Четврток, 04 Март 2010   
Македонците во Библијата (I дел)
Остатоци од палатата во Суса, Персиската престолнина
Преку ноќта имаше Павле видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: “Премини во Македонија и помогни ни!” Делата на апостолите 16,9. Кога пред многу години,како дете, чепкајќи по фиоките на мојот татко, пронајдов една мала Библија, Македонски превод на Новиот Завет, детски заинтересирано ја отворив и меѓу првите текстови кои ги забележав беа зборовите на Македонецот упатени кон апостол Павле: “ Премини во Македонија и помогни ни!” Во тој миг, бидејки моето познавање за Библијата беше мало, но сепак доволно да сфатам дека ова е стара книга, се прашав: Кој е овој Македонец? Немајќи на ум ниту еден мој постар предок, си го замислив дедо ми. Подоцна, кога моите сознанија за Библијата пораснаа, открив дека сум имал многу “дедовци” во Библијата и како што неодамна некој ми рече - Македонците после Евреите се еден од најспомнуваните народи во Библијата. Затоа овој текст е посветен на тие храбри и одважни луѓе кои со својата чесност и верност не задолжиле многу, не само нас Македонците, туку и сиот свет, учејќи не како да го сочуваме и кај себе и кај другите моралот, карактерот, и пред се достоинството.

За Македонија и прашањето за Македонците се пишувало многу. Ние овој пат нема да навлегуваме длабоко во корените на историјата, туку само ќе ја консултираме во моменти кога тоа е потребно. Овој текст ќе ни открие што Библијата кажува за ова прашање, и со тоа ќе го дополниме мозаикот кој полека се создава. Библијата како извор Најнапред, бидејки Библијата ќе ни биде основа за нашето истражување, мораме да одвоиме неколку реда за самата Библија1. Како граѓани на посткомунистичкото општество, сфаќањата за Библијата кај многумина се погрешни, искривени, сметајќи дека е книга полна со митови.

Ова влече корен уште од крајот на 18 и почетокот на 19 век, кога во научниот свет во Европа се појавила таканаречената висока критика. Со појавата на новите научни достигнувања и сознанија се отвориле нови можности за истражување и испитување. Сите дотогашни класици (како Херодот, Јосиф Флавие, Ксенофон и др.) биле ставени под лупа на новите научни методи. Секако, Библијата, како извор на поголемиот број сознанија за христијанска Европа, не била заобиколена2. Биле испитувани личностите, обичаите, народите и настаните кои се спомнуваат во неа, па така многу историчари ја оспориле историската веродостојност на Библијата, сметајќи дека нема доволно историско-археолошка потврда за нејзините тврдења.

1. Библија или Свето Писмо (создавана 1600 години, од 1500г пне - 100г. не.) духовно и историско наследство на Евреите и христијаните, “Цело Писмо е од Бога дадено” вели апостолот Павле (ИИпослание до Тимотеј 3, 16.) Идејата дека Библијата е од Бога дадена не значи дека Св.Писмо стигнало до човекот како готов производ. Теолозите се сложуваат дека таа има божествено-човечки карактер, односно “...светите Божји луѓе зборувале росветувани од Светиот Дух.” (2.Петрово послание 1, 21.)

2. Библиската критика имала за цел да го истражува библискиот текст според рационални научни критериуми. Посебно се издвојуваат мислители и научни работници како П.Холбацх, Е. Ренан, Д.Ф. Страусс, Б. Бауер, К. Каутски и секако К.Маркс и Ф. Енгелс. Опца Енциклопедија Загреб, кнјига 1, 519.

Сметале дека сето тоа што е содржано во неа е само мит и дека обичаите кои се спомнуваат во неа се надвор од рамките на времето во кое е опишан настанот. Така на пример, силно било оспорувано постоењето на Аврам, почитуван од повеќе од половина на човештвото3, биле оспорувани Хетитите како народ кои дотогаш биле спомнати само во Библијата и.т.н...

Авторитетот на Библијата бил сериозно разнишан. Природно, Евреите и Христијаните ова го доживеале како директен напад на нивната вера. Но какви и да биле побудите и целите на литерарните критичари, тие на почитувачите на Библијата им сториле услуга. По дефиниција: “книжевниот историчар мора да биде и критичар, токму за да биде историчар” зошто “критичарот кој би се помирил со потполно непознавање на историските односи стално би застранувал во своите проценки4. Со други зборови, вистината не се плаши од критика, а тоа набргу и се докажало.

