Среда, 23 Декември 2009   
Германски погледи на Балканот по Првата светска војна


Нема мир на Балканот кој би бил на штета на Македонците

Неправедно е да се воспостават добри односи меѓу балканскиоте држави врз ропството на Македонците, сметала Германија.

М-р Митко Јованов, Германија
автор на книгата “Македонија во политиката на Германија
1919-1933г.“

germanski-poglediПо Првата светска војна Балканот повторно станува регион кој се заканува повторно да ја втурне Европа во војна. Заканата од војна е во повторната поделба на Македонија и македонскиот народ со решенијата донесени на Париската мировна конференција, на која беа определени новите граници во Европа и Балканот. По завршувањето на Првата светска војна Германија ревносно ги следи активностите на ВМРО. Интересот на владата во Берлин за активностите на ВМРО се главно од две причини.  Прво, поради тоа што ВМРО е една од најголемите ревизионистички сили која се бори против Версајскиот систем и  второ, поради улогата на ВМРО во текот на Првата светска војна, поточно улогата што ја одигра  за вовлекување на Бугарија во Првата светска војна на страна на Централните сили. ВМРО останува верен сојузник на Германија се до крајот на војната.

Македонците ќе се борат и против Бугарија за својата татковина

Во бројните анализи правени во службата за надворешни работи во Берлин во текот на  дваесетите години од минатиот век посветени на Балканот и за причините за повторното интензивирање на Македонскиот проблем, меѓу другото стои:
„Активниостите на ВМРО се потикнати од теророт што го спроведува српската власт во Вардарска Македонија. За македонската организација  слободата на цела Македонија претставува светост, бидејќи Македонците за тој идеал се бореа заедно со Бугарија во Првата светска војна, а потоа борбата ја продолжуваат сами. Македонците се спремни да се борат и против Бугарија за постигнување на целта-ослободување на цела Македонија”.

Според Германија ривалството помеѓу Бугарија и Србија, не е единствен проблем на Балканот по Првата светска војна, но е најголеми, кој може да го дестабилизира регионот со предизвикување на војна помеѓу балканските држави, која би била со несогледливи последици за мирот во Европа.. Германските дипломати во балканските држави често истакнувале дека наместо блискоста во потеклото и јазикот што постојат помеѓу народите на Балканот, да бидат основа за воспоставување на сојузништво, тие особености преставуваат фактор на раздор и пречка за соработка и мируљубиви односи. Според нив, погрешно е ако причината за непријателските односи помеѓу балканските држави, се бара во активностите на Македонците, бидејќи недозволиво и неправедно е да воспостават  добри односи балканскиоте држави врз ропството на Македонците. Поробеноста на Македонците од српскиот режим е причината за дејствувањето на Македонците во Вардарска Македонија. ВМРО својата борба против срспската власт ја организира од Пиринскиот дел од Македонија кој е во рамките на Бугарија.

”За борбата што ја води против српските власти во Вардарска Македонија, ВМРО ужива огромни симпатии во бугарската јавност. Токму поради тоа, на ниту една бугарска Влада не и успева да преземе ефективни мерки против Македонската организација и покрај нејзините ветувања пред Англија и Франција, за неутрализирање на револуционерната организација на Македонците. ВМРО има силно влијание и врз државните институции. Притоа скоро е невозможно да им се суди на високи членови на организацијата, бидејќи судиите се под силен притисок и закани за убиство од  ВМРО. Затоа голем број судии си поднесуваат оставки наместо да водат судски процеси против Македонци-активисти на ВМРО. Поради истите причини, оставка си поднесе и еден министер кој делувал против интересите на ВМРО”, се вели во  еден од извештаите посветен на влијанието на ВМРО во Бугарија подготвен за министерот за надворешни работи на Германија од 1926 година.
Србите се лажат дека ќе ги уништат Македонците

