|
|
| Македонски лингвисти во служба на Заткарапатниот словенизам? |
|
Историска заблуда или недореченост на лингвист, индоевропист и македонист или на тенденциозност на новинар-уредник на про-словенски, про-комунистички Македонски медиум?! Д-р Илија Чашуле, професор на Меквори универзитет од Сиднеј, Австралија, минатата недела, имал воведно предавање на тема: “Македонскиот како словенски и Балкански јазик”. Предавањето се одржало во Скопје, Република Македонија, во организација на Институтот за Македонски јазик “Крсте Мисирков”. Д-р Илија Чашуле е лингвист, индоевропист и македонист, кој подолго живее во Сиднеј, Австралија. Не навлегувам во терминолошките изрази итермини на лингвистиката, бидејќи мојата стручна професија е од друга област. Моето извесно познавање на вистинската македонска историја, која ја опфаќа и македонската лингвистика, забележав дека новинарот или уредникот на дневниот медиумод УВ (Т.И.)од републиката, која го публикува тој напис-известување, за предавањето на д-р Илија Чашуле, не се поклопува со Македонската историја. Спротивно на горното, насловот на тој напис, во УВ:”Македонскиот јазик е плод на контакт со други јазици”, е навредливиги дезинформира македонските читатели, особено тие кои се под извесни влијанија од про-комунистичките и социјалистички опозициони политички партии, кои се подложени на перење на нивните мозоци, користејќи дел од тој Македонски медиум. Најмногу навредуваат цитатите земени од излагањето на д-р Чашуле во таа статија на УВ, во која, се споменува, дека иљадници зборови, наводно, се присвоени од Турскиот и грчкиот јазик, при составување на македонскиот јазик! Тоа го велам, бидејќи општо е познато дека тие про-комунистички и социјалистички медиуми ја застапуваат и прокламираат погрешната Заткарпатна словенска теза, од 5-6 век, после Христос, наводното со доаѓање на словенските племиња во Македонија и создавањена своја Македонска држава и националност. Според мене, ваквиот наслов, го толкувам како: Македонските земјоделски производи,се плод на контактите со земјоделските производина другите народи! Според тоа, се поставува прашање: зошто да немаме ние македонците, свои специфични производи, кога имаме долини и обработлива плодна и сончева земја, со многу реки и езера,која ги раѓа сите потребни зеленчуци и овоштија, кои се карактеристични за македонската кујна!? Без разлика дали темата на предавачот е сфатена, од тој кој ја публикува, очигледно, насловот е иридентистички-навредлив. Зошто е навредлив? Со тоа се подразбира, дека наводно другите јазици влијаеле за да се создаде македонскиот јазик!? Тоа преставува извртување на македонската вистинска историја, која е полна со факти од антички историчари, од археолшки артифакти, посебно од најново време, што ни кажува дека македонскиот говорен и писмен јазик, од древни времиња,постоел, а е основаи за сите Балкански и Европски јазици, сметајќи го грчкиот и бугарскиот јазик. Како што спомнав, статијата, иако е куса по содржина има стручни и терминолошки изрази, кои се поврзани со лингвистиката. За да нема забуна меѓу македонските читатели, кои не ги разбираат доволно стручните терминолошки изрази, искажани на тоа предавање за Македонскиот јазик, кој е дел од Индоевропскиот, кој е терминолошки систематски вметнат во лингвистиката, како од словенска група на јазици, ќе го замолам д-р Илија Чашуле или некој друг негов колега, ако тој не може или не сака да разјасни, што суштински изнел во своето воведно предавање на горната тема на трибината воИнститутот за Македонски јазик. Постојат и други Македонски професори во катедрите за историја, во отсеците за лингвистика, во западните држави, каде предаваат за индоевропските јазици, во кои спаѓа групата словенски јазици, како што е професорот Одисеј Белчевски од Канада. Македонските лингвисти, научници и стручни историчари се едногласни во своите најнови авторски дела и историски откритија, дека Македонците имале повеќе свои говорнидијалекти и наречја, како и своја древна писменост. Таа древна писменост, споредувајќи ја со денешната Македонска писменост е многу слична. Како основа за македонската писменост, се земаат податоци од македонските древни и антички племиња во Македонија и Балканот, како што биле Пелазги, Венети, Палести или Пелести и други прото-словенски-македеонски племиња. Најмногу книги и историски фактиво врска со македонскиот јазик, можат да се најдат кај денешните современи научници и автори на историски дела, како што е Александар Донски од Република Македонија и други, а во македонската дијаспора, некои историски дела на Ристо Стефов од Канада и Јанко Томов од Австралија. Постојат и странски автори, на историски дела, кои користејќи ги записите на старите антички историчари,коректно ја презентираат македонската историја, во која се третира и древиот говорен и писмен Македонски јазик. Едни од нив се Џон Шеа (Shea John) и Д-р Еугене Борза (Eugene Borza) од Америка. Голем успех од интернационален карактер, имаат постигнато македонските научници, господата Томе Бошевски и Аристотел Тентов, дешифрирајќи стотици античко-македонски зборови, кои се исти или слични со современите Македонски зборови, напишани на средниот слој на таканаречениот Камен од Розета. На оној дел, кој е наречен Демонско писмо, всушност е писмото на старите-древни Македонци, во кое пишува дека се македонски господари на светот. Всушност, тие три написи на Каменот од Розета, како први се Египетските хероглифи, потоа Демонското-Македонско писмо и трето,писмото на Македонската империја на Александар Македонски, наречена Коине или коине глоса, кое Коине е составено од повеќе од 27 тогашни древни јазици и преставува еден вид Есперанто. Пред научниците Бошевски и Тентов, прв Македонец од Република Македонија, господинот Васил Иљов, открива штичка со цртички, кои имаат сличности со Демонското писмо на Каменот од Розета, кои дел од цртичките ги дешифрира, добивајќи современи Македонски зборови. Научникот Иљов, ја нарекува оваа дрвена штичка “Руеница”, според сопственоста и на нејзиниот автор Руен од Македонија. Прашања за д-р Илија Чашуле: - Зошто Вие д-р Илија Чашуле, како признат стручњак–лингвист, од Меквари универзитетот, Сиднеј, Австралија, не се придруживте, на групата интелектуалци од Република Македонија, минатата 2011 година, кога протестираа со испраќање писма до Еврокомесарот на ЕУ,жалејќи се за изоставената придавка “Македонски”, во извештајот за добивање на право за отпочнување на преговорите за влаез во ЕУ? Исто така зошто не се приклучивте на единствените писма до ЕУ со слични содржини пратени од Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) од Вашингтон, САД или од МКП Здружение “Григор Прличев” од Сиднеј, Австралија? - Дали македонскиот јазик е СЛОВЕНСКИ или пак е база на сите Источно-европски, Балкански, голем дел од азијски и блискоисточни јазици, наречен од стари времиња С Л О В Е Н С К И? - Зошто Д-р Илија Чашуле, не соработувате со Македонските научници Трентов и Бошевски? Ве молам д-р Илија Чашуле, кој Ве познавам од Втората Конференција на Македонските општини на Австралија, а воедно и на Првата Конференција на Поткомитетите за Македонски Човекови Права, одржани во Перт Западна Австралија во 1989 година, да ми разјасните со еден народен-разбирлив јазик-напис, за поголемиот дел на македонските читатели со кои сум во постојан контакт за суштината на Вашето уводно предавање во институтот”Крсте Мисирков” во Република Македонија. |


























