Сабота, 06 Март 2010   
Македонците во Библијата (III дел)

Македонците во БиблијатаНајнапред мора да се повикаме на сознанието дека поимот Грци е релативно соврмен и нов поим. Во антиката тие се нарекувале Елини (Ахајци), и живееле на територијата наречена Ахаја (јужниот дел на денешна Р. Грција). А тоа дека Македонците биле одделен народ од Елините не треба да се спори. Релевантни историчари ја елаборирале како потврда ова мисла23, но сепак заради континуитет на ова истражување би навеле неколку факти:

1. Македонците почитувале поинаков пантеон на божества од Елините24
2. Македонија имала единствен, самостоен митолошки систем25.
3. Македонците имале поинаков јазик од Елините.

Интересен е податокот на Квинт Курциј Руф26 кој во периодот на императорот Клаудије го создал делото за Александар Македонски. Тој спомнува еден настан од животот на Александар, во кој се опишува судскиот процес против еден Македонец по име Филот, обвинет 16. Кај Евреите нарекуван Закон и Пророци. Во Стариот Завет се содржани книги пишувани во Период од 1500 г. пне па се до 400 г. пне. Во С.З. се содржат книги кои ја опишуваат светата историјата за постанокот на светот и Израелскиот народ, потоа свети химни (Псалмите), мудри изреки, поезија, и пророштва запишани од пророците кои делувале во разни периоди од историјата на Израел. Некои делови на Библијата биле пишувани и на Арамејски, јазик сроден на Еврејскиот.

17. Стариот Завет на Еврејски јазик може да се набави во просториите на Библиското Друштво во Скопје.

18. Еврејското писмо се чита од десно кон лево.

19. Дека Библискиот извештај за потопот не е осамен, сведочат бројните записи и усни преданија насекаде низ светот, како на пример староасирскиот еп за Гилгамеш и др.

20. Најновите геолошки итражувања ни покажуваат дека навистина некогаш се случил потоп со светски размери. На пример, за тоа сведочат разните фосили на морски животни пронајдени во кањони и слични предели каде ни одблизу нема водени површини.

21. Според библиските научници родословната таблица од десеттата глава на 1Мојсеева ни ги дава имињата на народите кои во тоа време постоеле и му биле познати на Мојсеј. На Сим му припаѓаат Асирците, Арамејците, Фениќаните, и некои арапски племиња, на Хам му припаѓаат Етиопјаните, Египќаните и др. додека на Јафет му припаѓаат разните евероаријски, индоевропски народи. Ѓорги Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 25. Тхе Тимес, Библијски Атлас, 92-93.

22. Јафет значи бел, сјаен, убав.

23. За подлабоко проучување на оваа тема види: Наде Проева: Студии за Античките Македонци, Историја на Аргеадите и А. Шкокљев-Дончо и С.Николовски-Катин: Придонесот на Македонија во светската цивилизација.

24. Наде Проева, Историја на Аргеадите. Стр. 98-138.

25. Шкокљев-Катин, 15.

26. Цитирано дело, Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 48.49.

8 за заговор. Кога Александар го поканил да зборува на својот мајчин јазик, Филот одговорил дека подобро ќе биде ако зборува на елински за сите да го разберат, бидејќи меѓу присутните имало и Елини. Исто така Демостен, познатиот Атински говорник, во една од своите филипики (говори против ФилипИИ) Македонците ги нарекува варвари

27 кои зборуваат јазик неразбирлив за Елините. Од ова се гледа дека античкиот македонски јазик Елините не го разбирале

28. 4. Македонците биле територијално одвоени од Елините, и имале различно државно и политичко уредување

29. Елините имале градови-држави, додека Македонија, обединета од Филип ИИ била унитарна држава на сродни племиња со свој монетарен систем. Елините, откако во ВИИИв. п.н.е. го напуштиле кралското уредување, воспоставиле демократско или олигархиско уредување. За македонската држава и територија (освен делумно за рајбрежјето) Елините како колонизатори, не пројавувале особен интерес. 5. После битката кај Херонеја (338 п.н.е.) Филип ИИ ги покорил Елините

