|
|
| Македонците во Библијата (II дел) |
![]() Постои еден настан запишан од Херодот11 врзан за македонските кралеви Аминта (495- 452г.п.н.е.) и неговиот син Александар I (495-452г. п.н.е.). Во тоа време Персија се уште војувала со Атина, а Македонската дипломатија одиграла многу важна улога за зачувување на македонските интереси, вешто балансирајќи помеѓу Персија и Атина. Во една прилика Персискиот двор испратил седуммина свои најугледни великодостојници на македонскиот двор. Во тоа време со Македонија вледеел Аминта . Тој им приредил гозба на Персијците, но откако се опиле, сведочи Херодот, тие му се обратиле на царот со следниве зборови: Пријателу Македонче, ние Персијците имаме обичај на свечен ручек да ги донесеме со себе своите жени и љубовници да седат со нас. Аминта одговорил: Персијци, ние таков обичај немеме, кај нас се одвоени мажите од жените, а бидејќи вие сте господари и ги барате, ќе ги добиете. Набргу,персиските гости добиле женско друштво, кон кои, очекувано, почнале да се однесуваат непристојно. Со ова не се сложил синот на Аминта, Александар, кој откако го убедил татка си да замине од гозбата, им се обратил на Персијците: Почитувани гости, овие жени ви стојат на располагање...но пуштете ги да се измијат, па ќе ви се вратат по миењето. Персијците се сложиле, Александар ги испратил жените надвор, а во исто време облекол во женска облека ист број голобради момчиња, кои во своите пазуви сокриле по еден нож. Кога ги вовел внатре преправените момчиња, им се обратил на Персијците: ...мислам дека сте кралски угостени, па ви ги нудиме уште и своите мајки и сестри, да се уверите дека ви покажуваме онакво 10. Ѓ. Поп-Атанасов, Библијата за Македонија и Македонците, 52-53. 11. Цитирано во А. Шкокљев - С.Катин, Придонесот на Македонија во светската цивилизација, 72-74. 5 почитување какво што ви прилега. Кога Персијците почнале да ги милуваат преправените момчиња, тие од своите пазуви ги извадиле ножевите и ги убиле сите до еден. Ова убиство предизвикало истражна постапка од Персискиот двор, но Александар успеал да ја прикрие целата работа со тоа што на шефот на персиската истражна комисија Бубар, му дал голема сума пари, но и неговата сестра Гигеја за жена. Овој настан временски се поклопува со настаните опишани во книгата за Естира, па оттаму се наметнува прашањето: ако Херодот ни открива дека Персијците имале обичај на своите гозби да ги земаат со себе и своите жени и љубовници, додека пак кај Македонците да бидат одвоени мажите од жените, од каде тогаш идејата царицата Астина да прави посебно од царот гозба со останатите жени, кога тоа не бил Персиски обичај? Од каде кај Астина желбата за противење на вулгарниот предлог да се покажува пред пијаните гости, кога тоа било вообичаено кај Перијците? Зарем одговорот не се крие во младата Гигеја, сестрата на Александар И, која доаѓајќи на Персискиот двор како жена на Персиецот Бубар извршила влијание врз другите жени па и на самата царица, која, согледувајќи го, за жените, понижувачкиот обичај, одлучила да направи промени на тие обичаи. Можеби царот во почетокот не се противел на овие реформи, но со време новиот обичај се повеќе доаѓал во судир со стариот обичај, и како кулминација се настаните опишани во Естира 1глава. Токму затоа биле повикани мудреците кои ги познавале поранешните времиња, да го расчистат настанатиот проблем, повикувајки се на персиските закони. Голема била храброста на оваа млада Македонка Гигеја, далеку од својот дом, да го подигне гласот против тој срамен и понижувачки обичај. Пророштвата за Александар Македонски Најпопуларната Македонска личност за кого зборува Библијата е Александар Македонски за кого е пишувано многу, како од антички, така и од современи автори. Околу него се испреплетени многу легенди, изнесувани се многу ставови по прашање на природата на неговите походи и како што вели У. Вилхем во своето дело “Александар Македонски”, неговата појава и име се уште побудуваат различни реакции. Како и да е, сите ќе се сложиме дека неговата маркантна личност го потресе светот, спојувајќи го истокот и западот, а неговиот сон од светот да создаде една држава со еден цар, се чини била идеолошка визија на еднаквост и рамноправност, со максимална толеранција на туѓата култура и религија. Александар, во Библијата е споменат во некои од пророштвата запишани во книгата на пророкот Даниил. Даниил бил Евреин, кој после разорувањето на Ерусалим во 538г. п.н.