После прашината што ја подигнала високата критика, на сцена настапила археологијата, посебно Библиската археологија5 која со своите научни методи и откритија на научниците им дала одговор на нивните прашања и критики. Откопувањата и пронајдоците во Библиските земји се ределе едни по други, а бројните експедиции се враќале со нови сознанија за древното минато. Вредно е, накратко, да споменеме некои од нив. Во 1799 г. Каменот од Розета војниците на Наполеон во Египет сосема случајно го откриваат каменот од Розета (наречен така по местото каде е пронајден). На овој камен кој датира од 196 г. п.н.е. бил испишан текст на три различни писма од страна на египетскиот фараон Птоломеј В од Македонската династија, за кого ќе стане збор во ова истражување. Едно од писмата било напишано (издлабено) на египетското хиероглифско писмо, другото на египетско дометско, а третото на Александровото “коине” писмо кое во подоцнежните векови неправедно е нерекувано грчко.

За ова писмо исто така ќе стане збор малку подоцна. Ова бил клучен пронајдок за археологијата затоа што сега лесно можело да се спореди веќе познатото “коине” писмо со дотогаш непознатите хиероглифи, и на тој начин после макотрпен и долг научен труд на генијалецот Шамполион, хиероглифите конечно биле дешифрирани. Исто така клучен момент е откривањето на тројазичниот натпис на персискиот цар Дарие И, издлабен на една висока карпа во близина на Багдад. Од овој натпис, благодарение на другите две веќе познати писма, после 22 години е дешифрирано асирското клинесто писмо. Сега, ројните записи кои до тогаш стоеле како неми сведоци пред научниот свет, одеднаш блеснале со полнина на своето сведоштво, откривајќи го древниот свет како никогаш порано. Бројните хиероглифски записи а исто така и бројните плочки испишани со клинесто писмо меѓу другото ги откриле и бројните настани, личности па дури и самите обичаи кои биле спомнати дотогаш само во Библијата. Понатаму, личноста на Аврам, за кого веќе споменавме погоре, била потполно расветлена  од археологот Л. Вооллеѕ.

Тој во периодот од 1922 до 1932 целосно го откопува градот Ур, кој Библијата го споменува како градот на Аврам од каде Бог го повикал да излезе и да ја насели Хананската замја - подоцна Израел (1 книга Мојсеева 11, 31)6. Овој град до тогаш не постоел во ниедна историографија или било кој археолошки пишан окумент, па затоа и било пребрзо заклучено дека тој не постоел а со тоа и дека Аврам бил измислен. Откритијата на Њооллеѕ 3. Повеќе од три милијарди луѓе. Две милијарди се христијани, милијарда и двеста се муслимани, а околу петнаесет милиони се Евреи. Тад Сзулц, “Абрахам – јорнеѕ оф фаитх, Натионал Геограпхиц, децембер 2001, 96. 4. Рене Велек и Остин Ворен, Теорија на Кижевноста, 68. 5. За татко на Библиската археологија се смета Њиллиам Ф. Албригхт, на почетокот без позитивни намери кон Библијата, за подоцна, одушевен од археолошките откритија, станал бранител на Библијата како веродостојна книга,  Жељко Грегор, Праповјест и Библијска археологија, 18. 6. Цитатите од Библијата се користени од Свето Писмо (Библија) во издание на Македонската Православна Црква. 3 Остатоци од градот Ур Остатоци од градот Ур покажале дека уште во 2000 г. п.н.е. градот бил напредна метропола7, токму во времето на Аврам8.

Интересен е и податокот дека е пронајдена табличка со испишано име Аврам9. Исто така, спомнатите долгооспорувани Хетити, набргу биле посведочени во близината на Богазкој - денешна Турција, со откривањето на нивната цивилизација. И така се ределе бројните археолошки артефакти како глинените плочки во Нузи, Амарна и Хамурабиевиот законик каде се запишани обичаи кои се поистоветени со оние кои се запишани во Библијата, потоа споменикот на фараонот Мернаптах на кој се спомнува името Израел”. Вредни се исто така и споменикот на Моавскиот крал Меша како и ваљакот на кралот Кир кои спомнуваат исти настани кои ги спомнува и Библијата.

Тука е секако и епохалното откритие - Кумранските ракописи, кои на Библијата целосно и го вратиле авторитетот, давајќи и епитет на книга со најстари преписи, кои споредени со нашите преводи денес, немаат изгубено ништо од своето значење. Да не заборавиме дека до денес откритијата не престанале, како на пример посмртниот ковчег на Јаков - Христовиот брат, неодамна пронајден во Ерусалим или пронајдените остатоци од египетските кочии во лабочините на Црвеното море кои се уште се предмет на испитување.


