Среда, 31 Март 2010   
Македонскиот идентитет во XIX век
Солун во 19 век
По укинувањето на Охридската архиепископија во 1767 година, настанале големи денационализирачки процеси кои го зафатиле македонскиот народ. Сите верски објекти кои имале и едукативен карактер, потпаднале под јурисдикција на Цариград¬ската патријаршија, раководена од Ромеи - хеленофони. Тогаш започнува елинската пропаганда, која ние по грешка ја нарекуваме грчка (византиска), учејќи ги македонските дела со елинските. За жал, единствена културно-просветна дејност во тоа време, па сè до крајот на ХIX век, постоела само по црквите и манастирите.

Ромеите - Грците секој кој зборувал словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајќи од ХI век, заменувајќи го терминот Словен со Бугарин (Petar Dragasevic „Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Tерминот Бугарин како синоним за Словен се јавува поради тоа што од 1018 г. словенските народи, според Византија: Македонците, Босанците, Србите, Црногорците итн., биле сместени заедно, во тема Воулгарија, а бидејќи Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот Бугарин го заменил зборот Словен. Османлиите ја имаат наследено византиската традиција на поимот Бугарин, па сите Словени во Османлиското царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975). Најдобар пример ќе дадам со Босанците. Во ХVI век Ерменецот Симеон Лехаци патувајќи низ Турција, азиска и европска, ја посетил и Босна. За народот во Босна рекол дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекол „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936).

Според мапата на темите во Византија (1025 г.), Македонија и Србија се во тема Бугарија. Затоа Византијците ги нарекуваат Македонците (и Србите) - Бугари, односно жители на темата Бугарија. Денешна Бугарија е тема Паристрион, а јужна Бугарија – Тракија е тема Македонија, па сите жители од географска Тракија, а тема Македонија, се наречени Македонци, а оние од Паристрион - Паристрионци.

Теофилакт Охридски, Грк, најверојатно родум од Еврип, бил архиепископ на Охридската архиепископија од 1090 г. до 1119 г. Бил познат по тоа што го напишал „Пространото житие на св. Климент“, каде објаснува дека за него Бугари се жителите на византиската тема Бугарија, т.е. тоа се географски Бугари. Византија своите поданици ги делела по географско-тематска, а не по етничка основа, па сите жители на една тема без разлика на етносот носеле исто име. Теофилакт и самиот себеси се сметал за Бугарин - жител на темата Бугарија, па во „Пространото житие на св. Климент“ запишува „Св. Климент ни го предал НАМ БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата” („Пространото житие на св. Климент“, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818 / Архивeн институт на БАН, кутия III, папка IV). Многумина од населението во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско. Бугарите за Грците биле Словените, па Теофилакт пишува во своето житие на св. Климент за „слaвенскиот или бугарскиот народ”, а јазикот во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, св. Климент бил „прв епископ на бугарски јазик” („Пространото житие на св. Климент“, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва). Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивeн институт на БАН. Ова е најголемата бугарска лага во историјата, иако ниеден средновековен Македонец, Србин или пак Тракоант (Словен) не го нарекол јазикот словенски - бугарски или пак Словените - Бугари. Но, мораме да ја разбереме позицијата на Византија и тогашните можности за именување на луѓето, по географска, а не етничка основа. Грците, на пример, се нарекувале Ромеи (Римјани), а нивниот јазик ромејски (римски) во целиот среден век, сè до крајот на ХIХ век, како оставина од Византија, Грците биле дел од источното римско царство - Романија, па по тогашниот византиски обичај луѓето да се декларираат по географската припадност, тие биле Ромеи-Византијци.

По прашањето за ромеизацијата на македонското население во ХI и ХII век, гледиштата на историчарите се поделени. Бидејќи во овој период на чело на Охридската архиепископија повеќето архиепископи биле Грци. Голубински сметал дека тие ја имале црковната власт над Словените, која била применувана за подвластување на последните под Византија. Тука се зародила идната теорија за „ромеизацијата“. Таа теорија ја застапувал Успенски. Врз база на Теофилактовата кореспонденција, Успенски дошол до заклучок дека помеѓу архиепископот и словенската паства дошло до остар конфликт, кој се зародил на народоносна основа. Во бугарската историографија по тоа прашање патот го зацртал Златарски. Според него, кон крајот на ХI век била спроведувана систематска ромеизација, кон што посебно придонел Теофилакт. Јавното непријателство кон словенскиот народ, од кое Теофилакт бил обземен, а што се гледа и во неговите писма. Златарски сметал дека е исклучително на народна основа, па неправилно го употре¬бувал и терминот „националност“. Тоа придонесло Словените, а посебно охриѓаните, да му вратат со иста мерка. Тука се и причините за Теофилактовата депримираност и разочарување, кои настапиле наскоро по неговото доаѓање во Охрид. Инаку, многу познато е дека Грците не се Римјани, ниту пак имаат некаква лингвистичка или крвна врска со Римјаните. Инаку, ова византиско именување на луѓето по географската припадност, Бугарите денеска го користат како најголем „доказ” дека Македонците се Бугари, што е најголемата бугарска лага. Во краткото житие на св. Климент, уште наречено „Охридска легенда”, за кое се смета дека е напишано од охридскиот архиепископ од ХIII век, Гркот Димитриј Хоматијан, родум од Ликија (Мала Азија), сите словенски народи ги нарекувал Бугари – Волгарои. За Словените, грчкиот автор во „Охридска легенда” пишува: „тие беа иселени во старо време од воената сила на Александар, од крајот Бруса Олимп кон Северниот Океан и Мртвото Море, а откако поминало многу време, со страшна војска го преминаа Дунав и ги зазедоа сите соседни области: Панонија и Далмација, Тракија и Илирик, а и голем дел од Македонија и Тесалија” („Охридска легенда“ - автора на житието - охридския архиепископ Димитрий Хоматиан; Ал.Милев, Гръцките жития на Климент Охридски”, 1966 г.). Во истата „Охридска легенда“, оригинално напишана во ХIII век, се вели дека папата го ракоположил Методиј за архиепископ на Моравија и Бугарија (тема Бугарија), а Климент бил ракоположен од Методиј за епископ на целиот Илирик и на „бугарскиот народ”, кој ги владеел тие краишта (Ив. Дуйчев, Краткото Климентово житие от Димитрий Хоматиан, в „Климент Охридски, сборник от статии по случай 1050 години от смъртта му” БАН, София, 1966 г., стр. 161—171).

