Среда, 17 Април 2019   
Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

makedonija moj kopnez

Македонија, мојот копнеж – Маноил Мане Јаковлевски (1)

На 1 февруар 2019 година, во Музејот на Македонската Револуцинрна Борба – Скопје беше промовирана монографијата "Македонија, мој копнеж - Манојил Мане Јаковлески" од Киро Кипроски. Во книгата се говори за непоколебливата борба и неизвалкана љубов на Маноил кон татковината, која отсекогаш сакал да ја види како слободна, обединета, демократска и современа држава. Воведувајќи не во книгата која го опишува животот и делото на Маноил Мане Јаковлевски, авторот Кипровски во својот вовед ќе забележи:

„Кога ќе се погледне животниот пат на Манојил Мане Јаковлески, неизбежен е впечатокот дека тој и Македонија се не раздвоен дел. За Манојил таа е икона пред која се крсти  и секој ден се бори за нејзината иднина. И, ако случајно, по неговата смрт, се распара неговото срце, таму ќе ја најдете насликана Македонија, цела и единствена, со сите распарчени делови...

... Неговата љубов кон неа е чиста и неизвалкана од било какви интереси или пак кариеристички побуди, карактеристични за многумина квази Македонци, кои декларативно се борат за Македонија, а интимно во преден план ги ставаат сопствените интереси.

Кај Манојил љубовта кон поробена и поделена Македонија се јавува уште како дете, кога првпат дознал за големите страдања на Македонците, кои по диктат на силните, беа и се уште се присилени да живеат во различни држави, подложени на невидени пропаганди, терори асимилација. Но, неговата вистинска борба за Македонија започнува по пристигнувањето во Западна Германија, каде повеќе ќе се запознае со неправдите кон Македонците и неговата Македонија, која по сила на приликите морал да ја напушти.

Ресторанот „Ново Скопје“, во Западен Берлин, сопственост на неговиот брат Гојко, кај кого во почетокот ќе работи, а потоа ќе раководи со бизнисот, ќе го претворат во центар на македонството, од каде на сите страни ќе се шири идејата за обединета, слободна и демократска Македонија.Однего, како што многумина ќе го наречат неформална македонска амбасада, ќе започнуваат речиси сите активности на Македонците ширум Европа и тука ќе се раѓаат идеите како организирано пред светот да се брани новата македонска држава и нејзиното име.

Во„ Ново Скопје“ ќе се собираат сите Македонци од дијаспората, зашто браќата Јаковлески ќе станат симбол на македонската борба.

Во ресторанот ќе навраќаат и македонски претседатели и премиери и многу други видни личности, естрадни пејачи, сликари и поети кои по разни поводи престојувале во Германија. Сите ќе сакаат да го видат местото за кое многу се говoрело во Македонија, и покрај тоа што властите на Титова Југославија на своите граѓани не им го препорачувале познатиот ресторан. Напротив, тие им забранувале било какви контакти со сопствениците кои биле обележани како антијугословенски и антимакедонски елементи.

Меѓутоа, без разлика кој од какви побуди доаѓал во „Ново Скопје“, сите, без исклучок, дури и тие што работеле за УДБ-а заминувале со единствениот впечаток дека во ресторанот на браќата Јаковлески, Македонија се сака повеќе од било каде во светот, па дури повеќе и од дома.

Во „Ново Скопје“ треба да се бараат и зачетоците на формирањето на ВМРО-ДПМНЕ, зашто тука е родена идејата за создавање на ова партија, чии основачи се и браќата Гојко и Манојил Јаковлески. За цело време, од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ,па се до денес, Манојил е вклучен во активностите на партијата и се борел против сите неправди, се со цел да и помогне на Македонија. Сешто имал и можел дал за остварувањето на македонската идеја, но не секогаш бил соодветно ценет неговио тогромен труд што го вложувал.За разлика од Манојил,

кој не жалел ни труд ни средста за доброто на татковината, на политичката сцена испливувале анонимни личности, на кои партијата и Македонија им служеле како параван да остварат други цели.

Борбата на Манојил Јаковлески за слободна, обединета и демократска Македонија е повеќе-

децениска и е исполнета со многу ризици и жртви, особено во времето кога темата за нејзино

обединување била строго забранета, а луѓето што работеле на тоа завршувале во затвор.“

Со оглед дека секој збор пренесен во оваа книга- монографија за големата македонска борба на Манојил, е автентично сведоштво за тоа страшно минато време, но и за бурните и неизвесни години на осамостојувањето на младата македонска држава, во продолжение ќе бидат објавени извадоци  Како што пишува авторот, „оваа книга за Јаковлески треба да се чита како учебник, од кој помладите можат да дознаат многу нешта од поблиското македонско минато и истовремено да научат како да ја сакаат својата татковина.“

(продолжува)

 

На прво место

News image

Германски советник нотира што ги кочи реформите во Македонија

Германски советник нотира што ги кочи реформите во Македонија

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (27)

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВ...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.