Затоа, можеме слободно да заклучиме дека за нашето истражување користиме книга со потврдена историска вредност. Секој од нас има морална слобода ако сака да ги отфрли Библиските духовни вредности и поуки, но не може да ја оспорува историската еродостојност и вредност на Библијата. А згора не сето тоа, ако ја прифатиме и нејзината духовна вредност односно Божественото потекло, сметам дека сознанијата кои ќе ги исцрпиме на ова стражување ќе имаат полна и сериозна важност.

Македонија и Библијата Историјата на Еврејскиот (Израелскиот) народ, запишан во Библијата, не била изолирана од историјата на другите народи. Па така, неминовно било, бележејки ја еврејската историја да бидат спомнувани народи кои директно или индиректно биле поврзани со историските прилики на Евреите.

Познато им е на познавачите на Библијата дека поради непослушност на Божјите уредби и закони, Евреите (во тој миг останати без Божја заштита) биле поразени во 606г. п.н.е. од Вавилонската империја, а потоа одведени во ропство. Откако Вавилон бил покорен од Персијците, за еврејскиот народ дошле помили времиња. Имено, 457г. п.н.е. персискиот цар Кир дал заповед со која на сите претходно поробени народи им било дозволено да се вратат во своите матични земји (Книгата на Ездра 1глава). Голем бил бројот на еврејските повратници кои го обновиле градот Ерусалим (книгата на Неемија 1-6 глава), храмот и Богослужбата во него (Ездра 3-5 глава). Сепак, одреден број Евреи останале насекаде по Персиската империја. Во времето на владеењето на персискиот цар Артаксеркс (486-465 пне) настанала книгата на Естира. Естира била млада Еврејка која според Божјото провидение и промисла, станала царица во Персија (Естира 2,17). Оваа книга го опишува необичниот пресврт на настаните кога Евреите неправедно биле обвинети дека прават заговор против царот. Обвинението се претворило во царска уредба со која требало сите Евреи во мперијата да се погубат. 7. Градот имал правилно поставени булевари со луксузно изградени куќи најчесто на два спрата, а во нивната внатрешност пронајдени се купатила со извонреден систем за канализација. Биле ископани и училници со сочувани лекции од аритметика и граматика. Градот имал пишани закони и добро организиран судски систем, и бил богат со архитектура, уметност, и разновидни занати. Вернер Келер, Библија је у право, 30, 31.

8. Според Библиската хронологија, раѓањето на Аврам би било 2170 пне. Грегор, 67,68.

9. Со ова не се тврди дека оваа таблица му припаѓала на Аврам, бидејќи потекнува од подоцна, но сепак, сведочат дека името било користено како вообичено во тоа време.

4. Главната личност во книгата, Остатоци од палатата во Суса,Мардохеј, чичкото на Естира, успеал Перисиската престолнина преку царицата да издејствува да се поништи указот и со тоа го спасил својот народ од неправедно погубување. Постојат, за нашето проучување, неколку интересни моменти од книгата на Естира. Аман, човекот кој го иницирал обвинението против Евреите, во нашиот превод се нарекува Вугеецот Аман Амадатов (Естира 3,1). Според Поп-Атанасов10, станува збор за погрешена транскрипција на еврејскиот етноним ........ (Агаги). Овој израз, според познавачите на еврејскиот јазик би требало да значи жител на Еге, па оттаму поблиску до оргиналот би звучел преводот Егеецот Аман Амадатов. Еге бил град во Македонија основан околу 700г. п.н.е. од Македонскиот крал Пердика И, и долго време бил престолнина на Македонската царска династија. Дека Аман бил од градот Еге, не наведува и преводот во Септуагинтата, каде еврејскиот ........

(Агаги) е преведен со македîн (Македон).

Како и да е, постои една интересна индиректна поврзаност на Македонија со настаните во Естира 1глава, каде читаме дека царот Артаксеркс приредил раскошна гозба за сите кнезови, управители и војводи од неговата империја. Но, во 9-11 стих читаме дека: “...царицата Астин исто така приреди гозба за жените во царскиот дом на царот Артаксеркс.” После повеќедневно јадење и пиење царот побарал да ја доведат царицата Астин на неговата гозба: “...за да им ја покаже нејзината убавина на народите и на кнезовите, зошто таа беше многу убава. Но царицата Астин не сакаше да дојде според царевата наредба... “

Сметам дека нема потреба да коментираме што би се случило со достоинството на царицата Астин доколку би се појавила пред оваа насобрана толпа на мажи, очигледно под влијание на алкохол. Ова предизвикало голем гнев кај царот и на совет на мудреците кои “...ги познаваа поранешните времиња...”(13 стих) одлучил да ја разреши Астин од нејзиното царско достоинство (на нејзино место подоцна дошла Естира).
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.