|
|
| Походите и освојувањата на Александар Македонски |
![]() 336 г. пр.н.е. (лето). Македонски воен совет, генералите Антипатар и Параменион го прогласиле Александар за крал. Тој имал 20 години. Александар организирал поход на југ низ Тесалија и Делфиската амфиктионија, преку Теба и Атина, до Пелопонез. 335 г. пр.н.е. (пролет). Поход на Тракија, Дарданија до Дунав. Александар примил поклонство на Трибали и Келти. Се вратил низ Пајонија. Ја срушил побунетата Теба и се спогодил со Атина. 334 г. пр.н.е. (пролет). Од Амфипол со флота од 60 воени кораби го минале Хелеспонт. Со себе водел: Пешадија: 12.000 Македонски војници 7.000 Сојузници – Хелени 5.000 Платеници 5.000 Одризи, Трибали, Илири (Дарданци) 1.000 Стрелци и (пајонски) агријани Коњаници: 1.500 Македонци под команда на Филота, Парманенов син 1.500 Тесалијци под команда на Калас, Харпалов син 600 Хелени под Еригиј 900 Пајонци и Тракијци под команда на Касандар Вкупно 34.500 Војници Во Европа оставил под команда на Антипатар: Пешадија: 12.000 Македонски војници Коњаници: 11.500 Македонски војници „Бикот е со ѓердан, крајот е дојден, жртвата е при рака”. 334 г. пр.н.е. Првата победа кај реката Граник му го отворила патот кон Мала Азија. Ги освоил Милет и Халикарнас (пружиле отпор), потоа Лидија со градовите Сард, Ефес, Карија, Фригија, Ликија, Памфилија, Писидија, Голема Фригија, Пафлаго-нија, Кападокија и Киликија. 333 г. пр.н.е. Втората голема победа кај Ис, над персиската војска што ја предводел Дариј III Кодоман. Со тоа му се отворил патот кон Египет. Ги заробил најблиските на царот, мајка му, жена му и ќерка му. Дариј избегал во Месопотамија. Александар ги освоил Сирија, Феникија, Палестина. Отпор дале: феникискиот град Тир и палестинска Газа. Без борба го зазел Мемфис во Египет. Египетските свештеници од храмот во оазата Сива го прогласиле за син на Амон и наследник на фараоните. 332/331 г. пр.н.е. (зима). Александар престојувал во Египет. 331 г. пр.н.е. (на почетокот). На устието на крајниот западен ракав од делтата на Нил, Александар го основал градот Александрија. Испратил експедиција во Судан. (Пролет) Походот го продолжил од Египет преку Сирија и Месопотамија. (20 септември) Ги минал реките Еуфрат и Тигар и дошол до Арбелитида (Асирија). (10.10) Трета голема победа кај Гавгамела (Тел Гомел, околу 3,5 км с/и од Мосул). Катастрофално ја поразил војската на Дариј III. Влегол без борба во Вавилон, потоа во Суса. (ХII) Во Персепол во улогата на хеленски одмаздник го разурнува и пали царскиот дворец. 330 г. пр.н.е. (VII) Загинал Дариј III од раката на бактрискиот сатрап Бес, кој се прогласил за персиски цар под име Артаксеркс IV. (До есента) Александар ги освоил Екбатана (Медија) јужно од Каспиското Езеро, Хирканија, Партија, Арија, Дрангијана, Арахосија. (Лето) Поход источно од Хирканија, низ Арија. Потоа кон Бактра, кон Атракоана (главниот гр. На Арија). Пред него избегал арискиот намесник Сатибарзан. Александар отишол на југ во Дрангијана, источно низ Арахосија и во Паропамисада јужно од Хинду-Куш. Ги основал градовите Александрија во Арахосија (Канда-Хар) и Александрија во Кавказ. (Есен) Во Дрангијана Филота Парменионов бил обвинет за заговор против Александар; па бил осуден од Военото собрание и егзекутиран на македонски начин (Македонскиот начин со фрлање на копја). Александар веднаш испратил луѓе во Медија за да го убијат и неговиот татко-Парменион. Подоцна под исто обвинение бил ликвидиран и третиот линкести¬дски брат – Александар. Харпал останал да ја чува царската благајна, од Екбатана избегал во Вавилон. Живеел со блудницата Фитионика. Подоцна по смртта ì подигнал храм-Фитионика Афродита. 330-329 г. пр.н.е (зима). Александар контактирал јужно од пл. Хинду-куш со планинските Индијци. 392 г. пр.н.е (пролет). Александар минал преку Хинду-Куш кон Бактрија. Бес избегал пред него преку реката Окс (Аму-Дарја). Го заробил и погубил на персиски начин. Го задушил востанието на Спитамен од Согдијана. Спитамен избегал. Александар отишол кон Самарканд. 329/328 г. пр.н.е. Зимско логорување во Бактра. 328 г. пр.н.е. Безуспешни обиди да се зароби Спитамен, му помагале Масагети, Даки и Саки. Војската била поделена: еден дел со Кратер отишол во Бактрија, а друг дел со Александар во Согдијана. Склучил сојуз со Фарасман, кралот на Хорасмијанците. (Есен) Во Маракант во текот на вечерта Александар смртно го пробол со копје другарот Клит, кој му го спасил животот кај Граник. Зборовите кои Клит долго ги потиснувал биле изречени во едноумие потпомогнато со одличното туркестанско вино, па преминале во навреди, потоа било доцна. Нов неуспешен заговор од страна на пажевите. Водач – Хермолај. Каменувани. 328/327 г. пр.н.е. Зимско логорување во Наутака. Под команда на Коен, македонската војска го поразила Спитамен во Согдијана. Потоа, Масагетите го убиле Спитамен. На Александар му ја испорачале Спитаменовата отсечена глава. Со тоа било завршено покорувањето на Иран. Јонче Манојлев |
























