Среда, 20 Јануари 2010   
Тајната Македонска Ослободителна Револуционерна Организација (ТМОРО)
20 јануари 1945

Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната Македонска Ослободителна Револуционерна Организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче. Целта на организацијата беше да се бори за извојување на националните права на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Грција, против силите што им се спротивставуваа на овие стремежи, да се бори за нормализирање на односите со КПГ и со другите грчки прогресивни сили. Тоа значело стремеж на Македонците во Грција за национално-ослободително и антифашистичко движење на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
Дел од одредот на Тајната Македонска Ослободителна Револуционерна Организација (ТМОРО)
Дел од одредот на Тајната Македонска Ослободителна Револуционерна Организација (ТМОРО)


ГОЛЕМОТО ДЕЛО НА ВАНГЕЛ АЈАНОВСКИ - ОЧЕ


Д-р Кирјазовски темелно го истражил животниот пат на овој наш великан и во неговата книга мошне илустративно на читателот му го доближил револуционерното и патриотско дело на Вангел Ајановски - Оче.

Животниот пат и борбата на Вангел Ајановски - Оче може да послужат како пример и патоказ како треба да се воспитуваат идните Македонски генерации.

Иако бил изложуван на големи лични опасности, апсења, прогонувања, закани, Вангел Ајановски - Оче ни во еден момент не се поколебал ниту пак се откажал од неговата револуционерна борба.

Во организација на Институтот за национална историја и Агенцијата за интелектуални услуги "Академик", во НУБ "Св. Климент Охридски" во Скопје беше постхумно промовирано монографското издание "Вангел Ајановски - Оче" од сега веќе покојниот д-р Ристо Кирјазовски.

Изданието го претстави д-р Новица Велјановски, кој меѓу другото истакна дека историските и преломните периоди отсекогаш исфрлуваат на површина личности кои изразувајќи ја желбата и стремежот на својот народ и вдахновени од нив, застануваат на чело на неговата борба и играат значајна улога во неа.


ПРИДОНЕС

Една од плејадата такви личности кој непоколебливо застана на чело на национално-ослободителната борба на Македонците од егејскиот дел на Македонија и даде голем придонес во неа е Вангел Ајановски - Оче. Со оглед на тоа што значењето и дејноста на Вангел Ајановски - Оче се однесува на целата територија на овој дел од Македонија, според расположливата документација, многубројни сеќавања и изјави на негови соборци и соработници, јасно се потврдува оцената дека улогата, местото и придонесот на Вангел Ајановски - Оче, во национално-ослободителното и антифашистичкото движење на Македонците во егејскиот дел на Македонија е големо.


ПАТРИОТ

Така, во предговорот на книгата авторот Кирјазовски ни појаснува каква личност бил Вангел Ајановски - Оче. Д-р Кирјазовски потенцира дека Оче уште од своите најрани години застанал во одбрана на националните и социјалните права на Македонскиот народ и несебично се борал за остварување на неговите желби и стремежи. Тој бил член на партијата, секретар на Општинскиот комитет на КПГ во Воденско, основач и раководител на Македонските национални организации МАО (Македонска антифашистичка организација) и ТОМО (Тајна ослободителна македонска организација), раководител на комунистичка воена организација на Македонците во Воденско.... и уште многу други функции кои придонеле во реализирање на тоа големо дело. Притоа тој се изложувал на големи лични опасности, апсења, прогонувања и закани. Но, тие не биле пречка тој заедно со уште Македонци истомисленици отворено да & се спротивстави на погрешната политика и практика на раководството на КПГ по Македонското национално прашање, барајќи таа да се напушти и да стане доследна и принципиелна во однос на Македонската национална борба. Сметајќи дека резолуцијата на Информбирото е погрешна, неоснована и штетна за комунистичкото движење и дека Сталин направил крупна грешка за борбата на грчките и Македонските демократски сили, тој и тука меѓу првите отворено го изразил своето несогласување.

Д-р Кирјазовски темелно го истражил животниот пат на овој наш великан и во неговата книга мошне илустративно на читателот му го доближил револуционерното и патриотско дело на Вангел Ајановски - Оче.

Роден (1909 – 1996) бил основач и раководител на Македонските национални организацииМАО (Македонска антифашистичка организација) и ТОМО (Тајна ослободителна Македонска организација), секретар на Окружниот комитет иНОФ за Воденско, организационен секретар на Централниот совет на НОФ на Македонците од Егејска Македонија.
 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.