е.12, бил однесен заедно со мнозина како роб во Вавилон. Набргу неговата духовна надареност била забележана од царот. Во една прилика,13 Данило бил повикан да протолкува еден сон, кој го сонил царот Навуходоносор. Имено, царот во сонот видел еден голем лик, чија глава е од злато, рацете и градите од сребро, бедрата од бакар, нозете од железо, а стапалата биле помешани од глина и железо. Додека царот го гледал овој необичен лик, еден камен се откачил од планината и удрил во стапалата на ликот сосема распарчувајќи го, за истиот камен да прерасне во една голема планина. Царот Навуходоносор видно возбуден побарал да му биде протолкуван сонот. Даниил му одговорил дека Небесниот Бог преку овој сон сака да му ја открие на царот иднината на светот, а ликот кој го видел ги претставува царствата кои ќе владеат после него се до крајот на светот. Златната глава ја претставувала Вавилонската империја, рацете и градите од сребро - МедоПерсија, бедрата од бакар - Македонија, а нозете од железо - Римската империја. Интересно е дека 12. Ерусалим бил разорен од страна на Навуходоноср, Вавилонскиот цар. 13. Настанот е опишан во книгата на пророк Даниил 2 глава 6 Големиот лик од сонот на Навуходоносор Големиот лик од сонот на Навуходоносор токму во времето на стапалата14 се случил одронот на оној камен кој го срушил ликот. Теолозите се сложуваат дека овој камен го претставува Второто Пришествие, односно, второто Христово доаѓање, за што ќе зборуваме малку повеќе кога ќе дојдеме до Македонците во Новиот Завет. Во една друга прилика (7 глава), пророкот Данило имал видение за четири необични ѕвера: “...и четири големи ѕвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот...” Првиот ѕвер кој го забележал бил како лав со орлови крилја, вториот како мечка, а третиот како леопард (како рис - во некои други преводи) со четири крилја. Потоа следувал еден страшен и необичен ѕвер со десет рогови. И после овие ѕверови следи визија за Христовото второ доаѓање. После ова видение Даниил добива од Бога толкување, и повторно се редат светските царства идентично како кај сонот на Навуходоносор, само што во оваа прилика повеќе е ставен нагласок на последниот ѕвер (Римското царство) и настаните кои следат после него се до крајот на светот. Да напоменеме дека овде Македонското царство на Александар е претставено као леопард однодно рис со четири крилја. Да споменеме уште едно видение на пророкот Данило (8 глава). Данило повторно во видение гледа еден овен со два високи рога, кога од запад ненадејно се појавува козел, “...кој ја изоди целата земја, не допирајќи се до неа; и тој козел имаше знаменит рог меѓу своите очи.” Овој козел, вели понатаму пророштвото, “ ...се впушти врз оној овен...со силна јарост.” Понатаму читаме дека “...на овенот не му стигаа силите да устои против него”...Но на крајот од пророштвото читаме: Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни.” Данило набргу добил и толкување на пророштвото кое исто така во продолжение го запишал: “Овенот со двата рога што ги виде е мидскиот цар и персискиот.15 А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се наоѓа меѓу неговите очи, тој е нејзиниот прв цар: тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ќе се издигнат од тој народ, но не со негова сила.” Горенаведените цитати се наведени онака као што е преведено во акедонскиот превод на Библијата. Сигурно дека ваквиот текст мнозина ќе ги остави збунети, бидејќи читаат “царот на Грција”. За да ја појасниме целата работа мораме да ги консултираме оние кои го познаваат еврејскиот 14. Според некои толкувања на Библијата стапалата од глина и железо ја претставува современа Европа со остатоци (железото) од Римската империја и останатите европски народи (глината) и нивното обединување. 15. Во историјата е познато дека царството што ја покорила Вавилонската империја, всушност било составено од две царства на народи - Мидјаните и Персијанците, често нарекувано Медо-Персиско царство. 7 јазик, на кој бил пишуван Стариот Завет16. Имено, во оргиналот17 читаме: ................(мелех Јаван)..18, што значи царот Јаван. Познавачите на Библијата веднаш ќе се сетат за кого станува збор. Но за да објасниме мора да се вратиме назад во Библиската историја се до времето на потопот запишан во 1. Мојсеева од 6-9 глава. Тука се среќаваме со праведниот Ное кој добил повик и задача од Бога да создаде кораб, во кој ќе можат сите кои сакаат да се заштитат од престојниот потоп. За жал, на Божествената порака одговориле само Ное и неговото семејство, меѓу кои и неговите три сина, Сим, Хам и Јафет, секој со својата жена. Во Ноевиот кораб нашле место и животните (од секое животно по еден пар). 19 После слегнувањето на водата20, коработ застанал на планината Арарат. И сега читаме во десеттата глава: “А ова е родословот на синовите Ноеви: Сим, Хам и Јафет на кои по потопот им се изродија синови21. Синовите на Јафета22 се: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Елиса, Тувал, Месех и Тирас.” Македонците и Елините. Оваа родословна таблица на народите ни открива кој бил Јаван, спомнат во Даниловото пророштво. Но сега си го поставуваме прашањето: Зошто тогаш во нашиот превод а и во многу други преводи стои царот на Грција? Одговорот е многу едноставен, но сепак ќе мора работите да ги поставиме по ред заради постоечкиот (на сите познат) антагонизам меѓу Р. Македонија и Р. Грција. „Македонците во Библијата“ Денис Тенев Скопје 2005 (продолжува) |


























