Недела, 07 Февруари 2010   
Партениј Зографски
Партение ЗографскиМакедонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници на македонскиот народ во XIX век, умрел на 07 фебруари 1876 год.

Партениј Зографски, чие крштелно име и презиме е Павле Тризловски, е роден во 1818 г. во Галичник, како првороден син на Доста и Василко.

Првото образование го стекнал во манастирот „Св. Јован Бигорски”, а во 1836 г. во Охрид бил ученик на Димитар Миладинов. Замонашен е во Манастирот Зограф на Света Гора, во 1842 година, при што го добива името Партениј, а по манастирот и презимето Зографски. Зографски по знаења оди и во Духовната академија во Одеса, Кипријанскиот манастир во Молдавија, киевската семинарија, а од 1846 до 1850 г. е редовен студент во Духовната академија во Москва.

Неговиот животен пат е нераскинливо врзан - со љубовта кон Бога и кон сопствениот македонски народ. Набргу по завршувањето, од страна на цариградскиот патријарх е произведен во архимандрит, за потоа да биде поставен за епископ на Полјанската епархија, како прв Македонец со такво црковно звање и чин. Хиротонијата ја извршил солунскиот митрополит Неофит во патријаршијската црква во Цариград. Прво околу што се заложил новиот владика е воведувањето на црковнословенскиот јазик во богослужбата во црквите на македонски верници, со што го намалил влијанието на грчката црква во однос на богослужбата. Ги обиколувал селата во епархијата за да внесе словенско духовно влијание, отворал народни училишта, а, тоа не можело да не предизвика реакции на кукушките чорбаџии, кои коментирале „Каков е тој владика што не практикува чибук муабет, се мачи катаден со поповите со учењето како ќе читаат четива во црквите, го нема никогаш дома затоа што е постојано во селата во епархијата каде што отвора и гради училишта” кои подоцна се жалеле до Цариградскиот патријарх за неговото дејствување.

Обвиненија

Солунскиот митрополит Неофит, во летото 1861 г., го свикал Синодот на којшто во документ – обвинение со 22 точки, бил сосема неосновано обвинет епископот Партениј, за антипатријаршиска дејност.

Меѓу другото, во 22-те наведени клевети против полјанскиот епископ Партениј, тој бил обвинет и дека:

* Насилно го вовел црковнословенскиот јазик во богослужбата, а воедно забранил да се употребува грчкиот јазик;
* Го вовел мајчиниот јазик во училиштата, наместо грчкиот јазик, а дури и ги истерал од работа оние учители кои не го употребувале македонскиот јазик;
* Го поттикнал населението да потпише барање полјанската епископија да прерасне во митрополија;
* Не го спомнувал името на својот претпоставен митрополит Неофит, како негов началник, изјавувајќи дека и самиот е митрополит;
* Не дозволувал во неговата епархија да се чита патријаршиското писмо;
* Цариградската патријаршија ја нарекол ‘голем ан’;
* Наредил да се избрише грчкото писмо од кукушката црква и да се замени со македонски јазик и друго...”

Сeпак, плашејќи се од руската дипломатија, а со намера да угоди на барањето на рускиот амбасадор Лобанов, Патријаршијата била принудена да испрати комисија во Полјанската епархија, за да го испита „случајот Партениј“. По извршената истрага тричлената патријаршиска комисија констатирала дека епископот Партениј не е виновен, туку напротив, дека совесно ја вршел својата должност. Сепак, на г. Партениј не му било допуштено веднаш да се врати во својата епархија, во која, особено во Дојран, каде што се наоѓала и неговата епископска резиденција, бил желно очекуван од своите духовни чеда. Во септември 1867 година, за да ја задоволи намерата на митрополитот Неофит за поставување на злогласниот Мелетиј за Полјански епископ и за сосем да го отстрани од неговата епархија, Светиот Синод на Цариградската Патријаршија му понудил на Партениј Зографски митрополитско место во Нишавската епархија.Но искушенијата не го одбегнале ниту на новата должност, бидејќи сесрдно се залагал за македонското прашање. При новосоздадените околности и од причини на кревкото здравје, г. Паретниј на 17 октомври 1874 година бил принуден самиот да поднесе оставка на функцијата митрополит на Нишавската епархија и да замине во Цариград.

Творештво

Автор е на многубројни дела со кои се создадени темелите на граматиката на македонскиот јазик. Пред појавата на Партениј Зографски во училиштата се предавале само грчката и старословенската граматика, а тој оди подалеку - се впушта во пишување на граматиката на Словените на балканскиот простор под Турците, во која ги систематизира разликите меѓу бугарскиот и македонскиот јазик на научна основа. Бил полиглот - знаел грчки, латински, еврејски, старохалдејски, француски, руски и бугарски јазик. Работел како учител во богословското училиште на Зографскиот манастир, професор по црковнословенски јазик во богословското училиште на островот Халки кај Цариград. Партениј бил и духовник на рускиот царски двор.

Манастирскиот комплекс во Стар Дојран денес го носи името „Свети Партениј Зографски”, со што Македонската Православна Црква непосредно почна епископот Партениј да го прифаќа за светител во Православната Црква.
 

На прво место

News image

НАТО да ја прифатат Македонија како членка на Алијансата

Македонија од аспект на придонесот што го дава во НАТО е веќе де факто членка на Алијансата. Дојде в...

Историја

News image

Историски корени на одбраната

Во ретроспективниот поглед низ периодот на поновата македонска историја, од аспект на воено-одбранбе...

Иселеници

News image

Организацијата „Обединети Македонци“ во Канада ја организираше 40. „Гоцева вечер“

Македонската заедница во Канада вчера се собра во црквата ...

Култура и туризам

News image

Втората светска војна и обновувањето на Охридската архиепископија

Познато е дека Македонија зеде активно учество во Втората светска војна, со цел да се ослободи од ф...

Фељтон

News image

Историја на Македонската Православна Црква (16)

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме ка...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.