|
|
Признанија за Јолевски и Коловски од македонска радио програма од Детроит
Македонскиот амбасадор во САД Зоран Јолевски и Методија Коловски претседателот на Обединетата македонска дијаспора-организација на иселениците со седиште во Вашингтон добија признанија Личност на годината за 2011 од македонската радио програма „Оро македонско“ од Детроит.
На Јолевски признанието му се доделува за успешни преговори за името на Република Македонија, а на Коловски за посебни заложби во афирмацијата на Република Македонија кај американските институции.
Ова е прво признание од ваков вид што радиото ”Оро Македонско” го воведува по повод 40-годишнината од неговото постоење во главниот град на сојузната американска држава Мичиген. |