Германските дипломати потикнувале иницијативи во политичките кругови во Софија, решението за Македонија да се бара во рамките на Дрштвото на народите. Се сметало дека тоа е патот за изнаоѓање на објективно решение за Македонија, но за тоа потребно било да покаже воља Владата во Белград. Според проценките на дипломатското преставништво на Германија во Белград, Србите не покажувале никакво расположение да се интернационализира македонското праање. Во еден од извештаите на тамошниот германскиот дипломатски претстваник, се вели:
”Србите сметаат дека потребно е да издржат десетина години во потиснување на македонското население за да се уништи македонството. Колку владата во Белград има волја се праведно решавање на македонскиот проблем пример е одбивањето на помошта што била понудена од странство откако Вардарска Македонија била погодена од силен земјотрес и предизвикал огромни штети. Мотивот да не се дозволи странска помош е стравот да не се открие теророт што го врши српскиот режим врз Македонците”.

Германија сметала дека не може да има стабилен мир меѓу Србија и Бугарија, со тоа и на Балканот и пошироко, без да се изнајде реално одржливо решение за Македонија. Бидејќи секој пат кога ќе се укаже можност за приближување и подобрување на односите помеѓу Бугарија и Србија, тогаш ВМРО презема воени активности во Вардарска Македонија која е под српска власт, и на тој начин го оневозожува воспоставување на добрите односи меѓу државите, а кои се спротивни на интересите на Македонците.
Политичарите во Берлин биле убедени дека реално ниедна бугарска влада неможе да преземе ефективни дејствија за да ги неутрализира активностите на ВМРО. Причината е во тоа што Македонците немаат обзир за интересите на Бугарија. Како доказ за тоа се пренесува изјавата на еден од водачите на ВМРО дадена на еден новинар, во кој тој вели "Отткако не успеаа сите обиди во Женева за подобрување на правата на Македонците во Вардарска Македонија, ние во нашето дејствување се водиме само од една мисла а тоа е да не дозволиме занемарување на македонското прашање. Во таа цел нема да не запре ниту еден договор помеѓу Бугарија и Југославија што би бил постигнат".

Македонците се духовни старатели на Бугарите

По завршувањето на Првата светска војна за Бугарија, македонскиота проблем е најголем. во надворешната политика бидејќи тој е тесно врзан со внатрешните политички прилики и поради тоа македонското прашање предизвикува силни внатрешни политички поместувања и бранувања.
”Причината за политичка сила што ја поседува македонското прашање во бугарското опшество, е поради фактот што Македонецот во споредба со Бугаринот, е интелектуално на повиско ниво и се издигнува над него. Ваквите внатрешни прилики може да се окаректеризираат како врховно старателство на Македонците врз Бугарите, кои се духовно и политички послаби од Македонците. Показател за таквата ситуација е и фактот што на чело на Владата стои Македонец.(се мисли на Андреј Љапчев). Во голем дел од дипломатските позиции во државата, на чело стојат Македонци. Тие истотака заземаат и многу важни и моќни позиции во внатрешното управување на државата. Политичките позиции на Македонците се толку силни при креирањето и  водењето на надворешната политика, што тие се моќни во секое време да се спротистават на решавање на македонското прашање кое не е според нивната волја.” Ова е дел од една од опсежните анализи правени во министерството за надворешни работи на Германија во текот на 1926 година, посветена за моќта на Македонците во бугарското општество.

Поради таквата внатрешна состојба во бугарската држава, Германија смета дека не може да се воспостават пријателски односи меѓу Бугарија и Србија. Токму во таквата состојба во бугарското опшество треба да се бара и причините за трагичното завршување на политичката кариера и живот на премиерот Александар Стамболиски и покрај тоа што имал институционално најголема политичка моќ во државата по завршувањето на Првата светска војна. Според официјален Берлин,  секое идно решение кое е во насока и води кон подобрување на односите меѓу овие две балкански држави, а притоа е на сметка на интересите на Македонците, ќе предизвика големи внатрешни политички конфликти во Бугарија.
 

На прво место

News image

Мицкоски: На 15 јули сите заедно, единствени да им покажеме како се сака Македонија, и да ставиме крај на криминалот и р

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Делчево рече дека на 15 јули одлучуваме во какв...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Иселеници

News image

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

МАКЕДОНИЈА ЗАЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГ...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.