На денешен ден 25.01.1991. - Собранието на Република Македонија усвои Декларација за независност. Првата фаза беше исцрпена на 25.01.1991 година, се усвоји Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија од страна на Собранието на СРМ, едногласно, со 120 гласа за и со целосен консензус на сите тогаш постојни 17 политички партии во државата. Меѓународно- правно опсервирано, Декларацијата беше политички израз на несомнената волја на македонскиот народ да го практикува неоспорното, неотуѓивото и непотрошливото (трајно) право на самоопределување, гарантирано со апсолутно задолжителни ius cogens норми содржани во универзални (значи на ООН) инструменти за заштита на човековите права, имено, чл. 1 од Пактот за граѓанските и за политичките права и чл.1 од Пактот за економските, за социјалните и за културните права од 1966 година. Втората фаза ја сочинуваше усвојување на Одлуката за распишување референдум за независност и за сувереност на Република Македонија, со апсолутно мнозинство гласови за. Претставниците на коалицијата на албанските партии претставени во Собранието – Партијата за демократски просперитет и Народно-демократската партија гласаа против. На референдумот одр‘ан на 08.09.1991, од вкупниот број полнолетни граѓани на РМ - 1 495 807 излегоа 1 329 891, или 75,74% од избирачкото тело. Од бројката на излезените 1 079 308, или 95,26% гласаа за, односно, 72,16% од вкупното гласачко тело. Оваа фаза беше заокру‘ена со конкретна правна одлука на Собранието на РМ со неоспорни правни консеквенции - Декларација за сувереност. |