30. а како резултат на тоа во Атина се појавиле две странки: анти македонска (чиј гласноговорник бил Демостен) и про-македонска. Демостен, Елините кои соработувале со Македонците ги нарекувал предавници

31 Сепак, треба да бидеме објективни и непристрасни. Имено: 1. Елините кои биле промакедонски настроени, Филипа ИИ го дожививувале и прифатиле исто така како свој владетел (хегемон)

32, а исто и Александар ИИИ Македонски кој во своите походи повел и војска од редовите на Елините.

2. Промакедонските Елини, откако биле покорени, веројатно Македонија ја доживувале
како своја држава и при тоа Елините и Македонците се среќавале во исти кругови33, а походите на Александар како дел од една заедничка стратегија на Македонците и Елините34.
Можно е таквото мислење да преовладало и кај околните народи, особено кај Евреите, чии седумдесетмината преведувачи на септуагинтата35 ја превеле именката ........(Јаван) со зборот еленон. Тоа можеме да го разбереме ако го земеме во предвид фактот дека Евреите сите кои не биле од Еврејска националност и култура ги нарекувале Елини. Тоа отишло дотаму што дури и своите сонародници од дијаспората ги нарекувале Елини заради попримената елинска култура, што не е чудно бидејќи и самите Елини овој израз го користеле како предзнак на културолошка а не на етничка припадност.

Па затоа во умот на еврејските преведувачи на септуагинтата преовладало мислењето и ставот на тогашната еврејска мисла. Во суштина и самиот превод бил наменет за Евреите во дијаспората кои не го разбирале мајчиниот еврејски јазик.

Ако се земе предвид и сознанието за тогашниот отпор на ортодоксните Евреи (на пр.
Макабејците) кон се што било со нееврејска култура, особено елинската, тогаш ќе ни биде сосема јасно зошто во преводот бил употребен зборот еленон, наместо оргиналниот Јаван.
Оттаму и во науката неоправдано се наметнала мислата дека Македонците се Елини36, што не доведува до нашиот македонски превод на Библијата кој по грешка37 синтагмата ................(мелех)

27. Д-р. Проева укажува на “познатиот, но често намерно занемаруван факт, дека Хелените ги нарекувале
ƒбарбари• (барбарос) оние кои не зборувале Хеленски” барбарос има ономатопејско потекло: брбори, односно - зборува неразбирливо”. Н. Проева, Историја на Аргеадите, 69.

28. Бројни слични примери види Н. Проева, Историја на Аргеадите, 76-78.

29. Н. Проева, Студии за Античките Македонци, 28.

30. Зачудува тоа што во ниеден друг случај, победникот (Македонија) се проучува во состав на победените (Елините)... Н.Проева, Студии за Античките Македонци, 18.
31. исто, 31
32. Коринтска лига 338 п.н.е. елините ја признале својата зависност од Македонците Н. Проева, Историја на Аргеадите, 240-245.

33. Сепак со тоа не била разнебитена македонската национална свест, имено Плутарх пишува за еден настан во кој ја опишува реакцијата на Александар Македонски предизвикана од Елинската надменост со зборовите:
- Зарем не ви се чини дека Елините се движат меѓу нас како полубогови меѓу животни”. Цитирано во: Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 50.

34. Иако, познато е дека Александар немал многу доверба во нив, што се покажало како оправдано, бидејќи по неговата смрт 323 п.н.е. веднаш било пројавено во Атина антимакедонско расположение, а веднаш потоа и бунт.

А. Шкокљев-С.Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 183. Исто така Плутарх тврди дека Елините до крај ја чувствувале власта на Македонците како нешто и надворешно, Н.Проева, Историја на Аргеадите, 67.

