Среда, 20 Јануари 2010   
Богојавление - Водици во Битола
Прославата на големиот христијански празник Богојавление -Водици во Битола има речиси една и полвековна традиција. Битолчани под ропство или на слобода секогаш го прославувале празникот Св. Јован. Под влијание на турската, српската или бугарската власт се менувало само местото на фрлање на крстот, но не и обичајот. Така, атрактивна церемонија, покрај во црковните базени, се изведувала и во реката Драгор, која своевремено за битолчани потсетувала на библискиот Јордан и на првите масовни покрстувања.

Странските патописци, историчари, но и македонски хроничари во своите записи за Битола и впечатоците од битолското секојдневје не пропуштиле да ја забележат и градската традиција за одбележување на Водици. Најстарите зачувани записи потврдуваат дека обичајот е присутен 140 години.

„Прв пат во Битола фрлање на крстот во вода и негово фаќање се случило во црквата ,Св Недела‘ во 1869 година. Овој храм бил изграден шест години пред тоа, во 1863. Таму на богослужби одело, главно, населението од битолската населба Јени Маале и од населбите Горно и Долно Оризари.

Главен организатор на овој настан бил прочуениот и многу почитуван битолчанец Димко Радев. По негова иницијатива, ден пред Богојавление се ископал вир во дворот на црквата и се наполнил со вода. Од студот водата ноќта замрзнала што за верниците било знак дека годината ќе биде бериќетна“, раскажува хроничарот на Битола, Александар Стерјевски. Сепак, не е познато дали пред тоа во Битола постоел обичајот за фрлање крст во најстарата битолска црква „Св. Димитрија“. За тоа нема пишани податоци.

Водици се слави и во 1914 година. Прв пат таа година, на Водици, кога градот бил под српска власт, осветениот крст е фрлен во реката Драгор. Големиот балкански кинематограф Милтон Манаки дури и на филмска камера забележал дел од овие настани во првите години од дваесеттиот век.
Богојавление - Водици во Битола
Првпат во 1914 година, на Водици, осветениот крст е фрлен во реката Драгор. Дел од овие настани на филмска камера ги забележал Милтон Манаки

„Изборот на поголемата битолска река каде што требало да се фрли крстот не бил случаен затоа што потсетувала на библискиот Јордан. Свечениот чин истовремено симболизирал и почеток на нов период во битолската историја и живеење“, забележува хроничарот Стерјевски.

Првпат во 1914 година, на Водици, осветениот крст е фрлен во реката Драгор. Дел од овие настани на филмска камера ги забележал Милтон Манаки Вирот тогаш се ископал кај мостот, наспроти сегашната зграда на Ректоратот на Битолскиот универзитет. Традицијата продолжила се' до 1941 година. Според записите, во овие години, по службата во црквата „Св. Димитрија“, видни граѓани на Битола со музика доаѓале до мостот. Во воено време, наместо на старото место од течението на Драгор, крстот се фрла од мостот подолу, спроти сегашната општинска зграда.

Она што Битола ја издвојува од другите градови е традицијата по крстот да се фрлаат младоженци. Според записите од Кузман Шапкарев, тоа понекогаш завршувало фатално за младоженците кои не можеле да ги издржат ниските температури и јануарскиот студ.

Непосредно по ослободувањето, церемонијата со фрлање крст во Драгор била забранета, со исклучок на црковните базени во „Св. Димитрија“ и „Св. Богородица“. Последните децении традицијата на фрлање крст во Драгор се напушта од црквата. Преспанско-пелагониската епархија забележува дека овој настан прераснува во спектакл, а дел од верниците забораваат на суштината.

„Причината е едноставна. Богојавление не значи само фрлање на крстот. Празникот е поврзан со молитва и со служба во храмовите. Церемонијата во реката Драгор како да го губеше православниот карактер“, истакнува отец Оливер Ивановски, архијерејски намесник на Битола. Прославата на Водици во Битола носи и други обичаи. Од 1869 битолчани за прославата ја збогатуваат со кум кој се избирал со крст. Во погача се ставало помало сребрено крвче и лебот се делел на присутните. Тој што ќе го најдел крстот станувал кум за следната прослава. Се верува дека за тие верници годината што доаѓа ќе биде среќна и бериќетна.
 

На прво место

News image

Јас се ќе прифатам спасувајте ме на избори

Неодговорен пристап на Заев кон идентитетот и историјата

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.