Вторник, 16 Јуни 2009   
Тиквешко Востание

tikvesko-vostanieНа 19 јуни 2009 година се навршуваат точно 96 години од почнувањето на Тиквешкото востание. Ова востание претставува прв појавен облик на масовен отпор на македонскиот народ, во делот на Тиквешијата, против новиот, српски окупатор, кој го заменил неколкувековното турско ропство. Од денешен аспект, многу е важно, кога зборуваме за Тиквешкото востание од 1913 година да имаме чист историски пристап со цел да се согледаат причините за востанието, неговите стожери, нивните цели и последиците од истото по населението во тиквешкиот крај.

 

Ова затоа што порано, па дури и денес, овој настан во македонската историографија беше благо речено анатемисан, како последица на поранешното систематско и режимско квалификување на настаните од 19 – 26 јуни 1913 година како своевидна “врховистичка провокација” за бугарските национални интереси, каде најголема жртва бил македонскиот народ. Поради ваквите квалификации, македонската јавност (дури и историчарите) долго време не беше воопшто запозната подробно со ова востание.


Сепак, според спомените на самите учесници во востанието, како и според македонските историчари д-р Зоран Тодоровски, д-р Александар Апостолов, Петре Камчевски и други, ова востание има чист македонски карактер, односно тоа претставува народен отпор против политиката на новиот окупатор. Познато е дека со доаѓањето на Србите во Тиквешкиот крај, во меѓупериодот помеѓу двете Балкански војни, потполно била заменета дотогашната администрација, учителите и свештенството во овој крај со српска администрација, српски учители и свештеници. Сакајќи во целост да ја спроведат доктрината на Илија Гарашанин од 1844 година содржана во неговите “Начертанија”, веднаш новите власти пристапиле кон политиката на “србизирање” на локалното население, како и воведувањето на српскиот јазик како единствен официјален јазик. Нормално, оваа присилна политика била отфрлана од населението, по што следувале репресиите за најбунтовните, при што многумина биле затворени, тепани а неколку жени биле обесчестени од страна на српските офицери. 

Новите власти спроведиле референдум за изјаснување на националната припадност на месното население, кои требало да дадат одговор на прашањето : “Дали си Србин”. Резултатите биле поразувачки за српските власти, односно речиси и да немало некој да не се декларирал како Србин. По ова, српската полиција го убила Александар Видов, член на ВМРО, и истакнат член на општинската управа во Кавадарци. Сурово била мачена и бабата Наца Пинџурова, мајка на револуционерот Димитар Пинџуров и баба на хародниот херој Страшо Пинџур. Овие своеволни постапки, како и претходните репресии врз населението, се смета како една од причините за кревањето на востанието.  

Имено, подготовките за востанието траеле неколку месеци пред истото да избувне. Бил формиран Револуционерен штаб за раководење на востанието, во кој влегле истакнатите тиквешки војводи Мишо Шкартов, Дончо Лазаров, Коце Сеизов, Пано Измирлиев, како и Ристо Михов, Тасе Мурџев, Тодор Камчев, Димитар Пинџуров, Милан Анастасов и други. Посебно охрабрувачки за организаторите на востанието бил фактот што Околиското раководство на Кавадарци било известено дека четите на ВМРО на Васил Чакаларов, Петар Чаулев, Ѓакон Евстатиј, Ефтим Спространов, Милан Ѓурлуков се наоѓале на десниот брег на реката Вардар и се подговтвулале да се префрлат во Тиквешкиот регион, а големата чета на Христо Чернопеев била стационирана во близината на Неготино. Земајќи го предвид учеството на локалното население, потпомогнато со четите на ВМРО слободно можеме да кажеме дека овој настан има автохтон македонски карактер, и не претставува некаква провокација за туѓи интереси.