35. Птоломеј ИИ Филаделф го нарачува преводот на Библијата (Стариот Завет) од еврејски на “коине” јазик, наменет за потребите на Евреите во дијапората кои не го знаеле еврејскиот мајчин јазик. Преводот бил направен од

70 Евреи, и затоа бил наречен “Септуагинта”.

36. Поимот Елинизам за прв пат е воведен од германскиот историчар Дроѕсен, 1877-78. А. Шкокљев - С. Катин. Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 81

37. Веројатно несвесно под влијание на тогашната политиката која сосема го отфрли (иако неаргументирано и сосема недокажано) континуитетот на античките Македонци до денес.

9 Јаван ја превела со царот Грчки.

Но, ќе си го поставиме и прашањето, зошто Александар е поистоветен со Јаван. Сигурно не се мисли на самиот Јаван, потомокот на Јафет. На Евреите од времето кога е пишувана книгата на пророкот Данило (околу 540г. п.н.е.) веројатно не им биле познати сите царства кои призлегле од Јаван (меѓу кои и Македонското царство), па затоа Данило ја воопштува работата сакајќи да ни каже дека тој цар ќе биде од поколенијето на Јаван.
Китим-Коренот на Македонците. После сето ова што го предочивме, можеме да се вратиме на книгата на пророкот Даниил и на родословната таблица од 1Мојсеева 10, 1-5. Дека веќе цитираното пророштвото на Данило 8 глава се однесува на Александар Македонски, односно цар од династијата на Аргеадите

38 ни сведочи и визијата за козелот кој со огромна сила го соборува овенот кој во случајот го претставува Медо Персиското царство. Познато ни е од историјата за битката кај Граник и големата победа на војската на Александар врз побројната Персиска војска со што дословно се исполнило пророштвото. А за козелот исто така познато е дека белата коза била симбол на Аргеадската династија39.

Интересен е податокот на Јосиф Флавие кој ни открива дека еврејските свештеници, кога Александар во своите освојувања се приближил до Ерусалим, му излегле во пресрет со овие пророштва, поради што градот уживал посебен статус во Македонската империја.

Освојувањата и територијалните достигнувања на Македонската војска на чело со Александар и неговите генерали, бил неповторлив настан кој историјата сериозно го
забележала, потврдувајќи го пророштвото: “...ја изоде целата (до тогаш позната, з.а.) земја, не допирајќи се до неа...”, со што на симболичен начин е претставена брзината на далекусежните освојувања на Македонската војска.

А што се однесува до родословната таблица, ние понатаму за името Јаван читаме:

“Синовите, пак, Јаванови се: Елиса, Тарсис, Китим и Доданим,” а потоа продолжува “ Од нив се разгранаа острови на народи во земјите нивни, секој според јазикот свој, според родот свој, и народот свој.”

Во една од апокрифните40 книги, 1 Макабејска 1, 1. читаме: Александар Македонски,
синот на Филипа, излезе од земјата Хетејска и го победи Дарија...” Повторно се соочуваме со погрешен превод на зборот Хетејска, каде според познавачите на еврејскиот јазик треба да стои Китимска41. Иако непознат, авторот на 1Макабејска ни открива дека Александар треба да го поистоветиме со Китим, еден од синовите на Јаван. Тука е вредно да се напомене дека името Китим некои погрешно го поистоветуваат со Крит, заради сличното име на градот Килтион кој се наоѓал на Крит. Град со име Китион (Китим) се наоѓал во Македонија во близина на градот Еге42, што не ја отфрла можноста некои доселеници од Македонија да го основале градот Килтион на Крит.

Според ова, Македонија е земјата на предокот Китим кој се населил на тие простори, од кого подоцна се разграниле сродните Македонски племиња, меѓу кои и Аргеадите и нивната царска династија.

Интересни се сугестиите на Поп-Атанасов дека Китим би требало да се чита Скитим, и со тоа името да се доведе во однос со Скитите, кои пак подоцна, според некои автори43 се поистоветуваат со Словените.

„МАКЕДОНЦИТЕ ВО БИБЛИЈАТА“
Денис Тенев
Скопје 2005
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.