Оттука гледаме дека сите словенски народи на Балканот, Грците ги нарекувале Бугари во средниот век, бидејќи и Србите, Хрватите, Црногорците, Босанците т.е. сите кои ги населуваат Илирик, Далмација и Панонија за Грците биле Бугари. Дека навистина поимот „Бугарин” означувал Словен, но, не и посебна народност во средниот век, доказ се и останатите документи од времето на Димитриј Хоматијан, охридски архиепископ, ракопо¬ложен на охридскиот архиепископски трон во 1216 г. Од негово време имаме зачувано записи на Македонци кои се декларирале „по род Македонци”. Тука имаме и запис од Иван Иерекар од селото Власто (денeс Велестово) „по род Македонец“ (J. Pitra, Analecta sacra et classica specilegio Solesmensi parta, t. VI Juris ecclesiastici graecorum selecta paralipomena). Parissis et Romae 1891, col. 315.

Во 1891 г., католичкиот кардинал J. Pitra објавил 155 доку¬менти од Охридската архиепископија, кога била дел од епирската држава, од времето на архиепископот - Demetrius Homatian (1216-1235), каде што Македонците се споменати преку 50 пати и се забележува дека тогашните Македонци се изјаснувале по народност како Македонци. Ангелов како бугарски историчар ја застапува теоријата дека Македонците се нарекувале така по територијата која ја населувале, но како историчар тоа негово тврдење е ступидно. Во тоа време, Охрид му припаѓал на Епирското царство и логично би било тие територијално да се наречат Епирци. Но во Епир, како што покажуваат историските извори во ХIII век, живееле Македонци и така се наречени. Порано, Охрид припаѓал на Илирик, не на Македонија, освен за време на Самоиловото царство, а подоцна потпаѓа под византиска тема Бугарија. Територијалните имиња на Македонците се Бугари, Епирјани, Илири. Во ХIХ век, во Отоманската империја поимот „Бугарин“ означувал „прост народ, селани“, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“; се градско било „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (Wilkinson 1951: str. 149). Самите Бугари велат дека поимот Бугарин немал национално значење: „Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот ,Грк‘, а граѓанската носија за него беше ,грчка‘ носија... Нашиот селанец, кога ќе речеше ,ние сме Бугари‘, мислеше ,ние сме христијани‘, т.е. православни. Рускиот цар беше за него ,бугарски цар‘ не по народност, ами по православно христијанство“.

Според најновиот „Речник на современиот елински јазик“, зборот Бугар – Воулгар на елински означува простак („Речник на современиот елински јазик“, Г. Бабиниотис, Атина, 1998 г.). Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, антимакедонски настроен, кон крајот на XIX век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „Грците ме нарекуваат Бугарин, иако сум Србин од Србија... зборот Бугарин означува Словен“ (Petar Dragasevic „Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „Грчкиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија... Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим... а Бугарин е етнографски поим... полухеленизираните македонски Словени - Чифчии, по малку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић /1865-1927/, рада „Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена”, Књижара Геце Кона, Београд, 1906 год.). Д-р Јован Цвијиќ, познат српски етногеограф и академик, српската влада го испратила во Македонија во 1905 г. и за големосрпски владини интереси напи¬шал дека Македонците се аморфна маса, без национална свест и книжевен јазик, кои имале симпатии и кон Србите и кон Бугарите, па лесно можеле да се претопат или во Срби или во Бугари. Но истиот тој Цвијиќ, подоцна сведочи дека кога бил во Македонија, Македонците имале развиено македонска национална свест па самиот се демантира и вели: „малите луѓе од народот, селаните, знаат само дека се Македонци” (Svetozar Pribicevic: „ Diktatura kralja Aleksandra”, 5. poglavlje, str.128).

И во Елада и во Тесалија имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција нико¬гаш не се населиле Бугари, ниту пак Бугари ја владееле таа тери¬торија. Во VII век таму се забележани склавините на племињата Милинги и Езерци. За време на Грчкото националноослободително востание во 1821-1829 г. се пеела една песна за преминување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“.

Крсте Петков Мисирков (Крсте П. Мисирков неколку пати во својот живот, од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од бугарската држава).

го објаснува поимот Бугарин: „Грците исто така не ги разликуваа словенските народности и сите Словени...го нарекуваа со презреното име Бугари”. Грците го употребуваа името Бугарин за да го внесат во него своето признание кон сè словенското. Со името Бугари не крстија Грците и нас Македонците. Но тоа прекрстување не е едно и единствено… („За Македонцките работи”, Предговор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“, 1903). Во едни такви услови, кога Маке¬донците учеле грчки училишта и кога сè словенско било нарекувано бугарско, за нашите предци од ХIХ век словенското значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски.

Јонче Манојлов
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.