти презедоа низа мерки за справување со бегалската криза. Се изградија кампови во кои беа сместени бегалците, а се вклучи и македонската дијаспора да и помогне на својата татковина, која се најде во многу незавидна позиција. Од една страна прекината трговија со северниот сосед, а од друга страна на почетокот на војната над стотина илјади бегалци.

Авторот на книгата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“ Киро Кипровски, осврнувајќи се на активностите на македонската дијаспора, поврзани за „Македонија и проблемите со бегалците“ ќе напише:

„Во организација на берлинските политички партии на ЦДУ, СПД, Партијата на Зелените и Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа, во Европската академија во Берлин, на 15 април 1999 година, беше одржана трибина: „Македонија и проблемите со бегалците“.

Пред голем број политичари, новинари и заинтересирани граѓани на германската метропола, говореа: Јордан Бошков, претседател на Комисијата за меѓународна политика во Собранието на Република Македонија; д-р Срѓан Керим, амбасадор на Република Македонија во СР Германија; угледниот професор д-р Стефан Требс, инаку добар познавач на приликите на Балканот и Манојил Мане Јаковлески, претседател на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа.

Пратеникот Јордан Бошков, ги запозна присутните со хронологијата на бегалската криза и проблемите со кои се соочува Македонија, како последица на зголемениот број бегалци од Косово, кои побараа засолниште во нашата земја. Со големи напори и ангажирања на македонските владини органи и институции, градежни фирми и меѓународната заедница, за неколку дена беше надминат хаосот на граничните премини Блаце и Јажинце, со изградбата на прифатните кампови во Стенковец, Непроштено, Радуша, Чегране и Сенокосе.

„Македонија не е во можност да опстојува со 140.000 бегалци, колку што ги има во моментов, а нивниот број постојано се зголемува. Наспроти тоа, најавуваната хуманитарна помош за бегалците и за санирање на последиците што ги трпи Република Македонија, никако да пристигне. Од тие причини Македонија се соочува со огромни социјални и економски проблеми.

Доколку најавената помош не почне редовно да пристигнува, таа ќе доживее целосен социјален и економски колапс“, потенцираше Бошков. Притоа, тој подвлече дека многу стопански организации во Македонија, поради војната во СР Југославија, не се во можност да ги набават потребните репро материјали од оваа држава, а и целокупниот извоз кон нашиот северен сосед е стопиран. Алтернативните патишта, значително ги зголемуваат трошоците на транспортот и сето тоа има негативни реперкусии врз опстојувањето на македонското стопанство.

Проценките се дека Македонија месечно трпи штета од околу 150 милиони долари. Македонија, како што истакна д-р Срѓан Керим, со својата активност околу прифаќањето на бегалците од Косово, пружањето на секаков вид помош во згрижувањето и ублажувањето на последиците од овој балкански егзодус, заслужи да биде примена во НАТО и во Европската унија. И не само тоа, во целиот период од осамостојувањето до денес, Македонија игра значајна улога и е фактор на стабилноста во регионот.

Проф. д-р Стефан Требс, кој беше и првиот шеф на мисијата на КЕБС (ОБСЕ) во нашата земја, присутните ги информираше за начинот на осамостојувањето на Република Македонија од југословенската федерација и тоа без војна. „И покрај многуте тешкотии и препреки што ги имаше во изминатите години, таа ја градеше самостојноста и сувереноста на сопствената држава. Притоа, политичките парти и на Македонија, во целиот овој период се залагаат за добри меѓуетнички односи во Републиката, посебно со најбројното малцинство, Албанците“, рече тој.

Претседателот на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа, Манојил Мане Јаковлески, истакна дека проблемот со бегалците, Македонија може да го реши единствено со активно учество на членките на Европската унија и на пошироката меѓународна заедница, со преземање на бегалците. На овој начин, Македонија ќе биде ослободена од големиот наплив на бегалци, што изнесува околу 10 отсто од вкупното нејзино население, а по развиените држави во светот, ќе можат да им пружат поквалитетно згрижување.

Претставникот на политичките партии од Берлин, истакна дека за Република Македонија е собрана хуманитарна помош од околу 300 милиони германски марки, а напоредно со тоа се лобира, германските власти повеќе да се ангажираат кај останатите членки на ЕУ, за посеопфатна помош на Македонија во надминувањето на економските проблеми.

Трибина на оваа актуелна тема, беше одржана и во македонската заедница во Берлин. На неа присуствуваа членовите на МПЦО „Свети Климент Охридски“, македонскиот клуб „Гоце Делчев“ и фудбалскиот клуб „Македонија“. Пратеникот Јордан Бошков, ги информираше присутните со последиците врз Македонија од настаната криза во регионот, од напливот на бегалците од Косово.“

Активностите на македонската дијаспора влијаеше меѓународната заедница да стане поактивна во решавање на багелската криза во Македонија. Покрај помошта, дел од бегалците беа пренесени во трети земји.

Имено, до крајот на војната која траеше 73 дена, во Македонија влегоа 390.000 бегалци од Косово, од кои околу 360.000 се задржаа на македонско тло, а останатите со авиони беа пренесени во трети земји. По завршување на војната со договорот од Куманово на 9 јуни 1999 година, најголем дел од бегалците се вратија во своите домови, а еден мал дел остана во Македонија.

Справувањето со бегалската криза во 1999 година и соработката со силите на НАТО, кои го користеа македонскиот воздушен простор за напади на авионите на алијансата врз СР Југославија и од Македонија влегоа по копнен пат на Косово, покажаа дека уште тогаш Македонија можеше да стане членка на НАТО, без промена на името и т.н.

Меѓутоа, и покрај сите остапки кои ги направи македонската држава, до ден денешен Македонија не е членка на алијансата. Сега е на пат да постане нејзина членка, но откако го смени името. Премногу големи остапки за да се стане членка на оваа алијанса.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.