Востанието започнало на 19 јуни 1913 година. Вкупно биле вооружени околу 1000 востаници, од кои 200 биле обични граѓани кои земала пушка в раце, а останатите 800 биле комити од четите на ВМРО. Во борбите кои се воделе помеѓу организираното население потпомогнато со четите на ВМРО под водство на претходно споменатите војводи и помеѓу српската војска, биле ослободени Кавадарци, Неготино и околу 50 села во Тиквешката околија, кои се наоѓале од десната страна реката Вардар, од селото Паликура на север до Демир Капија на југ, и од Криволак на исток до Радња и Рожден на југозапад.  
Градот Кавадарци бил слободен цели седум дена, од 19 до 26 јуни, а шест дена градот бил под власта на револуционераната управа и под заштита на востаниците. На општинската зграда во Кавадарци цели седум дена се веело тиквешкото револуционерно знаме на ВМРО од Илинденскиот период. Знамето подоцна било конфискувано од српските власти и однесено во Белградскиот архив, кој за време на бомбардирањето во 1941 година бил изгорен и со тоа знамето, како значаен свидетел на востанието изгорело. 

Градот Неготино бил ослободен на 22 јуни 1913 година, од четите на Христо Чернопеев, Петар Чаулев и Панајот Каранфилов. Веднаш биле протерани српските власти и била воспоставена управа која ја преземала власта во свои раце.

Сепак, во екот на најжестоките борби и храброто опстојување на востаниците на своите борбени позиции, на четите на ВМРО им било наредено да се повлечат кон Радовиш, а на останатите во своите реони на дејствување. Со тоа, тиквешките востаници, заедно со четите на Чернопеев и на Чаулев, останале осамени против српските воени единици кои почнувале да се прегрупираат. На српската војска, на помош им доаѓаат четниците на Василие Трбиќ, Јован Бабунски и Јован Долгачот, а исто така и башибозукот на Јаја-ага. Со тоа соодносот на силите бил насразмерен во корист на српските сили. Навлегувајќи во тиквешките села, четниците и башибозуците на Јаја-ага извршиле невидени ѕверства, безмилосно пресметувајќи се со недолжното население. Немало место во кое не биле извршени мачења и ликвидации. Биле силувани многу жени, пљачкосување и запалени многу куќи и дуќани.

Соочени со невидените ѕверства и освети од страна на окупаторот, голем дел од населението почнало да се повлекува кон планинските села. Најголем дел од бегалците од Кавадарци и од соседните села се засолниле во селата на падините на Кожуф Планина, а оние од Неготино почнале да се повлекуваат кон Радовиш и Штип. Со тоа, Тиквешкото востание било крваво задушено. Многу недолжни луѓе биле убивани, мачени и затворени, а истата судбина ги снашла и бегалците по нивното враќање иако им било ветено “во името на крал Петар” од српската власт дека доколку се вратат нема да трпат никакви последици. 
За последиците од Тиквешкото востание, различните извори, како што се оние на Карнегиевата комисија, Кирил Прличев, на Блажо Видов, Ангел Петров оперираат со разни бројки на жртви, измачувани луѓе, запалени куќи и села. Со сигурност можеме да кажеме дека населението од овој крај претрпело огромни загуби. Во востанието загинале повеќе од 1000 тиквешани, од кои на над 500 лица со сигурост им знаат имињата. Само како илустрација ќе наведеме дека 150 луѓе од Кавадарци биле врзани на колје во центарот на градот и биле оставени 30 часа на пеколното сонце. Потоа, овие луѓе заедно со уште 50 други кавадарчани, кај месноста Полјаната биле стрелани од српските окупатори. Треба да се нагласи дека поголемиот дел од жртвите се од Неготино и околните села. Исто така во Тиквешијата биле изгорени повеќе од 1000 куќи и биле запалени десетина села. Овие бројки зборуваат за карактерот на дејствата преземани за справување со локалното население.

За крај, треба да се нагласи дека долгогодишниот молк и неправда кон загинатите и преживеани учесници во Тиквешкото востание заслужува секаква осуда. Сепак, радува фактот дека новата локална власт на град Кавадарци, на чело со градоначалникот Александар Панов најави изградба на споменик во Кавадарци во чест на загинатите учесници на овој прв појавен облик на организиран отпор на македонскиот народ против српските окупатори. Нивното дело и хероизам не задолжија нас, денешните Македонци во независна Македонија, со нивните подвизи и затоа ние сме обврзани да ги споменуваме и чествуваме, не со цел за создаваме нова омраза помеѓу народите на Балканот, туку напротив да не заборавиме што се случило, се со цел таквите погроми во иднина да не се случуваат.
Вечна им слава на жртвите паднати за време на Тиквешкото востание! 

 

На прво место

News image

Македонија да ја направиме повторно Горда

  Претседателот на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Мане Јаковлески на средба кај Мет...

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.