|
|
| Македонската заедница во Викторија го прослави Националниот ден на Австралија |
|
Јане Мавчев 26-ти јануари – Националниот ден на Австралија прославен и од македонската заедница во Викторија. И оваа година во Мелбурн, Викторија, на 26-ти јануари се прослави Националниот ден на Австралија, каде зедоа учество сите заедници од ова мултикултурно општество, вклучувајќи ја и македонската. При претставувањето на нашата култура и традиција, свој придонес даде Советот на македонската заедница од Викторија, претставници од играорните групи „Александар Македонски III“ „Танец“, фолклорната група „Весели Ресенчани“, како и неговото Високопреосвештенство г-дин Петар, митрополит Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски со дел од свештенството од Мелбурн.
Парадата започна со поздрав од премиерот Тед Бејли и градоначалникот Роберт Дојл, а потоа сите седумдесет и седум групи продефилираа во своите национални носии и со свои музички изведби.
|





























